Култура„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“Со вокален раскош, пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена. -Роденденот на „Охридско лето“ секогаш е посебен момент за нас, затоа што го славиме она што е суштината на фестивалот – уметноста, врвните уметници и публиката. Годинава овој значаен ден го одбележавме со два исклучителни уметници, Мајан Лихт и Пшемек Виницки, кои приредија концерт исполнет со виртуозност и емоција. Особено ми е драго што и оваа година роденденската вечер беше пред полна „Света Софија“ и што публиката заедно со нас го сподели овој убав момент. Тоа е најголемата потврда дека традицијата на „Охридско лето“ продолжува да живее, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Лихт, еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата, со својот специфичен глас и впечатлива сценска интерпретација донесе несекојдневна музичка енергија. Неговата вокална виртуозност дојде до израз во внимателно одбраната програма, која ги обедини барокот, романтизмот и познатите оперски нумери. -Се радуваме што настапуваме на 66. Роденден на „Охридско лето“. Станува збор за култен фестивал што постои толку многу години и на кој секоја година доаѓаат врвни уметници, а тука сме и ние, изјави талентираниот Лихт по завршувањето на концертот. Во акустичниот амбиент под сводовите на црквата одекнаа дела од Хендл, Броши, Глинка, Шимановски, Персл и Бизе, меѓу кои „Ombra mai fu“, „Venti, turbini“, „Lascia ch’io pianga“, „The Cold Song“ и „Хабанера“ од „Кармен“. Посебен дел од вечерта беше посветен на пијанистичката виртуозност. Пшемек Виницки се претстави со дела од Менделсон и Бетовен, меѓу кои и прочуената „Патетична“ соната, внесувајќи дополнителна динамика и раскош во роденденската концертна програма. Роденденската вечер во „Света Софија“ заврши со долг аплауз од публиката, која со воодушевување ги поздрави уметниците и нивната извонредна изведба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“ Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Комитетот за мир во Газа, поддржан од САД, дури и по добивањето уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа.Како што истакна Нетанјаху, условот поврзан со Ерусалим е разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас. Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху изјави дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој раководи со Комитетот за мир, „верува оти може да доведе до разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа“, пренесува „Тајмс оф Израел“. „Претседателот Трамп смета, или неговиот тим смета, дека можат да го принудат Хамас да се разоружа и да ја демилитаризира Газа. Ние го разгледуваме тоа. Тие ни испратија нацрт-текст. Ние не се согласивме со него. Тоа не беше наш нацрт. Ги повлековме нашите забелешки“, рече Нетанјаху. Тој ги повтори изјавите што се појавија во медиумите во изминатите неколку дена, а кои им се припишуваа на „високи израелски функционери“, наведувајќи дека Израел нема да се повлече „од своите сегашни позиции“ во Газа „сè додека Хамас целосно не се разоружа“. Тоа е спротивно на планот за разоружување, кој бара од Израел да се повлече до првобитната „жолта линија“ во Газа – позиција до која се повлече како дел од договорот со Хамас од октомври 2025 година за прекин на огнот и ослободување на заложниците, но оттогаш ја прошири својата контрола врз Појасот Газа од 53 на над 60 проценти. Иако Комитетот за мир посочи дека Израел нема да мора да се повлече зад првобитната „жолта линија“ сè додека Хамас барем не почне да го предава своето оружје, Нетанјаху изјави дека израелските сили воопшто нема да се повлечат сè додека Хамас не биде целосно разоружан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисокБританската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите. Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“. Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство. Полицијата веќе ги истражува наводите. Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност. Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство. Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.Тагови: Епстајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарен Минхен се откажа од четири странциГерманскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста. Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот. Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook