Заев и Николовски примија инспектори од Државниот пазарен инспекторат

Со распоредување на вработени според програмата за правична застапеност решаваме децениски проблем и очекуваме соработка од сите институции, граѓаните заслужуваат правен поредок каде се почитуваат законите.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, денеска ги примија инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Цветко Ристески, Џелал Максути и Александра Котели.

На средбата, претставниците на ДПИ изразија задоволство од подобрувањето на условите во кои работат оперативците во Државниот пазарен инспекторат, од 2017 година, за што како што беше речено ја имаат поддршката од Владата и го запознаа премиерот Заев со структурата на вработените и материјално-техничките услови во кои работи Инспекторатот.

„Од граѓаните добивме мандат од 2017 година, а потоа и уште една доверба на изборите во 2020 година, за да создадеме подобар правен систем, во кој ќе се почитуваат правата и обврските на сите граѓани. Се обврзавме да го јакнеме капацитетот на институциите и преземавме обврска да го решиме децениското прашање за распоредување на административни службеници преку К-5 програмата", рече премиерот Заев додавајќи дека ја разбира солидарната поддршка на колегите кон директорот на ДПИ Стојко Пауновски и нивната петиција против негово разрешување.

Премиерот Заев нагласи дека тој е секогаш отворен за комуникација и сите отворени прашања се решаваат преку меѓусебни разговори и донесување институционални и законски решенија, подвлекувајќи дека е недозволиво проблемите, доколку постојат, да се решаваат преку медиумите.

Премиерот Заев и вицепремиерот Николовски ги уверија присутните дека за нивните образложенија ќе бидат информирани министрите на денешната Владина седница, а за натамошните одлуки на Владата ќе биде информирана јавноста.

На средбата, премиерот Заев и вицепремиерот Николовски посебно ја истакнаа важноста и оправданоста од спроведувањето на Владината одлука за распоредување вработени според програмата за правична застапеност, како и обврската на раководните лица во институциите да обезбедат усогласување на актите за систематизација на работните места согласно Законот за преземање на административни службеници во рок од 30 дена од усвојувањето на Планот за преземање што беше прифатен од 237 институции.

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Привремениот либански премиер Наџиб Макати прогласи тридневна жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговите сопатници.

- Во периодот на жалост знамињата ќе бидат на половина копје на сите јавни администрации, институции и општини, објави агенцијата ННА.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се урна вчера во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај нив загинаа уште седум лица. ј

Седумнаесетгодишник гласал осумпати за Моди на изборите во Индија

Индиската полиција денеска уапси 17-годишник кој гласал осумпати за владејачката партија на премиерот Нарендра Моди, додека опозициските партии негодуваа поради наводна измама на гласачите на тековните национални избори.

Изборната комисија на Индија ги суспендираше претставниците на избирачките места и нареди ново гласање на избирачкото место откако видеото на малолетникот на кое тој гласа за хинду националистичката партија Бхаратија Џаната (БЈП) стана вирално.

„Ова е второ гласање“, вели момчето, насмевнувајќи се кон камерата на неговиот телефон откако го притисна копчето за електронска гласачка машина за кандидатот на БЈП во Утар Прадеш, најнаселената држава во Индија.

„Сега погледнете! Ова е мој трет глас... сега гласав веќе петпати, сега одам по шести пат“, додава тој по секое притискање, пред конечно да престане по осмиот пат.

Според законите на Индија, гласач може да биде лице со наполнети 18 години.

„Го приведовме малолетникот и тој го потврди за она што беше видливо за сите на виралното видео“, изјави заменик-началникот на полицијата Дананџај Синг Кушваха.

„Ни кажа дека гласал осумпати и притоа се снимал“, додаде тој.

За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури

Реваншот, кој е предвиден во договорот за борбата меѓу апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик (22-0) и поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1), треба да се одржи на 12 октомври.

Реваншот, кој е предвиден во договорот за борбата меѓу апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик (22-0) и поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1), треба да се одржи на 12 октомври - пет месеци од датум првата борба.

Ова го објави инсајдерот Мајкл Бенсон на социјалната мрежа Х.

Усик викендот во Кингд Арената во Ријад, Саудиска Арабија го победи Тајсон Фјури (34-1) и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија, освојувајќи шест појаси: четири мајор (ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО) и два помали (ИБО и Ринг).

Така, Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година, а воедно и првиот во ерата на четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше неприкосновен светски шампион во тешка категорија.

притисни ентер