3Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
Култура„Вкусот на Франција“ во Скопје Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје со француска вечера во Центарот „Јавна соба“ вторпат ќе ја организираат манифестацијата „Вкусот на Франција“.Настанот е по повод Деновите на франкофонијата, а француска вечера ќе биде организирана на пет континенти со илјада ангажирани готвачи. Иницијативата е на реномираниот готвач Ален Дикас и на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој. За менито во „Јавна соба“ ќе биде задолжен готвачот Марк де Јонг. Со тим соработници од Македонија тој денеска ќе подготви вечера за околу 120 гости кои ќе ги дегустираат вкусовите од Франција. Амбасадорката на Франција Лоренс Оер на прес-конференција по повод манифестацијата, рече дека француската гастрономија е основен елемент на француската култура и традиција, впишана е на листата на светско наследство на УНЕСКО и е значаен сегмент од туристичката понуда на Франција. - Целта на настанот „Вкусот на Франција“ е француската кујна да им стане попристапна на луѓето. Сакаме да се прошири и во Битола, Тетово и во други градови, и да имаме и француски ресторани. Кујната е нешто што ги зближува луѓето, таа е момент на задоволство и споделување, а таков момент ќе имаме во понеделник, рече Оер. Таа рече дека ја сака и македонската кујна и подготовката на здрава храна и многу зеленчук. Наоѓа и сличности меѓу двете кујни, споредувајќи го тавче-гравче со француското касуле или блискоста во вкусовите на вината мускат и траминец. Покрај вечерата во „Јавна соба“, ќе има француска вечера и за високи гости во Резиденцијата на Франција во Скопје. Готвачот Марк де Јонг ќе ги даде идеите и искуството за менито, а во подготовката на состојките ќе му помага тим од македонски готвачи и соработници од „Јавна соба“. - Се што имате овде, во Македонија - зеленчукот, овошјето, се е многу вкусно. Тоа е поради поднебјето, имате многу сончеви денови во годината и затоа се е добро. Јас уживам овде во кујната. Откога дојдов пред две години, кујната целосно ми се смени. Работам повеќе зеленчук и овошје. Јас и другите што ќе дојдат ќе ви покажеме како може да се готви на друг начин со се она што го има во Македонија. Тоа е поентата, рече Марк де Јонг. Тој го откри менито за вечерата - специјалитети од неколку француски региони и типични француски производи, ќе има супа од кромид подготвена на традиционален начин, салата од рукола вргањ и магдонос, свинско филе во сос од сенф со мешан зеленчук, француско сирење со мед, нормандиска пита со јаболка и калвадос./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЗавршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак ЃоковиќНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Завршниот мастерс во Торино, за првпат по 2017 година, со што завршува неговата деветгодишна низа. Српскиот тенисер не успеа да се квалификува за завршниот турнир во сезоната, откако во второто коло на Мастерсот во Париз загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со резултат 2:6, 6:3, 6:3. Ѓоковиќ го освои првиот сет против 83-тиот тенисер во светот, но потоа неговата игра опадна. Хиџиката го подигна нивото на својата игра, ги искористи укажаните шанси и оствари една од најголемите победи во својата кариера. За српскиот ас, ова значеше крај на сите надежи за пласман меѓу осумте најдобри тенисери кои ќе се борат за титулата во Торино. Ова е само вторпат во последните 20 сезони Ѓоковиќ – иако е физички подготвен – да не настапи на Завршниот мастерс. Претходно тоа се случи во 2017 година, кога го пропушти натпреварувањето поради повреда на лактот. Седумкратниот победник на овој турнир, по долго време, ќе го следи крајот на сезоната надвор од терените. Зад него е бурна година, одбележана со проблеми што влијаеја врз континуитетот на неговите настапи. На почетокот на ноември, Ѓоковиќ изјави дека е блиску до решение за здравствените проблеми што го следеа во текот на изминатите 12 месеци. Тој нагласи дека неговите проблеми не се резултат на недоволен тренинг или подготовка, туку на здравствени околности. „Оваа година фокусот беше на тоа да се чувствувам добро на теренот, а не толку на добрата игра. Во последно време се чувствувам подобро и верувам дека сме поблиску до решавање на проблемите со кои се соочувам“, изјави Ѓоковиќ. Иако не успеа да обезбеди учество во Торино, Ѓоковиќ ја освои титулата во Пекинг во 2026 година, што беше 102-ри трофеј во неговата кариера. Сезоната ја одбележаа и пласманот во финалето на Австралија Опен, како и во полуфиналето на Вимблдон.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банкаПремиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната Надзорна расправа за „Причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, му порача на премиерот Мицкоски дека единствено што знае е да спинува и дефокусира за да ја избегне одговорноста за Алта банка. Филипче во дополнителното прашање го повика Мицкоси да одговори која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума. „Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Алта банка влезе кај нас кога сте вие премиер, кога Трајко Славески е гувернер. Што се зборувало на тие седници на Владата тогаш, тогаш сте правеле континуитет од тие одлуки, тогаш на владата или имате забелешки само на еден дел од одлуките на тие влади на СДСМ или само така како што ви одговара? Не може да се амнестирате од одговорноста. Ја браните банката како ваша да е, како тука да влезе Дојче банка или не знам која светска банка, а не Алта банка чиј сопственик сега е во затвор заради перење пари во Србија. Тоа е вистината. Имате обврска да знаете за каков, за каков кредибилитет станува збор на газдата на банка којашто влегува тука на пазарот. И тоа што сега се случува е само доказ дека ние на тоа што укажувавме изминатите година дена беше вистина. Клучното прашање е зошто дозволивте, и на тоа не одговоривте влез на таква банка кај нас, за да сега граѓаните имаат таков проблем. Вие може да дефокусирате и да зборувате и за ковид кризи и за маски и за вакцини и така натаму, ама тоа го правите во последно време ексклузивно кога немате одговор на другите суштински прашања. Давор Мацура е во затвор затоа што е осомничен за перење пари и за излекување близу 400 милиони евра. Таков газда на таква банка влегла кај нас. Зошто не видовте како била казнета или намерно пропуштивте да видите како таа банка била казнета во Австрија, согласно австриските закони, европските закони. Па во Црна Гора наивни ли се што му забраниле влез на Давор Мацура во земјата? Која е цената која што ние сега сите треба да ја платиме за нестабилноста во банкарскиот сектор, за сомнежот којшто граѓаните го имаат во банкарскиот сектор? Кој знае каква банка утре ќе влезе? Можеме повторно и за Евростандард да збориме, ама не е тоа суштината. Суштината е да се фокусираме на овие важни прашања и на вашата одговорност. Која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.Тоа се суштинските прашања, а не ковидот, не вакцините и така натаму“, рече Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго МаневскиСо положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување.Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината. Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а трагично го загуби животот на 11 ноември 2001 година во селото Требош, како припадник на македонските безбедносни сили. Со достоинство и почит, Општина Илинден го чува споменот за храброста, пожртвуваноста и херојското дело на Драго Маневски, во чија чест спортскиот комплекс во населба Илинден го носи неговото име, како траен симбол на благодарност и почит кон неговата жртва за татковината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook