Европа„Волстрит џурнал“: Европските земји планираат мисија за Ормуската Теснина без САДФранцускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е планирана меѓународна одбранбена мисија, која нема да ги вклучува „завојуваните страни“, прецизирајќи дека ова се однесува на САД, Израел и на Иран, според „Волстрит џурнал“.Европските земји размислуваат за формирање широка меѓународна коалиција, без учество на САД, за да обезбедат непречен поморски сообраќај низ Ормуската Теснина по завршувањето на конфликтот, а се спротивставуваат на вклучувањето на „завојуваните страни“ и нагласуваат координација со регионалните актери - објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е планирана меѓународна одбранбена мисија, која нема да ги вклучува „завојуваните страни“, прецизирајќи дека ова се однесува на САД, Израел и на Иран, според „Волстрит џурнал“. Операцијата би се одвивала во три фази - воспоставување логистика за ослободување стотици заглавени бродови, спроведување операција за расчистување мини од големи размери со користење повеќе од 150 европски миночистачи, како и распоредување фрегати и уништувачи за воена придружба, по моделот на мисијата во Црвеното Море. Планот, според „Њујорк тајмс“, ги одразува зголемените трансатлантски тензии откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските сојузници да се приклучат на американските воени напори, вклучително и блокада на иранските пристаништа. САД во понеделникот воведоа блокада на Ормуската Теснина, што влијаеше на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги и пристаништата во Арапскиот и во Оманскиот Залив. Доналд Трамп се закани дека секој ирански брод што се приближува до американската блокада на Ормуската Теснина ќе биде уништен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. -Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook