Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење
1Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Свет„Волстрит џурнал“: Пентагон бара забрзано пополнување на залихите на оружје во случај на конфликт со Кина Пентагон побара забрзано зголемување на производството на ракети и 12 клучни системи во случај на потенцијален конфликт со Кина, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.„Загрижени за ниското ниво на залихи на оружје што САД би ги имале на располагање во случај на конфликт со Кина, Пентагон ги повикува добавувачите на ракети да ги удвојат, па дури и четирикратно, стапките на производство“, рече изворот. Операцијата наводно ја управува новоформираниот Одбор за забрзување на муницијата, со кој претседава заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг. Одборот е фокусиран на производство на 12 системи, вклучувајќи системи „Патриот“, противбродски ракети со долг дострел, ракетата „Стандард-6“, прецизни ракети за удар и други. „Ракетите „Патриот“ остануваат приоритет“, рече изворот. Американската војска претходно овој месец потпиша договор вреден речиси 10 милијарди долари за производство на приближно 2.000 ракети PAC-3 до 2026 година, но Пентагон има намера да набавува толку годишно од тогаш па натаму. Тагови: Пентагон Волстрит џурнал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветењеКатегорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се нарушат мојата чест, углед и професионален интегритет.Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби. СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Нема да дозволам преку партиски прес-конференции да се фрлаат невистини во јавноста и потоа да се очекува тие да останат без одговор. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед. Затоа, наместо политички конструкции и измислени „мрежи“, од СДСМ барам во рок од 24 часа јавно да ги повлече невистинитите тврдења и да ми се извини за нивното изнесување. Во спротивно, ќе следуваат конкретни правни чекори. Ќе ги искористам сите расположливи правни механизми за заштита на мојата чест, углед и професионален интегритет, вклучително и судска постапка и соодветни пријави до надлежните институции. Јавноста заслужува факти и докази, а не политички конструкции. Јас сум подготвена за секој факт да одговорам и да го докажам. Истото го очекувам и од оние што денес изнесуваат вакви сериозни обвинувања. Сања Божиновска Министерство за енергетика, рудраство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31
МакедонијаКнижевен настап на Стефан Марковски во ПаризМакедонскиот писател и истражувач на литературата Стефан Марковски на 24.09 ќе настапи на книжевната вечер Paris Lit Up која се одржува од 2012-та година во историскиот бар „Култур Рапид“ во 20-от париски арондисман на улица Жилиен Лакроа.Во овој бар, кој е дел од книжевната историја на Париз како родно место на француската слем поезија од 1980-тите, сè уште се одржува познатиот Меѓународен слем фестивал секој мај. Македонскиот книжевник ќе прочита свои поетски творби од англиско-македонскиот избор „Ветена земја“, каде се застапени песни од четири поетски книги на Марковски, „Хипербог“, „По трагата на белиот грифон“, „Сиво сјаат вселените“ и „In Nomine“. Книжевните вечери Paris Lit Up (PLU) се основани од авторот Џејсон Френсис Мекгимзи и Кејт Ноукс, етаблирана поетеса, членка на Велшката академија за книжевност и уредничка на поетската рубрика на истоименото списание, а водител е Крис Њуенс, британски писател и новинар. На вечерите во минатите изданија имаат гостувано Ненси Столман, американска писателка на флеш-фантастика, музичар и основач на настаните поврзани со читање флеш-фантастика Fbomb, њујоршкиот поет и музичар Стив Далачински, добитник на наградата „Франц Кафка“, ирско/италијанско-американската поетеса Кимберли Кампанело и други. Вечерите се познати како репрезент на повеќејазичната уметничка сцена и литература која се создава во Париз. Во рамки на својот престој, Марковски ќе оствари и посета на Универзитетот „Сорбона“.Тагови: Стефан Марковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31