Информацијата на својот Х профил ја сподели специјалниот пратеник на Трамп, Ричард Гренел, обвинувајќи ја агенцијата за непромислено трошење за левичарски невладини организации кои водат радикални политики во други земји.. Истата објава ја сподели и канадскиот милјардер со македонското потекло, Крис Павловски, со коменатр дека „„И Македонија била киднапирана од левичарски невладини организации и УСАИД“.
Според неофицијалните информации, во моментов УСАИД во Македонија има проекти вредни околу 70 милиони евра, но нивната веб страна страна не е достапна, а на неа се појавува само порака дека во петок на полноќ сите вработени се испратени на административно отсуство и имаат 30 дена да се вратат во САД.
Последната објава на социјалните мрежи пак е на 17 јануари, три дена пред инаугурацијата на Трамп, а објавено е и видео во кое се наведени како што стои, успесите кои УСАИД ги имал во Македонија во изминатата 2024 година. Од промотивните материјали се гледа дека освен невладини и медиуми, финансирале и проекти за борба против корупцијата, за младите, како и инситуционална поддршка.
Од Белата куќа генерално појаснија дека најспорни според нив, се програмите за диверзитети, еднаквост и инклузивност..
-Ова се некои од лудите приоритети на кои таа организација (УСАИД) трошела пари: 1,5 милиони долари за напредок на диверзитет, еднаквост и инклузија на работните места во Србија, 70 илјади долари за продукција на диверзитет, еднаквост и инклузија мјузикл во Ирска, 47 илјади долари за трансродова опера во Колумбија. 32 илјади за трансродов стрип во Перу. Не знам за вас, но како американски даночен обврзник, не сакам моите долари да одат кон ова ѓубре и знам дека американскиот народ не сака исто така.-Каролин Левит – Портпаролка на Белата куќа.
Со укинувањето на УСАИД, околу 10.000 вработени по автоматизам остануваат без работа, а некои од нив веќе почнаа да ги празнат канцелариите во Вашингтон.
Слушнавме дека Одделот за владина ефикасност е тука и ги отстранува ознаките и потоа во саботата сите веб-сајтови паднаа, па изгубив пристап до мојот компјутер. Ме однесоа до моето биро, ги спакував моите работи и ме испратија веднаш доле.
Проектите на УСААИД се замрзани 90 дена, за да бидат преиспитани, а потоа тие што ќе продолжат да се финансираат ќе бидат во рамктите на Стејд Департментот... Ваквата одлука на новата администрација предизвика протести, а дел од на демократите го обвинија Трамп дека се обидува да наметне диктатура.
-Ова е замрзнување од 90 дена кое ќе ни овозможи сега да ги разгледаме програмите. Пред да го направиме замрзнувањето не можевме да дознаеме ништо за овие програми, УСАИД особено одбиваше да каже било што. Не кажуваа каде одат парите, за што се, кој ги има? Ова не се мои пари, ова се пари на даночните обврзници,-Марко Рубио – Државен секретар на САД.
-Сведоци сме на уставна криза. Ние говоревме за Трамп дека сака да биде диткатор од првиот ден и тука сме. Вака изгледаат почетоците на диктатурата. Кога ќе го искинете уставот и ќе се инсталирате себеси како единствена сила. Така се прават диктатори,--Илхан Омар - Конгресменка..
УСАИД е присутен во земјава од 1993 година, а досега според проценките има донирано над 1 милијарда долари. На прославата на три децении од партнерството, пред 2 години, амбасадорката Агелер кажа дека во фокусот биле проектите за подобрувањето на економската продуктивност, поттикнување на младите и борбата против корупцијата. Само за обуки и помош на судството и обвинителството, потрошиле пола милијарда.