„Virgin Galactic“ќе го лансира првиот туристички лет во вселената, патниците се старец и 2 жени

Осудеет годишен поранешен олимпиец со Паркинсонова болест ќе биде еден од тројцата патници на првиот туристички лет во вселената на „Virgin Galactic“, кој ќе полета утре.

Џон Гудвин, од Њукасл, ќе им се придружи на Кеиша Шахаф (46) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), која студира физика во Абердин, на „VSS Unity“ за 90-минутното патување.

Двете жени ќе бидат првите мајка и ќерка кои ќе патуваат во вселената откако го освоија посакуваното место на лотарија, а Гудвин го обезбедил своето место пред 18 години откако купи билет од 250.000 долари. На триото ќе им се придружи и астронаутската инструкторка Бет Мозес.

По полетувањето во 16 часот од Ново Мексико, САД, „VSS Unity“ ќе се одвои од својот мајчин брод „VMS Eve“ и ќе ги однесе во суборбиталниот простор, каде што накратко ќе доживеат бестежинска состојба, гледајќи назад кон Земјата.

Патувањето ќе собере средства за „Space for Humanity“, непрофитна група која се обидува да испрати обични граѓани во вселената за да им даде поголема перспектива за предизвиците со кои се соочува Земјата.

Во јуни, „Virgin Galactic“ на Сер Ричард Бренсон успешно го заврши првиот комерцијален лет на компанијата во вселената. На тој лет, италијанските астронаути беа испратени во вселената за да спроведат серија научни експерименти. Компанијата ја нарекува првата приватна астронаутска мисија „Galactic 02“.

Извор: Индекс.хр

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер