Свет„Волстрит џурнал“: Иран сака да разговара со САД и Израел за прекин на воените операцииСпоред весникот, Техеран на арапските официјални претставници власти им соопштил дека е подготвен да се врати на преговарачката маса сè додека САД не се приклучат на израелските нападите.Иран итно сигнализираше дека сака да ги прекине непријателствата и да ги продолжи разговорите за својата нуклеарна програма и испрати пораки до Израел и до САД преку арапски посредници, објави денеска „Волстрит џурнал“ (Wall street journal) повикувајќи се на арапски официјални претставници. Според весникот, Техеран на арапските официјални претставници власти им соопштил дека е подготвен да се врати на преговарачката маса сè додека САД не се приклучат на израелските нападите. „Волстрит џурнал“ наведува дека паузата ќе му овозможи на Иран да се прегрупира и да го зголеми меѓународниот притисок врз израелската кампања. Според арапските дипломати, Техеран најверојатно се надева дека Израел не може да си дозволи да биде вовлечен во војна и оти на крај ќе бара дипломатско решение. Исто така Иран тврди дека Израел нема јасна стратегија за излез од конфликтот и има потреба од американска помош за да нанесе значителна штета на цели како што е објектот за збогатување ураниум Фордо. Иран најавил и интензивирање на нуклеарна програма и проширување на војната доколку нема изгледи за обновување на разговорите со САД. Но, според арапските посредници, Техеран во моментот не е подготвен да направи нови отстапки во преговорите за својата нуклеарна програма. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВо Охрид се одржа БТА Балканското триатлон првенство под покровителство на Министерството за спортВикендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и голем број рекреативци, штафетни тимови и млади триатлонци во различни возрасни категории. Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, ги поздрави учесниците и организаторите на Балканското првенство и им врачи медали на дел од најуспешните балкански триатлонци. Од Триатлон федерацијата на Македонија изразија благодарност до Министерството за спорт за добрата соработка и поддршката во организацијата на БТА Балканското триатлон првенство во Охрид. Триатлонот е атрактивен олимписки спорт кој обединува три дисциплини – пливање, велосипедизам и трчање, кои натпреварувачите во текот на трката ги изведуваат последователно без прекин што бара исклучителна физичка подготвеност, издржливост и ментална сила. Покрај натпреварувачкиот апсект, БТА Балканското триатлон првенство претставува и значаен придонес за промоција на Охрид и на Македонија како атрактивна спортско-туристичка дестинација.Тагови: триатлон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУште еден градоначалник убиен во МексикоВластите во јужната мексиканска држава Оахака го истражуваат убиството на градоначалникот на Сан Мигел Аматитлан, Хозе Анхел Браво Мартинез, во саботата, соопшти канцеларијата на државниот обвинител, според Ројтерс.Безбедносните сили започнаа масовна операција за пронаоѓање на одговорните. Службениците потврдија дека градоначалникот починал по нападот во регионот Миктек. Случајот се третира како кривично дело од висок профил и е започната официјална истрага. Државните истражители и форензичките тимови беа брзо испратени на местото на настанот за да соберат докази и да го пронајдат телото, соопшти канцеларијата на државниот обвинител. Истрагата се координира со федералните безбедносни служби. Втор напад за краток период Ова е второ убиство на градоначалник во државата Оахака во изминатиот месец. Минатиот месец, Марио Ернандез Гарсија, градоначалникот на градот Сантијаго Амолтепек, беше убиен во напад во кој беа убиени и уште две лица. Властите сè уште не објавија дополнителни детали за можниот мотив за убиството на Браво Мартинез, кој припаѓаше на коалиција од опозициски партии, вклучувајќи ја и Националната акциона партија (PAN). Насилството врз локалните функционери останува загрижувачко во делови од Мексико, каде што групите на организиран криминал често имаат силно влијание, особено во руралните области. Според невладината организација „ Causa en Común “, најмалку 60 политичари или пратеници беа убиени во целни убиства минатата година. Извор: Б92Тагови: Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум лица лишени од слобода во Скопје, Струга и тетовско затоа што кај нив била пронајдена дрогаВо текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.На 14.06.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост“ во близина на Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Ј.О.(39) од Струга. При извршена контрола и преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 13.06.2026 во 23:30 часот во тетовското село Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Н.Е.(19) од Тетово. при преглед во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пронајдено и одземено пакување со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица. На 13/14.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(48), И.А.(22), Д.П.(18), сите од Скопје, како и Г.Б.(37) од с.Волково, скопско и М.А.У.(24) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37