ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја продолжува политиката на национални отстапки, нема да има уставни измени без гаранцииВенко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост.Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ. Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, нови вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија. Филипче нема прецизни ставови за тоа како би се спречиле идни блокади и вета, ниту како би се обезбедила сигурност дека државата нема повторно да се соочи со нови блокади. Уставните измени за промена на името беа последните што ги спроведоа СДС и ДУИ, а денес Филипче се обидува да го наметне истото сценарио. Членството во ЕУ останува стратешка цел, но тоа не смее да биде оправдување за прифаќање нови отстапки без јасен исход и без заштита на националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно СДС и Венко Филипче да ја газат волјата на граѓаните. Националните интереси мора да бидат заштитени и секој следен чекор на евроинтегративниот пат треба да биде заснован на јасни гаранции. Наместо да извлече поука од претходните искуства, Филипче денес ги повторува истите аргументи и ја застапува истата политика на СДС на отстапки без гаранции.Тој работи на исполнување на туѓи агенди и се додворува на Бугарија за да дојде на власт, вели дека веднаш би ги спровел уставните измени. Македонија заслужува достоинствен европски пат без нови условувања и отстапки. Граѓаните заслужуваат одговорна политика која ќе ги брани државните позиции и ќе обезбеди сигурна иднина. А СДС ја доведе земјата во ситуација да го промени државното име, тоа што го ветуваа за влез во ЕУ не се случи, и само ја доведоа Македонија да биде мета на идни билатерални спорови, да биде ветоизирана и во позиција на блокирана преговарачка рамка. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Пред „пензија“ на јахта се соблече најатрактивната светска тенисеркаИако сезонава имаше само неколку настапи, 36 годишната тенисерка Виталија Дјаченко е на прагот на повлекување од професионалниот спорт. Од многумина сметана за најатрактивната тенисерка во светот, таа својот последен натпревар го одигра уште во мај оваа година. На нејзиниот профил на ВТА (WTA) таа е заведена како неактивна, иако евиденцијата на ИТФ (ITF) покажува нејзини настапи во текот на 2026 година. Останува нејасно дали таа има намера да продолжи со натпреварувањето, но очигледно е дека крајот е близу. Интересно е што во последниве години Дјаченко привлече поголемо внимание со своите гламурозни фотографии на социјалните мрежи, додека нејзините спортски резултати се послаби отколку во нејзините најдобри години. Нејзиниот најдобар пласман беше 71-то место на ВТА-листата во 2014 година, а во 2018 година стигна до третото коло на Вимблдон. На тој турнир, во првото коло, таа ја победи големата Марија Шарапова. Нејзините најнови објави само потврдуваат зошто таа го има статусот на една од најзачудувачки убавите тенисерки на Турнејата. Таа ја покажа својата беспрекорна фигура додека летуваше во Бодрум. Тагови: тенисерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметникАмериканската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски. Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно. Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум. Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс. Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“. Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook