Мицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ
1Мицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ
Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
1Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
Свет„Волстрит џурнал“: САД извршија напад врз иранско складиште за муниција во ИсфаханСАД извршија голем напад врз големо складиште за муниција во иранскиот град Исфахан, објави вчера „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски функционер.Се вели дека САД користеле голем број бомби за разбивање бункери преку ноќ, секоја со тежина од околу 900 килограми. Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели видео од експлозии од 31 секунда на својата платформа „Truth Social“, но не даде дополнителен контекст. Според весникот, снимката го прикажува нападот во Исфахан. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени. Видеото прикажува серија експлозии, што може да укажува дека муницијата складирана на локацијата детонирала по првичниот напад. САД и Израел го напаѓаат Иран од крајот на февруари, што го натера Техеран да одговори со ракетни напади и дронови врз Израел и земјите сојузнички на САД во регионот.Тагови: Волстрит џурнал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУЗаконот за Скопје - европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа, за да не се остави било каков сомнеж околу транспарентност на овој процес, најави премиерот Христијан Мицкоски.Додаде дека се работи за закон кој треба да се донесе во рамки на приоритетите на овој проект и дека тој е изготвен согласно препораките и праксата во Европската унија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ најавува поддршка за власта ако се обезбеди решение што ќе ги деблокира евроинтеграциитеСДСМ ќе биде конструктивна и ќе даде поддршка на власта во Собрание доколку се најде решение за деблокада на евроинтеграциите, уверува лидерот на партијата Венко Филипче. На брифинг со новинарите рече дека сепак европските челници при посетите на земјава ни укажале на единствениот излез- преку промена на уставот со вметнување на Бугарите, па тој е песимист дека може да се најде поинакво решение за да се спречи вето од Софија и во иднина. -Било што кое е прифатливо за нас и за Европа и ќе ја подобри нашата преговарачка позиција, ние ќе го поддржиме. Дали ќе се соочиме со непринципиелна блокада од Бугарија, не знаеме. Што можеме да изгубиме, со што не плаши ВМРО-ДПМНЕ? Јазикот не можат да ни го земат, тој е признат, за работата на Историската комисија, таму се решава со консензус и веќе е постигнат договор за четири историски личности. Никој не може да ни ја земе ни историјата,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Од друга страна власта тврди дека има активна дипломатска офанзива и нема план „Б“ за Европската Унија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во „Вести плус“ изјави дека една од опциите која била разгледувана се и уставни измени со одложено дејство, со став дека што и да се договори нема да биде отстапено од националните интереси. Преку ноќ вели нема да се најде решението, но најважно е да се елиминираат потенцијалните блокади за идентитетски прашања. -Јавноста треба да знае дека ние имаме постојано активен дијалог и со европските институции и со земјите членки и со соседна Бугарија. Се уште не сме блиску до решение, но разговараме за решенија. Решенија коишто се во рамки на позициите кои ние повеќепати ги имаме претставено во нашата јавност. Разговараме за повеќе решенија, за коишто, да, ќе потврдам дека едно од потенцијалните решенија за кои сме дискутирале е и моделот на уставни измени со одложна примена, но сеуште не сме стигнати до фаза да имаме решение кое е прифатливо за сите страни. За нас што клучно – предвлидливоста и сигурноста дека нема да бидеме условувани за прашања поврзани со историја, идентитет, јазик, култура,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи. Додека од власта очекуваат на крајот од септември Европската Унија да соопшти кој е планот за проширувањето и перспективата на Македонија, лидерот на опозицијата оценува дека токму есента ќе донесе криза на сите полиња. Филипче ја критикува владејачката коалиција за игнорирање на опозицијата во Собранието, и најави дека ќе поднесат интерпелација за спикерот Африм Гаши за кршење на Деловникот, како и за Иван Стоилковиќ за вербални конфликти кои биле на раб на ескалација кога се гласаше реконструкцијата на Владата. За предлог законот за Скопје 2028, Филипче рече дека е скандалозен и пратеничката група на СДСМ ќе го блокира со амандмани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВ недела бесплатен превоз за ТрновоВ недела на 2 август организиран ќе биде бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново каде ќе се одржи 55-та Семакедонска средба.Ова е распоредот на поаѓања. Автобус број 1 09.15 Кукуречани пред продавници 09.30 Горно Оризари (Стадион) Автобус број 2 09.15ч с.Бистрица(село) 09.30ч Буковски Ливади (Постојка) Автобус број 3 и 4 09.10ч Ат Пазар(пост) 09.20ч Карпош (Св.Тома постојка) 09.30ч Ракометно (Пост) 09.40ч Симпо (Пост) 09.50ч Болница(пост) 10.00ч Довлеџик пред Јосифов (постојка) Автобуси број 5 и 6 09.10ч Бела Чешма 09.20ч Шехерзада(постојк) 09.30ч Црн Мост 09.40ч Веро (Постојка) 09.50ч Маркет Анџела(Брусничка) Враќањето е во 13:00 часот. Општина БитолаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08