„YouTube“ повторно го тестира трпението на корисниците - Канал 5

„YouTube“ повторно го тестира трпението на корисниците

„YouTube“ се бори со блокаторите на реклами со години, а на некои пазари ги унапреди своите пакети за претплата. Сепак, трпението на корисниците беше сериозно тестирано оваа недела.

„YouTube“ повторно го тестира трпението на корисниците

Бројни корисници на „Reddit“ известуваат дека апликациите на „YouTube“ за „Android“ и „iOS“ сега прикажуваат постојани реклами во долниот лев агол од екранот.

Ова се реклами за апликации или страници од трети страни, а проблемот е што тие остануваат на екранот дури и откако корисникот повеќе пати ќе ја избере опцијата „Отфрли“ од менито.

На самиот банер нема копче „X“, па затоа некои корисници дури и не знаеле дека можат да ја отстранат рекламата преку дополнително мени. Во некои случаи, единствениот начин рекламата да исчезне е целосно да се излезе од видеото, додека некои тврдат дека таа се повлекува сама по околу 30 секунди, објавува „Android Authority“.

Некои исто така се обиделе да ја затворат апликацијата на сила, но рекламата се појавувала повторно.

Според достапните информации, засегнатите корисници не се претплатници на „YouTube Premium“, што значи дека претплатата сè уште ги отстранува рекламите како што е предвидено. Оние кои се вознемирени од овие реклами можат да се префрлат на „Premium“ или да го користат „YouTube“ преку мобилен прелистувач, каде што засега не се појавуваат вакви банери.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата

Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски

Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата

​Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски.

Политичките партнери на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски.

Документот за којшто се уште нема извинување од официјална Софија, објавен е на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирале обезбедувањето.

Овие сигнали којшто ги испраќа Бугарија даваат јасен знак дека патот за Македонија во ЕУ нема да биде лесен, туку ќе биде испреплетен и полн со предизвици и притисоци.

И наместо осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, тој молчи и продолжува да соработува со оние коишто не не признаваат, а тоа се властите во Бугарија предводени од Румен Радев.

Македонија нема да се предаде и откаже. Ваквите притисоци и уцени од соседна Бугарија ни даваат само поголем мотив на чесен, достоинствен и исправен начин да се трудиме да бидеме дел од европското семејство.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, учествуваше на онлајн промоцијата на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“, што претставува регионален документ подготвен со поддршка на Светската здравствена организација.

Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“

Во своето обраќање, министерот Алиу истакна дека приоритетите од Патоказот се целосно поврзани со реформските процеси што ги спроведува Министерството за здравство, со посебен акцент на дигиталната трансформација, електронските здравствени досиеја, подобрата размена на податоци меѓу институциите и усогласувањето со европските стандарди.

-Од перспектива на Министерството за здравство го поздравуваме овој Патоказ како вредна регионална рамка. Тој во голема мера ја одразува актуелната состојба и реформските приоритети што се важни за нашата земја. Неговиот фокус на зајакнување на примарната здравствена заштита и јавното здравје, човечките ресурси во здравството, здравствената безбедност и подготвеност, превенцијата и контролата на незаразните болести, имунизацијата и регионалната соработка е исклучително релевантен за нашиот национален контекст. За нас, овие приоритети не се апстрактни. Тие се директно поврзани со реформите што во моментов ги спроведуваме. Нашата цел е да изградиме здравствен систем кој е поотпорен, повеќе насочен кон луѓето, повеќе ориентиран кон превенција и подобро воден од податоци и докази. Здравствен систем што може да одговори на итни состојби, но и секојдневно да обезбедува квалитетни услуги. Систем што ги поддржува граѓаните не само кога се болни, туку им помага и да останат здрави, истакна во обраќањето министерот Алиу.

Тој посочи дека првата област е дигиталното здравство и е една од централните реформски области во здравството за подобро планирање, подобра координација, поголема транспарентност и подобри услуги за граѓаните. Втората област е квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Пристапот до услуги останува суштински - на граѓаните им се потребни услуги што се безбедни, ефективни, навремени, правични и со висок квалитет. Веруваме дека квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите ќе бидат клучни и во спроведувањето на Патоказот.

-Нашата држава е подготвена активно да придонесе во овој процес. Веруваме дека регионалната соработка може да ни помогне да учиме едни од други, да избегнеме дуплирање на напорите и побрзо да се движиме во областите каде што нашите предизвици се слични. Со заедничка работа можеме да ја зајакнеме подготвеноста, да ги подобриме јавно-здравствените функции, да ги поддржиме здравствените работници, да ја унапредиме дигиталната трансформација и да обезбедиме подобри резултати за нашите граѓани, посочи Алиу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на законот за минимален глобален данок на добивка

Управата за јавни приходи ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави.

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на законот за минимален глобален данок на добивка

Управата за јавни приходи ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година врз основа на одредбите од Законот за минимален глобален данок на добивка (во натамошниот текст: Законот) и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка.

Законот предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на добивката на мултинационални групи на компании, како и на големи домашни групи, со минимална даночна стапка на добивка од 15%. Законот се применува на составни субјекти со седиште во РС Македонија кои се членки на мултинационална група на компании и на големи домашни групи и сите нивни составни субјекти кои се наоѓаат во РС Македонија, чиј годишен приход во консолидираните финансиски извештаи на крајната матична компанија во најмалку две фискални години во периодот 2020 – 2023 година е еднаков или поголем од 750 милиони евра.

Минималното ефективно оданочување на добивката на мултинационалните групи на компании и на големите домашни групи се обезбедува со примена на следните правила за плаќање на дополнителен данок на добивка (top-up tax):

Правилото на квалификуван домашен дополнителен данок (Qualified Domestic Minimum Top-Up Tax - QDMTT), според кое матичната компанија на мултинационална група на компании и сите нејзини составни субјекти кои се наоѓаат во РС Македонија подлежат на обврска за плаќање на квалификуван домашен дополнителен данок за одредена фискална година, доколку нивната ефективна даночна стапка утврдена според одредбите на Законот е пониска од 15%.

Правилото за вклучување на добивката (Income Inclusion Rule - IIR), според кое матичната компанија на мултинационална група на компании или на голематa домашна група е одговорна за пресметување и плаќање на дополнителен данок на добивка, доколку ефективната даночна стапка на нејзин составен субјект е пониска од 15%.

Правилото за помалку оданочена добивка (Undertaxed Payment Rule - UTPR), според кое составниот субјект на мултинационалната група на компании подлежи на дополнителен данок еднаков на неговиот дел од дополнителниот данок што не бил наплатен врз основа на правилото за вклучување на добивката, за составни субјекти на групата кои подлежат на ниска даночна стапка под 15%.

Кои се обврските на засегнатите даночни обврзници кон УЈП?

Најдоцна до 30.06.2026 година да поднесат електронско известување до УЈП за составниот субјект / локалниот субјект кој од страна на крајната матична компанија е назначен за поднесување на Пријавата на информации за дополнителен данок (GloBE Information Return - GIR), како и на Пријавата за квалификуван домашен дополнителен данок (образец „КДДД/П”) за 2024 година.

Образецот на известување е поставен на веб-страницата на УЈП и може да се преземе од следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/261 Скенирана верзија од пополнетото известување треба да се поднесе до УЈП на следната адреса: [email protected]

Најдоцна до 30.06.2026 година во електронска форма да поднесат до УЈП Пријава на информации за дополнителен данок (GIR) за 2024 година.

Пријавата GIR се поднесува преку системот е-даночни услуги преку менито “Извештај за глобален данок”. За таа цел, составниот субјект на групата кој се наоѓа во РС Македонија, а во случајот на два или повеќе составни субјекти во РС Македонија - оној кој од групата е назначен за поднесување на пријавата КДДД/П, доделува овластувања за поднесување на пријавата преку системот е-даночни услуги на начин како што истото се прави за поднесување на другите поднесоци преку овој систем. По поднесувањето, GIR пријавата треба да биде електронски потпишана со дигитален сертификат. Начинот на поднесување на пријавата GIR е детално опишан во Упатството за поднесување на извештај за глобален данок кое е објавено на системот е-даночни услуги во делот на упатства.

Најдоцна до 30.06.2026 година во електронска форма да поднесат до УЈП Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (образец „КДДД/П”), односно најдоцна до 30.07.2026 година да поднесат Пријава за дополнителен данок (образец „ДДД/П”) за 2024 година.

Даночните пријави „КДДД/П” и „ДДД/П” се поднесуваат електронски преку системот е-даноци.

Пријавата КДДД/П или ДДД/П треба да се поднесе и во случај кога пресметаниот данок за плаќање изнесува нула.

Најдоцна до 30.07.2026 година да го платат квалификуваниот домашен дополнителен данок пресметан во пријавата КДДД/П, односно најдоцна до 30.08.2026 да го платат дополнителниот данок пресметан во пријавата ДДД/П.

Плаќањето на дополнителниот данок треба да се изврши на новата уплатна сметка 840 – општина – 01877 и следните приходни шифри:

- 711236 – за квалификуван домашен дополнителен данок, и

- 711237 – за дополнителен данок на добивка.

За дополнителна поддршка во врска со поднесувањето на даночните пријави и плаќање на дополнителниот данок може да се обратите на:

е-пошта: [email protected]

Телефонски броеви:

Од фиксна линија: 0800 33 000

Од мобилен телефон: 02 3253 200

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер