Власта и опозицијата спротивставени кога да се оди на избори - Канал 5

Власта и опозицијата спротивставени кога да се оди на избори

Власта и опозицијата со различни толкувања кога земјава ќе биде подготвена за одржување на парламентарните избори.

 Власта и опозицијата спротивставени кога да се оди на избори

Иако термините не се споменуваат и пред неколку дена сите политичари велеа дека е рано да се зборува на оваа тема, брзи избори навести владејачката СДСМ. Претседателот на партијата Зоран Заев вели дека треба да се искористи првата шанса штом има услови, бидејќи наесен постојат ризици од втор бран на ширење на вирусот. Тој смета дека неговиот политички опонент бега од изборно соочување поради страв од пораз.

- Она што јас го очекувам е Република С.Македонија да ја зграпчи првата можност кога може да оди на избори зашто не знаеме кога ќе има втора можност. Светот зборува, и нашите експерти го кажуваат тоа, дека можно е есента да се случи повторен пик на вирусот. Дај Боже да не се случи, но ако се случи ние ќе влеземе во пробивање на сите уставни рокови околу мандатот на пренесените надлежност од граѓаните на политичарите- Зоран Заев – претседател на СДСМ.

Сигурен дека ќе биде идниот мандатар за нова Влада е и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, но вели кога ќе има услови, а не додека во земјава броиме жртви од корона вирусот. Смета дека најпрво е потребно заздравување на здравствено-економската состојба, а за функционирањето на државата без Собрание со техничка Влада, Мицкоски очекува дебата на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.

Од ДУИ за Канал 5 велат дека нивен приоритет и понатаму е победа над вирусот, но партијата е подготвена за изборната трка кога ќе има услови граѓаните безбедно да излезат на гласачките места.

Одлуките за мерките и уредбите за справување со корона кризата се во рацете на техничката Влада, бидејќи од 16ти февруари Парламентот е распуштен, а спикерот Џафери одби да го свика повторно да заседава до формирање на нов состав. Во меѓувреме течат и роковите за распишаните избори, но иако нереализирана остана само кампањата од дваесетина дена, од Државната изборна комисија велат дека сега им се потребни околу 50 денови пред изборниот ден за подготовки на целиот процес со оглед на околностите.

YouTube video

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

 Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди.

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди, изјави синоќа шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Луиџи Сорека.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Сорека информира дека Советот на министри на Босна вчера усвоил шест закони за интелектуална сопственост, изготвени со финансиска поддршка од ЕУ.

„И покрај длабоката политичка и уставна криза во Босна, оваа одлука покажува дека законите може да се донесат кога постои политичка волја“, напиша Сорека.

Тој го повика Парламентот на Босна да го поддржи пакетот закони за интелектуална сопственост. „Босна и Херцеговина сè уште не ги исполнила потребните услови за отворање на преговорите за членство, ниту го прифати реформскиот дневен ред што би ѝ овозможил да добие милијарда евра за спроведување на реформите во рамки на Планот за раст. Сега е моментот да се преземат сите чекори во корист на граѓаните“, нагласи Сорека.

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2022 година, а во 2024 година официјално ги започна преговорите за пристапување.

Мицкоски: Започна реконструкцијата на старото кино „Партизан“ во Битола

Генерално и министерот и градоначалникот кажаа тоа што е денес цел на нашата работна посета. 

Мицкоски: Започна реконструкцијата на старото кино „Партизан“ во Битола

Денес да ги посетиме сите овие објекти коишто ги споменаа и градоначалникот, еве сме на првиот за којшто зборуваше и министерот. И убеден сум дека сето ова значи додадена вредност и ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на битолчани.

Уште еднаш сакам да му честитам на градоначалникот за посветената работа досега. Се разбира очекувам убедлива победа на локалните избори уште во првиот круг и успешна работа и во иднина. Мнозинство во советот, се разбира, коешто ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како до сега коешто ќе прави опструкции и ќе ја кочи работата на градоначалникот, по која било цена. За жал, поради тие опструкции и тоа кочење не сме во можност да почнеме уште еден долгоочекуван проект, а тоа е спортската сала. Но, се надевам дека во следниот мандат и тоа ќе го отпочнеме.

Топлификација се завршува, се почнува пречистителна станица, 15-тина милиони во улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола, еве и ова што го спомна министерот, овде што е позади нас, старото кино. Така што генерално, кога сè ќе се изанализира и собере повеќе од 100-тина милиони евра, влегуваат сигурно во Битола во периодот што следи.

Да се заблагодарам на администрацијата во Општината што ја следи работата, на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на пратениците во македонскиот Парламент, колегите во Владата.

Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било, и така и ќе остане.

Ал-Наср го отпушти извршниот директор Мајед Ал-Сорур, тој ќе го тужи клубот

Ал-Наср објави отказ за извршниот директор на клубот Мајед Јаман Ал-Сорур.

Ал-Наср го отпушти извршниот директор Мајед Ал-Сорур, тој ќе го тужи клубот

- Добиени се информации од внатрешни и надворешни извори во врска со одредени постапки на извршниот директор, врз основа на кои Управниот одбор одлучи да го суспендира и да спроведе истрага. Ал-Сорур беше официјално известен и целосно запознаен со сите детали. За време на истрагата, извршниот директор ги прекршил своите обврски објавувајќи твит од неговиот личен профил и наштети на угледот на компанијата. По ова, Управниот одбор едногласно одлучи да го раскине договорот со извршниот директор, се вели во соопштението на клубот.

По добиениот отказ, Ал-Сорур најави поднесување тужба против клубот.

-Денес моите услуги беа прекинати на начин што го сметам за непрофесионален, несоодветен и неприфатлив. Затоа, ќе започне правен процес помеѓу мене и управата што го води нашиот клуб, напиша Ал-Сорур.

Ал-Наср заврши на третото место во Премиер лигата на Саудиска Арабија во сезоната 2024/25.

Од 2023 година за Ал-Наср настапува португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо.

притисни ентер