Заев: Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Закон за СЈО, нека покажат дека не го опструираат законското решение

„Повеќе од јасно е дека Христијан Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавното обвинителство и затоа ги повикувам да ме демантираат", изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговори на новинарски прашања.

Претседателот Заев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ можеле да поднесат конкретни предлози за Законот и пред две години и пред шест месеци но не го сториле тоа, но денеска сме во последната фаза, на неколку денови пред распуштање на парламентот и денеска Владата требаше да го усвои предлог Законот кој потоа би влегол во собраниска процедура.

„Во време кога на сите ние јасно дека Законот можеме да го донесеме сега или да чекаме да го донесеме по изборите без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, би било сулудо да не го донесеме сега. Со тоа ќе дадеме дополнителен аргумент на ЕУ. Дури сега да се формира работна група која би работела на законско решение, тогаш кога би бил предложено законското решение? Во октомври годинава или напролет наредна година? Треба сериозно да ја сфатиме работата, затоа што се работи за нашата држава, се работи за стратешка цел – почеток на преговорите со ЕУ. И навистина, сакам Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ме демантираат, дека не се против законот, дека не сакаат намерно да го опструираат законското решение, а тоа ќе го направат ако дадат конкретни предлози", посочи претседателот Заев.

Заев посочи дека пролонгирањето на распуштањето на Собранието, не значи и одлагање на изборите.

„Не гледам никаква причина за одлагање на изборите, тие се фиксирани на 12 април, но истовремено можеме да го искористиме тој меѓу период од 45 до 60 дена за распуштање на Парламентот. Изборите пак можат да бидат распишани на 60 дена, но распуштањето на Собранието може да се помести за ден, два, три за да се донесе ова законско решение, секако запазувајќи ги законските рокови на ДИК, но тие се врзани со распишувањето на изборите, а не со распуштањето на Собранието. Сепак постојат законски решенија кои се многу значајни како Законот за јавно обвинителство. Законот за одбрана и протоколот за НАТО кои треба да се донесат пред распуштање на Собранието, но ако треба неколку денови плус тоа да биде овозможено. Нема да дозволам пратеничката група која има мнозинство во Собранието да гласа за негово распуштање, без притоа да гласа за Законот за јавно обвинителство. Законот може биде гласан со консензус, може да биде гласан со двотретинско мнозинство а може да биде гласан и со помалку од потребното мнозинство и да не помине, но наша должност е да го ставиме на гласање, да испратиме сериозна порака до ЕУ дека правиме се за да ги продолжиме реформите", заклучи претседателот Заев.

Зоран Заев, претседател на СДСМ

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека тоа е редок судир меѓу Палестинците.

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на палестинските власти, изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле под оган и возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој починал од раните во болница.

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур-Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал Фул е нивни член. Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот член како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел. Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. /МИА

притисни ентер