Ковачки: Македонија забрзува, наша обврска - на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ
Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска
1Ковачки: Македонија забрзува, наша обврска - на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ
2Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска
3Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој
Македонија За пожарот во центарот „Иван Михајлов" во Битола приведен пејачот Ламбе АлабаковскиКанал 5 доби потврда дека лицето кое го предизвикало пожарот во центарот „Иван Михајлов" во Битола е популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски, кој е приведен од полицијата.-Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан - пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил - мора да одговара! објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – И во овој сегмент нема „пардон", нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, порача Спасовски на фејсбук. – По преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов" во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, соопштија денеска од МВР. Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
МакедонијаКовачки: Македонија забрзува, наша обврска - на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕКако генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам честа да ве известам дека во среда, 17 јуни, партијата одбележува 36 години. Тоа е ден кога ја одбележуваме историјата која неʼ обврзува и иднината која доаѓа. Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која неʼ обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина. Се почна во 1990 година на 17 јуни кога беше одржано Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје. Во среда, 36 години подоцна ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат. Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја - независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено. Почитувани пријатели, морам да напоменам дека во најтешките моменти народот, граѓаните ни ја даваа силата. Сега сме фокусирани на иднината на Македонија и нејзините граѓани. Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ. Пораката “Македонија забрзува. Наша обврска”, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија. На 17 јуни во Струмица на големиот народен собир кој почнува во 20 часот на стадионот Младост, добредојдени сте сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои верувате во напредокот на Македонија. И ова е момент кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа. Се гледаме во Струмица во 20 часот! Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
МакедонијаМуцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и ИрскаMинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска.„Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни придобивки за државата, економијата и граѓаните“, напиша министерот муцунски во својата објава, најавувајќи ги посетите. На покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот Муцунски ќе престојува во диселдорф.утре министерот Муцунски ќе престојува во Лондон, каде што ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и на отворањето на првиот вински саем на земјите од централна и источна Европа во Лондон.Во периодот од 16 до 18 јуни, министерот Муцунски ќе престојува и во Даблин, Ирска каде ќе се сретне со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, хелен мекенти, при што покрај билатералните односи, посебен акцент ќе биде ставен на претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПерински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развојМинистерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините.Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите. „Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска започнуваме нова фаза на поддршка преку групна испорака на стручна помош за подготовка на плански документи за локален економски развој, согласно потребите што самите општини ги идентификуваа“, истакна Перински. Тој нагласи дека целта на Министерството не е само декларативно да биде партнер на општините, туку преку конкретни активности да придонесе за олеснување на нивната работа и подобрување на локалните политики. „Локалната самоуправа е самостојна во извршувањето на своите надлежности, но преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме систем во кој знаењето, експертизата и расположливите ресурси ќе бидат ставени во функција на развојот на општините“, порача Перински. Во рамки на оваа активност, 40 општини ќе добијат стручна поддршка од експертски тим за подготовка на плански документи за локален економски развој, со цел креирање квалитетни и применливи решенија кои ќе придонесат за поттикнување на локалниот економски раст, привлекување инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните. Ресурсниот центар, во рамки на Министерството за локална самоуправа, претставува механизам за обезбедување стручна, техничка и советодавна поддршка за општините, согласно нивните потреби и предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter