ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
Здравје„Вијагра за жени“ наскоро ќе биде пуштена - Само жени во овие години можат да ја користат, еве какви се ефектите Еден научник тврди дека измислил „Вијагра за жени“, што би можело да биде револуционерно откритие во светот на медицината.Класичната Вијагра е популарен производ кај мажите во Велика Британија, а статистиките покажуваат дека повеќе од половина мажи на возраст од 40 до 70 години страдаат од еректилна дисфункција (ЕД). Истражување на Кингс колеџ во Лондон тврди дека секој петти маж во земјата се соочува со ЕД, при што веројатноста за оваа состојба расте со возраста. Вијаграта делува така што го зголемува протокот на крв во пенисот кога мажот е сексуално возбуден, преку опуштање на крвните садови во пределот на градите. Но т.н. „Вијагра за жени“ делува поинаку, иако исто така помага кај женската сексуална возбуда кога се консумира. Наменета е за жени над 50 години, а нејзиниот пронаоѓач се надева на широка примена по успешните тестирања на лекот. Д-р Иона Вир го измислила „Мирегина“ – производ за надворешна употреба, без хормони, кој им помага на жените по менопауза со биолошките промени во телото. На веб-страницата е наведено дека производот може да ја поддржи „здравствената состојба и удобноста на уринарниот тракт“, како и „природната лубрикација и еластичноста на гениталната област“, а исто така да ја зголеми чувствителноста за време на сексуален однос. Новозеландската научничка објаснила дека производот „ја подобрува сексуалната реакција и сексуалната функција“, што било потврдено и преку резултати од тестирања. Таа истакнала: „Всушност, ја зголемува природната хидратација. Мажите добија Вијагра, а жените ништо, нели? Ова ќе биде првиот нехормонален третман кој ќе ви го врати сексуалниот живот.“ Компанијата „Weir Science“, која ѝ припаѓа на Вир, предвидува годишна заработка од над 7,5 милијарди фунти од продажбата на растителниот лек. Производот има цел да ги врати ефектите од генитоуринарниот синдром на менопаузата (GSM), кој е предизвикан од намалено производство на естроген. Оваа состојба може негативно да влијае на сексуалната функција, а симптомите вклучуваат сувост на вагината, болен сексуален однос, како и итност и зачестеност на мокрењето. Д-р Вир вели дека клиничко испитување со жени од Нов Зеланд на возраст над 55 години дало ветувачки резултати – некои од нив, кои со години немале сексуален однос, сега имаат редовен секс и оргазми без никаква болка. Иако може да го подобри сексуалниот живот, ова, според клеточната биологинка, не е единствениот фокус. Таа објаснила дека жените ќе можат „да одат на дискотека“ или „да прават што сакаат“, бидејќи повторно ќе можат „да уживаат во животот“ по менопаузата со помош на овој производ. Се верува дека научничката веќе е во преговори со две големи фармацевтски компании и дека е во процес на регистрација на производот во Американската агенција за храна и лекови (FDA). Лед БајблТагови: Вијагра жени менопаузата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми хранаМакедонските домаќинства годишно по жител фрлаат за 17 килограми храна повеќе од просекот во Европската унија.Во просек по 86 килограми храна годишно по жител,. Рестораните и услугите за изхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно покажува извештајот на програмата за животна средина на ОН. Според извештајот домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179 311 тони отпад од храна. Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека македонските домаќинства во просек фрлале по 86 килограми по човек храна во текот на годината. Извештајот на програмата за животна средина на он за индексот на отпад од храна за 2024 покажува дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19% од вкупната храна достапна за потрошувачите. Домаќинствата ширум светот фрлаат над 1 милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60% од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29% се од ресторани и хотели и 12% од малопродажбата во маркети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојбаВенко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и стручна помош.Тој е уценет и исплашен човек, кој должи и на Зоран Заев, што го постави и држи на претседателското столче во СДС, и на Румен Радев, пред кого, очигледно презел обврски, кои значат ново предавство на македонските национални интереси. Од една страна, поради полтронството спрема Зоран Заев, тој ja претвори СДС во маргинална партија со многу проблеми, со раскарани сопартијци, меѓусебни обвинувања за тешки криминали, навреди, јавни пресметки. Додека, од друга страна, спрема Румен Радев очигледно има преземено обврски, затоа што неговиот став „прво Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“ е ист како и бугарската политика спрема Македонија. И ваквите ставови на Филипче на иста линија со бугарските и со Радев, не се први што ги слушаме. Тука е и ставот како бугарскиот, дека за билатералните прашања и спорот со Бугарија не преговараме со нив, туку со Европската Унија. А, неговите последни јавни настапи само ја потврдуваат неговата психолошка состојба, затечен меѓу полтронството кон Заев и слугувањето кон Радев за извесно ново предавство во корист на бугарските интереси. Затоа што само уценет и исплашен човек, јавно навредува и се однесува неконтролирано и непресметливо како Венко Филипче, така што, само во еден ден се расфрла со квалификации како „идиот“ и „шлепер-жаба“. На ваквото однесување на Венко Филипче гледаме со жалење и сочувство, и му препорачуваме што побрзо, пред да биде предоцна, да побара стручна медицинска помош. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна ГораСиноќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот. „Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари. Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола. Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter