„YouTube“ има решение за зависниците од апликацијата - Канал 5

„YouTube“ има решение за зависниците од апликацијата

Тајмерот го поставува корисникот и предизвикува појавување на скокачки прозорец на екранот.

„YouTube“ има решение за зависниците од апликацијата

YouTube“ додава тајмер на својата услуга „Shorts“ за да помогне во спречувањето на непрестајните „doomscrolls“, според извештајот на „TechCrunch“. Функцијата се воведува за сите корисници откако беше забележана во „APK“-датотека за „Android“ претходно оваа година.

Еве како функционира. Корисниците поставуваат дневно временско ограничување за „Shorts“ преку поставките на апликацијата. Кога ќе се достигне ограничувањето, ќе видат скокачки прозорец што ги потсетува да направат пауза. Овој скокачки прозорец лесно се отфрла со допир. Во најмала рака, ќе ги потсети луѓето колку долго лежеле во кревет гледајќи случајни клипови што им ги прикажува алгоритмот.

Гореспоменатата функција моментално не се интегрира со родителски контроли, но ќе биде имплементирана следната година. Оттогаш, родителите или старателите ќе можат да постават специфични временски ограничувања за тоа колку долго децата можат да скролаат низ содржината на „Shorts“. Децата нема да можат да го отфрлат скокачкиот прозорец.

Ова не е прв потег на „YouTube“ за подобрување на дигиталната благосостојба. Постои начин да се постават потсетници за пауза во различни интервали, а истото важи и за скокачкиот прозорец пред спиење.

Дали постои причина зошто повеќе компании избираат да го ограничат ангажманот на корисниците на своите платформи? Моментално се поднесени речиси 2.000 тужби против компаниите за социјални медиуми, според извештајот на „Bloomberg“. Многу од овие тужби ги обвинуваат компаниите дека намерно ги дизајнираат своите платформи да предивикуваат зависност.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Англискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. 

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година.

Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани.

Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации.

Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје.

Кејот е пулсот на Скопје – место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор.

Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во современ, безбеден и функционален простор кој ќе им служи на скопјани и на идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за  храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми.

АХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи.

Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла.

Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава.

На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење на задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер