За свирепото убиство во Челопек – се истражува можна серија злосторства - Канал 5

За свирепото убиство во Челопек – се истражува можна серија злосторства

Дали сериски убиец одел од село во село во Старо Нагоричане таргетирајќи стари и немоќни жени, свирепо ги претепувал или со перница ги задушувал додека спиеле за да ги ограби? 

 За свирепото убиство во Челопек – се истражува можна серија злосторства

Обвинителството се сомнева дека 25-годишниот Т. Б. родум од село Малотино, што викендов беше уапсен за убиството 78 годишна жена во Челопек, која ја нападнал додека спиела, претепувајќи ја до смрт, убивал и претходно...

Досега ексхумација и обдукција е направена на уште една жена, а од Обвинителството велат дека за евентуални други случаи на ископување на починати со цел да се дојде до траги и ДНК докази за поврзаност, јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, обвинетиот е во притвор.

-Обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановско. Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат-велат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека е наредено и психијатриско вештачење од страна на тим вешти лица – форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје.

Во вакви случаи, колку подолг период минал по настанатата смрт толку е поголем ризикот наодите да бидат недоволни, но сепак, со детални анализи поврзаност може да се утврди, само потребно е време, велат за Канал 5 од Судска медицина.

Во поновата македонска криминална историја како најпознати сериски убијци се споменуваат Владо Танески, познат како „Кичевскиот монструм“, и Виктор Карамарков, нарекуван „Македонскиот Раскољников“. Танески беше уапсен во 2008 година под сомнение дека убил најмалку три жени во кичевскиот регион.

Неколку дена по апсењето, беше пронајден мртов во ќелијата во притвор; според тогашните информации, се самоубил давејќи се во кофа со вода, а случајот заврши без судска пресуда. Карамарков во 2009 година уби четири повозрасни жени во Скопје, по што беше осуден на доживотен затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови

Со претстојната промена на часовникот и пораното затемнување, од недела официјално влегуваме во годишното време кое носи со себе забележителна промена во дневниот ритам и потрошувачките навики на населението. 

Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови

Преминот кон таканареченото зимско сметање на времето традиционално го означува почетокот на сезоната во која фокусот на општествениот и економскиот живот се пренесува од отворените простори во топлината на домот, отворајќи нови полиња на раст за цела низа економски сектори.

Пазарните аналитичари истакнуваат дека раното затемнување делува како силен психолошки поттик за враќање на навиките поврзани со удобноста на домот. Од првиот работен ден во новиот ритам, се очекува значителен скок во користењето на платформите за стриминг и услугите за дигитална забава, бидејќи вечерните часови стануваат резервирани за филмови, серии и релаксација со семејството.

И тоа е првата неверојатна промена. Нема ни да забележите дека од тој ден всушност поминувате повеќе време пред екранот.

Заедно со е-забавата, апликациите за достава на храна и продавниците доживуваат најголем бум. Вечерите дома стануваат попрактичен и поудобен избор за многу граѓани, што отвора можност локалните ресторани и специјализираните услуги за достава значително да го зголемат обемот на работење за време на вечерните врвови.

Иако летните градини природно полека ги празни своите места со првиот самрак и посвежите вечери, угостителската индустрија доживува динамична трансформација, а не стагнација. Сопствениците на ресторани со нетрпение го поздравуваат пренасочувањето на гостите кон затворени простори, каде што топлите пијалоци, специјализираните менија и пријатните, интимни ентериери стануваат клучни средства.

Сезоната што претстои, со тоа, уште еднаш ја потврдува прилагодливоста на модерната економија, во која темнината не ја гаси потрошувачката, туку само ја пренасочува кон нови, поудобни и потопли текови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот Олешки

Белата куќа објави дека Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, успешно обезбедила прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки.

Меланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот Олешки

„Русија и Украина се согласија привремено да ги суспендираат сите воени дејствија во градот за да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви за евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, додаде Белата куќа.

Договорот ќе стапи на сила на 29 октомври.

Олешки е украински град на руско окупираната страна од реката Дњепар, спроти Херсон.

Откако руските сили го зазедоа во 2022 година, тој е сведен на урнатини и отсечен од светот.

Сепак, илјадници цивили, вклучувајќи деца, остануваат таму. Според извештаите, тие живеат без електрична енергија, вода за пиење и редовни залихи на храна.

Жителите потврдија за Скај њуз дека многу луѓе варат трева за да преживеат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер