​Во Драчево започна изградбата на еден од најголемите фитнес центри во Македонија - Канал 5

​Во Драчево започна изградбата на еден од најголемите фитнес центри во Македонија

Драчево добива нов, модерен спортски објект. Денес свечено започна изградбата на еден од најголемите и најсовремените фитнес и бодибилдинг центри во Македонија.

​Во Драчево започна изградбата на еден од најголемите фитнес центри во Македонија

Новиот објект, „Olympia Fitness“, ќе се простира на површина од 2.850 квадратни метри и претставува приватна инвестиција вредна над еден милион евра. Центарот ќе понуди врвни услови за тренинг, здрав живот и спортски дух, а ќе отвори и нови 20 работни места за жителите на општината.

-Ова е инвестиција вредна над еден милион евра, која ќе создаде 2.850 квадратни метри софистициран простор за спорт и рекреација, и ќе обезбеди нови работни места за околу 20 наши сограѓани. Ова ќе биде центар кој ќе овозможи на граѓаните врвни услови за тренинг, здрав живот и спортски дух- истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешниот настан.

Тој потенцираше дека ваквите проекти не се случајност, туку резултат на зголемената доверба што Општина Кисела Вода ја има стекнато кај инвеститорите во последните неколку години.

-Инвестициите како оваа не се случајност. Тие се резултат на зголемената доверба која нашата општина ја стекна кај инвеститорите. Денес, Кисела Вода е препознаена како средина што нуди стабилност, транспарентност и поддршка за сите што сакаат да вложат и да градат. Нашиот пристап е јасен – работиме законски, посветено и со визија за подобра иднина- додаде Ѓорѓиевски.

Изградбата на „Olympia Fitness“ е само дел од поголема стратегија за развој на спортската инфраструктура во општината. Во изминатите 3.5 години, се работеше интензивно на изградба и реконструкција на спортски терени, сали и центри ширум Кисела Вода.

-Како градоначалник, силно сум посветен на изградбата на спортска инфраструктура. Во изминатиот период, работевме на изградба и реконструкција на спортски терени, спортски сали и спортски центри ширум целата општина, а привршува и целосната реконструкција на салата “Расадник”. Создаваме нови простори каде што спортот и рекреацијата ќе станат достапни за сите, бидејќи здравата младина и активното население се основа за силна заедница- рече тој.

Со овој нов проект, Драчево добива не само нова локација за тренинг и спорт, туку и симбол на развојот и визијата за една поинаква, модерна и функционална општина. Кисела Вода продолжува да се позиционира како општина на инвестиции, активен живот и здрави генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер