Забележала огромна модринка на телото кај своето дете - Канал 5

Забележала огромна модринка на телото кај своето дете

Таа не била свесна за опасноста во која се наоѓа детето

 Забележала огромна модринка на телото кај своето дете

Кристин Донован на почетокот сметала дека нема причина за грижа, но не било така.

Петгодишната Кејлин Донован си играла во дворот, кога одеднаш почувствувала нешто необично на својата кожа. Бидејќи тогаш била многу малечка, не можела да сфати за што станува збор. Поминала цела недела од тој необичен момент и дури тогаш нејзините родители забележале нешто во пределот на коленото, поточно над него.

Џош и Кристин Донован, нејзините родители, немале намера да одат на лекар сè додека модринката не почнала да расте. И тогаш Кајлин добила треска. Дури после 7 дена ја однеле на лекар. Специјалисти од Мендон брзо дијагностицирале дека модринката настанала како последица од каснување на пајак и ја испратиле во ургентен центар за да прими силни дози на антибиотици. Кога лекот не ѝ помогнал на Кејлин, нејзините родители ја однеле кај специјалист за инфективни болести.

Таму откриле дека Кејлин била касната од црна вдовица, најотровниот пајак во Северна Америка. Тоа ги шокирало! Родителите не реагирале навреме зашто не верувале дека нивното девојче е во опасност. Сепак, малото девојче имало голема среќа.

Набргу девојчето закрепнало благодарение на соодветната терапија. Џош и Кристин ги предупредуваат другите родители да бидат свесни за опасните инсекти што демнат во нивните дворови. Иако каснувањето од црна вдовица може да биде смртоносно, пријавени се само неколку смртни случаи.

Кристин сега упатува апел до родителите да ги проверуваат своите деца по играњето на отворено и да бараат одговори доколку забележат нешто чудно.

-Никогаш не помислив дека ме каснало нешто. Бев среќна кога излеговме од болница, иако таа беше прилично добро цело време додека беше таму. Не плачеше, нормално прифаќаше сè, па и ние се трудевме да не ја вознемириме - изјавила мајката на девојчето.

Д-р Вилијам Дурбин, специјалист во Медицинскиот центар УМасс Меморијал, на семејството Донован им кажал дека биле во право што ја донеле Келин, инаку работите можеле да станат многу полоши.

- Имаше многу карактеристичен залак, кој беше многу застрашувачки за нејзините родители, а секако и за лекарите - изјави овој експерт.

Црните вдовици се познати по црвените траги што ги оставаат на телото од своите жртви, а кои пак укажуваат на отров. Тие исто така се едни од ретките видови пајаци кои имаат доволно долги пипала за да продрат во човечката кожа и доволно силен отров за да остави сериозни последици врз човечкиот организам. Трагата од каснувањето се идентификува како две мали убодни рани, а симптомите обично се појавуваат во рок од еден час. Отровот го напаѓа нервниот систем, што доведува до силна болка во мускулите, грчеви, гадење, треска и блага парализа на дијафрагмата, со што се отежнува дишењето.

Повеќето жртви закрепнуваат без сериозни компликации, но треба да се побара лекарска помош за да се добие серум противотров, пишува Дејли меил.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер