„Во дебелото црево имаме девет килограми наслаги“?! (видео) - Канал 5

„Во дебелото црево имаме девет килограми наслаги“?! (видео)

Доктор ја открива вистината за чаевите за детоксикација и остро ја осудува рекламата која кружи на социјалните мрежи.

„Во дебелото црево имаме девет килограми наслаги“?! (видео)

Сигурно барем еднаш сте слушнале реклама за чистење на организмот од токсини со помош на бројни напитоци, сокови, чаеви, а денес постојат неколку компании кои ги продаваат своите детоксикациски напитоци. Доктор Александар Матиќ се позанимава со реклама на социјалната мрежа Tикток која не можеше да помине незабележано. Имено, лицето од видеото тврди дека во дебелото црево има девет килограми наслаги, што тој го смета за апсолутно неточно.

- Ако имате повеќе од 40 години и никогаш не сте го чистеле вашето тело од токсини, знајте дека во вашето дебело црево имате приближно девет килограми наслаги кои не излегуваат туку остануваат внатре. За да се ослободите од нив, треба да си го исчистите телото – вели личноста која промовира програми за детоксикација, а на тоа видео на Тикток одговора и докторот кој има своја порака.

Притоа, тој сака да објасни што всушност се токсините.

- Првото нешто за кое треба да се разговара се токсините, ова е поим кој е широко распространет на социјалните мрежи. Кога некој ќе го спомне тоа, корисно е да ја прашате таа личност на кои токсини мисли, во која количина се наоѓаат и како влијаат на здравјето, а ако таа личност не го знае одговорот, само блокирајте ја. Секоја супстанција, дури и водата може да биде токсична, во зависност од дозата. Има супстанци кои се потоксични, точно е и затоа имаме црн дроб кој врши детоксикација, ги претвора тие штетни хемикалии во супстанци растворливи во вода и ние ги исфрламе преку бубрезите. Следното тврдење е дека во цревата имаме девет килограми токсини - за среќа ова е научна фантастика бидејќи клетките што ја обложуваат внатрешноста на нашите црева се обновуваат на секои четири или пет дена и се исфрлаат надвор, па не е можно нешто да се акумулира.

Под знак прашалник е и терминот детоксикација, па докторот вели дека самиот процес го спроведуваат нашите органи, а не чаевите.

- Спомнавме дека надворешната детоксикација не е неопходна, бидејќи црниот дроб и бубрезите вршат доволна детоксикација, а доколку ни е потребна надворешна детоксикација, сите луѓе кои не го прават тоа веќе би „завршиле со кариерата“. Но, би требало да позборуваме и за тоа дека покрај губењето пари, користењето на разни чаеви за детоксикација би можело да биде штетно. Повеќето од тие чаеви, за да изгледаат ефикасни, имаат лаксативно дејство, поради кое би можеле да бидат штетни – вели докторот во видеото.

@dralexmatic23 Toksini 😱😱😱 #detox #toxin #scary #dr #medicina ♬ Chopin Nocturne No.2 Op.9-2(1391533) - 314P

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со мала локална облачност и температура до 25 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Утре сончево време со мала локална облачност и температура до 25 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

12 Попова Шапка, 14 Крушево, 18 Берово, Претор, 19 Охрид, 20 Прилеп, 21 Крива Паланка, 21 Битола, Виница, 22 Тетово, Штип, 23 Кавадарци, 24 Зајчев Рид, Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро, наместа со мала облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од среда попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?

Министерот за правда Јетон Шасивари ги повика на консултативно-информативна средба студентите и деканите на правните факултети за да им го презентира законското решение за начинот на полагање на правосудниот испит. 

Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?

Комбиниран модел за полагање на правосудниот испит, 12 предмети или теоретскиот дел да се полага на албански јазик, а два предмети кои го сочинуваат практичниот дел да се полагаат на македонски јазик – ова е предлгоот на министерто за правда Шасивари што денеска им го презентираше на студентите Албанци што два пати протестираа за ова прашање.

Шасивари вели дека целта е да се најде современо решение, усогласено со Уставот, законите и европските стандарди, со кое ќе се почитуваат јазичните права, но и професионалните стандарди на правосудниот испит. За законското решение рече дека ќе побара и мислење од Венецијанската комисија.

„Нашата определба е конечниот предлог да биде усогласен со највисоките европски правни стандарди. Затоа ќе побараме и мислење од Венецијанската комисија како најреномирано европско советодавно тело за уставноправни прашања. Измените немаат за цел создавање паралелени системи за полагање на правосудниот испит, туку воспоставување единствен модел во кој јазичната инклузивност и професионалните стандарди меѓусебно се надополнуваат.“

По средбата со министерот, студентите Албанци се прогласија за победници, но не се задоволни од понуденото решение. порачуваат дека не прифаќаат делумно решение и се подготвени повторно да излезат на улица доколку нивното барање целиот испит да биде на албански јазик, не биде исполнето.

„Она што го постигнавме денес, со еден збор, би го нарекол победа на Студентското движење и на сите што излегоа на улица. Но, јасно му кажавме на министерот Шасивари дека правосудниот испит треба да биде 100 проценти на албански јазик и дека треба да се спроведува Законот за употреба на јазиците.“

Со реакција излегоа од ДУИ, од каде го отфрлија предложениот модел и го обвинија Шасивари дека наместо доследна примена на Законот за употреба на јазиците, нуди компромис со кој, според партијата, се доведуваат во прашање уставните и законските права на студентите Албанци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонците испраќаат мисија на месечината на Марс

Јапонска вселенска сонда треба да се лансира кон Марс со план да го слета германско-францускиот ровер Idefix на марсовската месечина Фобос во 2029 година.

Јапонците испраќаат мисија на месечината на Марс

Беспилотната мисија, позната како Martian Moons eXploration (MMX), предводена од Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA), има за цел да ги донесе првите примероци од Фобос на Земјата во 2031 година. JAXA соопшти дека лансирањето е закажано за вторник во 4:41 часот по локално време од Јапонската агенција за вселенски истражувања на островот Танегашима, југозападно од Јапонија, со ракета H3.

Според Германскиот воздухопловен центар (DLR), рокот за лансирање е до 7 ноември. Се очекува вселенското летало да стигне до Марс во 2027 година, по патување од околу една година, и да влезе во орбитата околу планетата.

Роверот „Идефикс“, развиен од француската и германската вселенска агенција, потоа треба да се одвои од вселенското летало на надморска височина од приближно 40 метри над Фобос, околу преминот од 2028 до 2029 година. Роверот ќе падне слободно на површината, по слетувањето ќе стане и ќе почне да ја истражува Месечината.

Амбициозен план

Според DLR, „Идефикс“ е со големина на гајба за пијалоци и тежи само 25 килограми, но е опремен со повеќето инструменти што се наоѓаат на научните ровери со полна големина. Благодарение на неговата лесна конструкција и ниската гравитација на таа месечина, може да слета директно на Фобос, без посебен модул за слетување. Се очекува „Идефикс“ да ја истражува површината на Месечината околу 100 дена и со тоа да стане првиот ровер што ќе работи на една од месечините на Марс.

Фобос и Деимос, заедно со Месечината на Земјата, се единствените природни сателити во внатрешниот Сончев Систем. И двата се многу помали од Месечината на Земјата и се со неправилна форма. Фобос е малку помал од 27 километри во својата најширока точка, додека Деимос има максимален дијаметар од приближно 15 километри. Температурите на Фобос се движат од минус 150 до 30 степени Целзиусови. Целта на мисијата MMX е да помогне да се утврди дали двете месечини се астероиди заробени од гравитацијата на Марс или се формирани од остатоци фрлени во вселената од џиновски удар врз Марс.

Според JAXA, мисијата треба да придонесе и за подобро разбирање на потеклото на Марс и Сончевиот систем, како и за истражување на потеклото на животот.

Роверот Idefix е развиен од француските и германските вселенски агенции. Го добил своето име од стриповите за Астерикс, во кои кучето се вика Idéfix на оригиналниот француски. Тоа е игра на зборови заснована на изразот idée fixe, односно фиксна идеја или опсесија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер