Култура„Викај ги среќа“ - заедничка претстава на актери од МНТ и актери аматери со Даунов синдромАктери од МНТ и млади актери аматери со Даунов синдром на 20 март на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе ја изведат претставата „Викај ги среќа“ во пресрет на одбележувањето на 21 Март, Светски ден на Даунов синдром. Режисери на претставата, која ја подготвува Центарот за Даунов синдром во соработка со МНТ и со поддршка на Министерството за култура, се Златко Славенски и Куштрим Бектеши. Во рамки на одбележувањето на Светски ден на Даунов синдром ќе се одржат и повеќе други настани. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска на прес-конференција во МНТ рече дека во рамки на заложбите за подобрување на квалитетот на културното живеење на лицата со посебни потреби вовеле неколку мерки кои овозможија овие граѓани бесплатно без никаков надомест да ги следат културните содржини во институциите од областа на културата, а нашите настојувања во иднина ќе бидат овие лица да бидат уште поактивни чинители во креирањето на културните содржини. Таа посочи дека театарската претстава „Викај ме среќа“ е дел од годишната програма на Министерството за култура. Ги наброја и останатите учесници во проектот како што се Александар Ношпал, кој ги изработи костимите за претставата, кореографот Александра Кочовска – Начева, Маријана Котевска Георгиева која го напиша текстот, како и „3D проект студио“ на Милчо Узунов кои ги изработија видео проекциите. - Уверена сум дека создавањето на оваа театарска претстава беше исклучително искуство за сите учесници во проектот особено за младите актери со Даунов синдром меѓу кои верувам дека се кријат бројни таленти со огромна креативност кои понатаму ќе се профилираат токму во театарската сфера, рече Канческа Милевска. Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, нагласи министерката, несомнено не обврзува да се осврнеме и да се насочиме кон активностите и проектите кои во иднина треба да ги реализираме во насока на задоволување на потребите на оваа категорија граѓани. Таа ги повика сите здруженија на граѓани и натаму да аплицираат на конкурсите на Министерството кои овозможуваат финансиска поддршка за нивните активности од областа на културата. - Министерството за култура и нашите институции се отворени за соработка и иницијативи се со цел да го унапредиме културното живеење на лицата со Даунов синдром, да ги стимулираме нивните креативни потенцијали, да градиме заеднички вредности кои не спојуваат, додаде Канческа-Милевска. Претседателот на Центарот за Даунов синдром, Ива Мантон рече дека годинaшното мото на Светската организација за Даунов синдром е „Моите пријатели, моја заедница“. - Сите ние треба да бидеме оние пријатели кои ќе им помогнеме нивниот влез во општеството и во сите сфери на нашето живеење да биде поедноставен и потопол, посочи Мантон. Вистинска штета би било, појасни таа, да ги оставиме лицата со Даунов синдром да живеат на маргините каде се чувствуваат дека се запоставени, каде нивните семејства постојано прашуваат што ќе прави моето дете кога ќе стане возрасен. Нагласи дека нејзиниот одговор на тие прашања е многу едноставен - за возрасни лица со Даунов синдром да може да се вклучат во редовното живеење како чинители во нашето општество ние треба да работиме на тоа уште од самиот почеток, треба да веруваме во нив, треба да им дадеме можност да се вклучат редовно во образованието, да направиме вистински инклузивни училишта во кои ќе може рака под рака со другите дечиња да ги совладуваат содржините кои им се потребни. - Ако не може да станат математичари или физичари да бидеме среќни со оние таленти кои ги имаат и да инвестираме уште од мала возраст да успеат да се остварат онаму каде имаат капацитет и можност, додаде Мантон. Младите актери аматери кои настапуваат во претставата се заблагодарија што им била дадена можност да бидат дел од ова театарско остварување. Посочија дека се среќни и дека сакаат да настапуваат и во други претстави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДецата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неаСпоред студија објавена во списанието „JAMA Network Open“, децата кои консумираат повеќе ултра-обработена храна може да покажат посилни мозочни реакции кога гледаат слики од примамлива храна.Во истражувањето учествувале 46 деца на возраст од 7 до 10 години, кои биле дел од долгорочната студија „BrainChild“, која го испитува ризикот од дијабетес и дебелина. На почетокот на студијата, сите деца имале здрава телесна тежина. Истражувачите извршиле магнетна резонанца (МРИ) на мозокот на децата додека тие гледале слики од примамлива храна, како што се колачиња и помфрит. Исто така, биле собрани податоци за нивната исхрана, индексот на телесна маса (ИТМ), процентот на телесни масти и обемот на половината. По една година, истражувачите повторно ги измериле ИТМ, процентот на телесни масти и обемот на половината кај децата. Резултатите покажале дека децата кои консумирале повеќе ултра-преработена храна покажувале поголема активност во дорзалниот стриатум – мозочен регион поврзан со наградување и мотивација – кога гледале слики од храна. Истражувањето продолжува Зголемената активност во овој регион, исто така, била поврзана со зголемување на ИТМ и процентот на телесни масти во текот на следната година. Понатаму, истражувачите откриле дека земањето предвид на разликите во мозочните реакции на сликите од храна ја намалило забележаната поврзаност помеѓу консумирањето ултра-обработена храна и ИТМ за 31%. Поврзаноста со процентот на телесни масти се намалила за 44%. Наодите од истражувањето сугерираат дека реакцијата на мозокот на храна може делумно да ја објасни врската помеѓу консумирањето ултра-преработена храна и зголемувањето на телесната тежина. Студијата не може да докаже дека ултра-преработената храна директно предизвикува промени во мозочната активност или доведува до зголемување на телесната тежина, бидејќи таа само ги набљудувала постоечките обрасци. За подетално да ја истражат оваа поврзаност, истражувачите планираат да спроведат интервентна студија во која децата што редовно консумираат ултра-обработена храна ќе бидат поттикнати да преминат на помалку обработена храна. Потоа, истражувачите ќе испитаат дали нивните мозочни реакции на сликите од храна се менуваат и дали тие промени се поврзани со помал пораст на телесната тежина со текот на времето. Извор: Индекс.хрТагови: ултра-преработена храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?„Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, му презентираше видео на гувернерот Трајко Славески. „Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: „Може ли еден ситен сопственик на една менувачница да стане милијардер? Може, ако татко на таа банка е Александар Вучиќ. Сега ќе кажам една атомска бомба од извори од Белград. Што е тоа Алта – Александар и Тамара, втората жена на Вучиќ“, се наведува во видеото. Лукаревска отвори прашања за издадената согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград, посочувајќи дека постојат сериозни сомнежи во однос на репутацијата на сопственикот и исполнувањето на законските услови. „Имате издадено согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград на лице кое не поседува репутација, со што се загрозува сигурноста на банката, кршејќи го Законот за банки“, рече Лукаревска. Таа посочи и на постапувањето на Европската централна банка во врска со поврзани лица на сопственикот на Алта банка, наведувајќи дека во август 2024 година биле изречени мерки за одземање на управувачките и гласачките права во Адико банка, како и парични глоби и забелешки за транспарентноста на сопственоста и потеклото на средствата. „Решението за купување на Стопанска банка АД Битола е ваша одговорност во загрозувањето на работењето на банката спротивно на закон, спротивно на забелешките од австрискиот надзорен орган на финансискиот пазар“, нагласи Лукаревска. Таа го отвори и прашањето за информациите за приведувањето и истрагата против официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, кој, според нејзините наводи, е и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. „Официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, е приведен во Србија, има истрага, се споменуваат 380 милиони евра, а тој е воедно и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?“, праша Лукаревска. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЗавршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак ЃоковиќНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Завршниот мастерс во Торино, за првпат по 2017 година, со што завршува неговата деветгодишна низа. Српскиот тенисер не успеа да се квалификува за завршниот турнир во сезоната, откако во второто коло на Мастерсот во Париз загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со резултат 2:6, 6:3, 6:3. Ѓоковиќ го освои првиот сет против 83-тиот тенисер во светот, но потоа неговата игра опадна. Хиџиката го подигна нивото на својата игра, ги искористи укажаните шанси и оствари една од најголемите победи во својата кариера. За српскиот ас, ова значеше крај на сите надежи за пласман меѓу осумте најдобри тенисери кои ќе се борат за титулата во Торино. Ова е само вторпат во последните 20 сезони Ѓоковиќ – иако е физички подготвен – да не настапи на Завршниот мастерс. Претходно тоа се случи во 2017 година, кога го пропушти натпреварувањето поради повреда на лактот. Седумкратниот победник на овој турнир, по долго време, ќе го следи крајот на сезоната надвор од терените. Зад него е бурна година, одбележана со проблеми што влијаеја врз континуитетот на неговите настапи. На почетокот на ноември, Ѓоковиќ изјави дека е блиску до решение за здравствените проблеми што го следеа во текот на изминатите 12 месеци. Тој нагласи дека неговите проблеми не се резултат на недоволен тренинг или подготовка, туку на здравствени околности. „Оваа година фокусот беше на тоа да се чувствувам добро на теренот, а не толку на добрата игра. Во последно време се чувствувам подобро и верувам дека сме поблиску до решавање на проблемите со кои се соочувам“, изјави Ѓоковиќ. Иако не успеа да обезбеди учество во Торино, Ѓоковиќ ја освои титулата во Пекинг во 2026 година, што беше 102-ри трофеј во неговата кариера. Сезоната ја одбележаа и пласманот во финалето на Австралија Опен, како и во полуфиналето на Вимблдон.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook