„Windows 11“ доби големо ажурирање, еве што е ново

Пристигна големо ажурирање на „Windows 11“, кое „Microsoft“ го нарекува надградба „Moment“.

„Moment 2“, како што се нарекува ажурирањето, е достапно како дел од „Windows Update“, а со него доаѓаат и голем број нови функции за „Windows 11“.

Меѓу подобрувањата е новиот „taskbar“ , кој е оптимизиран за работа со допир (на екраните на допир), тука е и „Phone Link“ за „iOS“, кој им овозможува на сопствениците на „iPhone“ да го поврзат својот уред.

„Windows 11“ сега ќе нуди препораки за подобрување на потрошувачката и дополнителна помош за решавање на проблемите што ги среќавате на вашиот компјутер (со „Quick Assist“).

Подобрени се и функциите за пристапност, па има поддршка за уреди со Брајово писмо, а „Voice Access“ доби нови команди.

Како и секогаш, ажурирањето носи и голем број безбедносни поправки.

Се јави водителката, која се онесвести среде емисија: Овој пат не е срцето (ВИДЕО)

Метеорологот од Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц се огласи откако ненадејно колабираше за време на утринските вести додека ја читаше временската прогноза, загрижувајќи ги своите колеги.

„Благодарна сум што овој пат не беше срцето. Добив стотици пораки, а тие сè уште доаѓаат, па ако не одговорам, затоа“, напиша таа на Инстаграм.

Инаку, Шварц се осврна на сличен проблем што го имала и претходно, но на друга телевизија. Во 2014 година ѝ се слошило за време на прогнозата, а подоцна било откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.

Да потсетиме, откако пред неколку дена се онесвести во студио, нејзините колеги останаа во целосен шок. „Ох“, извика Рејчел Ким, а нејзината колешка Нишел Медина рече дека „ќе мора да направи кратка пауза“.

Алиса брзо била пренесена во болница и таму се опоравува.

Хаос во Париз: Полицијата ги претепува демонстрантите, вечерва уапсени над 70 лица (ВИДЕО)

По повод усвојувањето на спорниот закон за пензии, во Франција се уште не стивнуваат протестите.

Вечерва почнаа собири и штрајкови, а за четврток се планирани големи демонстрации.

Само вечерва во Париз повторно беа уапсени околу 70 демонстранти, а полицијата безмилосно ги разбива протестите, спречувајќи ја толпата да се групира и да создаде барикади и блокади.

На видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како полицијата трча и интервенира со брутална сила.

Француската влада денеска го преживеа гласањето за недоверба на собранието, со тесно мнозинство од само девет гласа.

Пензиската реформа која ги налути француските граѓани предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за некој да се квалификува за целосна пензија.

Жена го прозва Путин, додека се шета низ Мариупол: Ова е лага, сѐ е само претстава (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ненадејно го посети окупираниот украински град Мариупол, само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

На видеото од средбата на Путин со локалните жители, споделено од руските државни медиуми, се слуша како личност во позадина вика: „Ова е лага, ова е само шоу“. Придружбата на Путин брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која викала, пишува CNN.

Во истото видео, станарка го опишува блискиот блок како „парче од рајот“, на што Путин одговара дека планираат да го прошират.

„Толку пати те видовме на телевизија“, рекол еден од жителите, на што Путин одговорил: „Треба да почнеме подобро да се запознаваме“.

Мариупол ги виде некои од најжестоките борби во војната и често се користи за пропагандни цели откако Москва го зазеде минатата година.

Сателитските снимки од мај минатата година покажаа обемни ископувања и расчистување на урнатините низ градот, вклучувајќи го и бомбардираниот театар во Мариупол. Во следните месеци, руските државни медиуми објавија снимки од обновените области, а Путин најави дека ќе го обнови целиот град.

Извештаите за планирани судења кружеа минатиот август, откако руските медиуми објавија слики од кафези во салата на филхармонијата во Мариупол, кои очигледно биле наменети за украинските воени затвореници од железарницата Азовстал.

притисни ентер