„Високата мода“ на Древен Египет: Фустан исплетен од монистра од вештачки бисери - Канал 5

„Високата мода“ на Древен Египет: Фустан исплетен од монистра од вештачки бисери

Древноегипетска облека исплетена од монистра од фајанс-бисери, веројатно направена со намена за женски погреб, е пронајдена во Гиза. Погребниот свечен фустан на кралицата Хенуцен, се верува, е скроен околу 2551 до 2528 година пр.н.е. 

„Високата мода“ на Древен Египет: Фустан исплетен од монистра од вештачки бисери

Истражувачите го откриле овој археолошки наод во гробница од Старото Кралство. Се работи за времето на владеењето на кралот Хуфу во Гиза. Според американскиот Музеј на ликовни уметности во Бостон, којшто ја чува оваа облека и неколку други примери со монистра, оваа мрежа била направена од ленена нишка и фајанс - глазирана ќерамика направена од ситно мелен кварц. Ленената нишка што ги држела 7.000 монистра заедно, се распаднала, но врз основа на тоа каде се пронајдени монистрата и како овој вид облека бил прикажан во древноегипетската уметност, експертите успеале да ја реконструираат сложената облека.

Смесата од фајанс - во случајов, пред печењето била измешана со бакар, којшто ѝ дал на монистрата сина и сино-зелена боја, што ги имитира полускапоцените камења лапис-лазули и тиркизната боја.

YouTube video

Мрежата од бисери со средна должина има здолниште со дијамантски шари и струк во стилот на Египетското Старо Кралство направен од редови вертикално нанижани фајансни монистра. Фустанот има и деколте во концентрични кругови, а на дното има ресички од школки и морски полжави. Фустанот од монистра веројатно била облечена преку ленен фустан или зашиена директно на него, но не и без ништо.

Бидејќи египетските монистра од фајанс се доста кршливи, фустанот можеби се носел само во посебни пригоди, или веројатно бил направен специјално за погреб на жена, според Том Хардвик, египтолог во Природонаучниот музеј во Хјустон. Сино-зелените нијанси на фустанот можеби ја симболизираат реката Нил и пролетта, што, според научникот, било поврзано со египетското верување за воскресение во задгробниот живот. Овој фустан од монистра е најраниот преживеан пример на овој стил, според Музејот во Бостон. Само околу дваесетина фустани од монистра се чуваат во музеите ширум целиот свет. Од нив, два се реконструирани во Бостон, а еден е реконструиран во Музејот „Петри“ при Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија.

Кога Џенет Џонстон, стручњак за древна египетска облека и консултант за облека, чијашто специјалност е толкување и пресоздавање древноегипетска облека, го реконструирала фустанот во „Петри“, рекла дека тој е премногу тежок за редовно носење, објави „Лајв сајенс“.

До периодот на Новото Кралство (1550 до 1070 година пр.н.е.), фустанот од монистра со мрежа се чини дека „излегол од мода“, бидејќи поедноставните мрежи од монистра станале популарни - како погребни предмети. Овие „монистрални наметки“ биле пронајдени и на мумии од Новото Кралство, откривајќи дека додатоците од монистра со векови останале важен дел од древноегипетските погребни обреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. 

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем.

Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.

Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.

Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.

Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата.

Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.

Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.

Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.

Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата.

Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.

Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар.

Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.

Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.

На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.

Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!

Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.

Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.

Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.

Нашата порака до Мицкоски е јасна:

Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.

Доаѓа крај на твојата криминална банда.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

​Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка.

Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер.

Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!

Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер