„Виски и фризури“ – вечер која на прв поглед изгледа неочекувано, но во суштина носи една многу важна порака - Канал 5

„Виски и фризури“ – вечер која на прв поглед изгледа неочекувано, но во суштина носи една многу важна порака

ШТРК е платформа и заедница создадена од родители, за родители – место каде што споделуваме искуства, знаење и реални приказни од секојдневието со деца.

„Виски и фризури“ – вечер која на прв поглед изгледа неочекувано, но во суштина носи една многу важна порака

Како дел од нашата поширока иницијатива за свесно и модерно родителство, континуирано создаваме содржини, настани и ресурси кои ги охрабруваат родителите да бидат информирани, присутни и вклучени – без притисок да бидат совршени.

Соработуваме со релевантни експерти од различни области со цел да ја намалиме галамата од контрадикторни информации и да им овозможиме на родителите пристап до проверено, разбирливо и применливо знаење.

Воедно, преку нашата платформа за втора рака бебешки и детски продукти, активно промовираме одржливо живеење, поттикнувајќи повторна употреба, свесна потрошувачка и поддршка меѓу родителите.

Еден од тие настани беше „Виски и фризури“ – вечер која на прв поглед изгледа неочекувано, но во суштина носи една многу важна порака. Заедно со @mali_dzvezdi и @sipandcreate.skopje, создадовме простор каде што татковците имаа можност да научат нешто ново – како да направат фризура на своите ќерки.

Она што го видовме беше многу повеќе од фризури.

Видовме татковци кои се трудат, кои учат, кои излегуваат од својата комфор зона – за да бидат поблиску до своите деца. Видовме моменти на несигурност, смеа, обиди и грешки… но пред сè, видовме љубов во наједноставна и најискрена форма.

Овој настан е дел од нашата визија да го промениме начинот на кој гледаме на родителството – да го направиме поинклузивно, поддржувачко и ослободено од стереотипи. Да ги охрабриме татковците да бидат активен дел од секојдневието на своите деца, а мајките да знаат дека не се сами.

Во ШТРК веруваме дека не постојат совршени родители – постојат родители што се трудат.

А токму тие моменти на труд, присутност и љубов се тие што навистина прават разлика, велат од ШТРК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафе

Штом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.

Еве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафе

Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода.

Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот.

Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот.

Спас за желудникот и варењето

Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт.

Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика.

Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење.

За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата.

Златно правило на хидратација

Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци).

Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.

Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter.

Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“.

Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил.

Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет.

Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град.

„Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми.

На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат.

Според него, фондот моментално има околу 275 долари.

Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка.

И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне.

Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)

Ана Беатрис Араухо (22), која почина во саботата откако беше удрена од гром во градот Алмас, во југоисточната бразилска држава Токантинс, беше опишана како „радосна, полна со соништа и многу посветена“. 

Гром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)

Младата жена, која некогаш беше избрана за кралица на родеото на градот, неодамна се запиша на колеџ и зад себе остави син.

Кумата на Ана, Марсела Батиста, рече дека ја следела младата жена во текот на целиот свој живот и нагласи колку била посветено нејзиното кумче.

Ана Беатрис била пред својот дом во градот Алмас во саботата кога почнал да врне и била удрена од гром. Таа била лекувана и однесена во болница во Порто Насионал, но им подлегнала на повредите, објавува „Глобо“.

Според Марсела, Ана Беатрис имала големи надежи за иднината. Неодамна се запишала на првиот семестар физиотерапија и ги балансирала универзитетските обврски со грижата за своето семејство.

Кумата рекла дека Ана имала силна личност и знаела како да ги насмее луѓето.

„Таа беше млада жена полна со соништа и планови. Нејзините одлики беа веселоста и шегите. Засекогаш ќе биде запаметена по својата автентичност, интелигенција и волја“, рече кумата.

Покрај тоа што беше посветена на студиите, младата жена беше и мајка и многу се грижеше за своето семејство.

„Таа беше примерна и грижлива мајка. Беше многу приврзана кон своето семејство. Секогаш доаѓаше да ги поминува викендите со својата мајка, се грижеше за своите сестри, им ја средуваше косата и подготвуваше вкусна храна“, се присети Марсела.

Откако ја потврди нејзината смрт, Синдикатот на земјоделци од Алмас издаде соопштение со сочувство за нејзиното ненавремено заминување и изрази солидарност со нејзините пријатели и семејство.

Според Секретаријатот за јавна безбедност, околностите на смртта ги истражува 100-тата полициска станица во Алмас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер