„WhatsApp “од 1 ноември нема да работи на некои мобилни телефони

„WhatsApp“ потврди дека некои телефони со „Android“ ќе изгубат пристап до популарната апликација за размена на пораки на 1 ноември 2021 година.

Датумот се приближува а „WhatsApp“ им остави многу малку време на корисниците да реагираат.

„WhatsApp“од почетокот на ноември нема да може да работи на уреди со „Android 4.0.4“ или постари.

Значи, од 1.11.2021 оние кои ќе сакаат да ја користат апликацијата ќе треба да имаат телефон со „Android“ со верзија 4.1 или понова.

Сепак, бидејќи „Android 4.1“ првпат е објавен во јули 2012 година, повеќето телефони веќе имаат понова верзија од оваа.

Но, тоа е лоша вест за оние кои се уште користат стар паметен телефон со „Android“ што не може да се ажурира на верзија 4.1 или понова.

Во овие случаи, нема лесно решение за корисниците да продолжат да ја употребуваат апликацијата „WhatsApp“ откако поддршката официјално ќе заврши.

Доколку корисникот има стара верзија на „Android“ без достапна надградба, постои само еден начин да продолжи со користење „WhatsApp“ - да купи нов телефон.

Швајцарија: Се зголемува бројот на заразени, се воведуваат построги мерки

Швајцарските власти денес најавија воведување на построги мерки за ограниучување поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Маските ќе мора да се носат во поголемиот број затворени простори а само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид ќе можат да одат на разни настани.

Надлежните ја повторија препораката што поголем број граѓани да работат од дома. Новите мерки стапуваат на сила на 6 декември и ќе траат до 24 јануари, пишува Ројтерс.

Ковид-сертификати за семејни собири?

Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.

Земјата која има 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.

Властите исто така ја проширија употребата на Ковид сертификатите. Тие ќе бидат потребние за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението.

„За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, препорачуваме во иднина да се воведе употреба на Ковид сертификат“, се додава.

СЗО: Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа

 „Новиот сој може да ја влоши ситуацијата“.

Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, рече Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација.

– Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, а новиот сој може да ја влоши ситуацијата, рече таа за време на онлајн сесијата за прашања и одговори за ситуацијата со коронавирусот.

Затоа, таа смета дека е исклучително важно да се продолжи со поддршката на епидемиолошките мерки насочени кон ограничување на ширењето на варијантата Делта. Посебно, треба да се засилат кампањите за вакцинација.

притисни ентер