Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
1Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
Технологија„Windows 7“ не е заборавенИако „Microsoft“ одамна ја прекина поддршката за „Windows 7“, има и такви кои не заборавиле на овој некогаш исклучително популарен оперативен систем.Повеќето големи веб-прелистувачи одамна ја откажаа поддршката за „Windows 7“, „8“ и „8.1“, но еден прелистувач одбива да се откаже од овие неподдржани верзии на „Windows“. „Mozilla“ сè уште нуди безбедносни ажурирања за „Firefox 115 ESR“ на неподдржани верзии на „Windows“ и се чини дека нема намера да ја прекине оваа практика во скоро време. На почетокот на 2023 година,„Mozilla“ ги објави плановите да ја прекине поддршката за „Windows 7“ во септември 2024 година. Кога дојде тој период, „Mozilla“ одлучи да продолжи да го поддржува „Firefox 115 ESR“ уште шест месеци, тврдејќи дека има доволно корисници на „Firefox“ на „Windows 7“ за да ја оправда продолжената поддршка. Сега „Firefox“ добива дополнителни половина година безбедносни ажурирања на „Windows 7“, „8“ и „8.1“. Врз основа на официјалниот календар за ажурирање, проширената поддршка за „ESR 115“ е овозможена за „Windows 7-8.1“ и „macOS 10.12-10.14“ до септември 2025 година. Сепак, ажурирањата би можеле да продолжат и по тој период, бидејќи „Mozilla“ вели дека повторно ќе ја разгледа одлуката во август оваа година. Споменатите промени се однесуваат само на „Windows 7“, „Windows 8“, „Windows 8.1“, како и „macOS 10.12“, „10.13“ и „10.14“ верзиите на оперативните системи. Корисниците на „Firefox“ со помодерни и сè уште поддржани оперативни системи користат понови верзии на прелистувачот. Во моментов, „Mozilla“ ја нуди верзијата „135“ за Каналот за издавање, како и верзијата „128“ за каналот за проширена поддршка. „Firefox ESR“ може да се преземе од официјалната веб-страница. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности.На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаМинистерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потребиОпштина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година.Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и секојдневните училишни активности. „Со проектот „Образование за сите", продолжуваме со поддршката за учениците на кои им е потребна дополнителна помош во текот на образовниот процес. Нашата цел е секое дете да има еднаква можност да учи, да напредува и да биде вклучено во училишната средина. Истовремено, преку овој проект отвораме можност за работен ангажман на лица кои имаат знаење, искуство и желба да работат со деца“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. На јавниот повик можат да се пријават заинтересирани лица со минимум завршено средно образование и претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби. Повикот е насочен и кон долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост. Предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и лицата кои имаат претходно искуство како лични или образовни асистенти или поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост. Избраните кандидати ќе бидат ангажирани 20 часа неделно во период од осум месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година. За ангажманот е предвиден месечен нето-надоместок од 18.000 денари. Пријавите со потребната документација се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот. Јавниот повик трае пет работни дена од денот на објавувањето и е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и на огласните табли во општинските основни училишта. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter