Над 330.000 пензионери со зголемени пензии, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за оние кои ја градеа Македонија
1Над 330.000 пензионери со зголемени пензии, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за оние кои ја градеа Македонија
Кошарка Видеолотарија ја продолжува соработката со Кошаркарската федерација на МакедонијаПод слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со својата поддршка за развој на македонскиот спорт. Како општествено одговорно компанија, со договор за донација, ја поддржуваме КФСМ и во следните планирани активности.Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш гласно и без задршка, застана на линијата за промовирање и поддржување на спортот. Со договор за донација, ги поддржуваме следните планирани активности на КФСМ. Претседателот и секретарот на КФСМ, Перо Антиќ и Владимир Георгиевски изразија благодарност до Видеолотарија за поддршката на активностите кои ги планираат во текот на следниот период. „Во текот на летото, ќе учествуваме на четири младински европски првенства. Покрај тоа, ќе бидеме и домаќини на две од првенствата. Во текот на јули, на гости во Скопје, ќе ни дојдат 15 репрезентации кои се дел од ЕП за кошаркари под 20 години. Летово во нашиот главен град ќе ги пречекаме и селекциите кои се дел на кадетскиот Евробаскет, но и учесниците на еден од најголемите тренерски семинари, во ко-организација со ФИБА“, изјави Владимир Георгиевски, секретарот на КФСМ. За добри услови и резултати, неопходни се финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и уште еднаш би сакал да изразам благодарност до нив, изјави Перо Антиќ на прес-конференцијата. Видеолотарија и во иднина ќе остане посветена на заложбите за развој на македонскиот спорт. #ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНад 330.000 пензионери со зголемени пензии, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за оние кои ја градеа МакедонијаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи и работи за оние кои ја градеа државата. ВМРО- ДПМНЕ во предизборието вети 5.000 денари но за само две години пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари.Над 330 000 пензионери денес имаат повисоки пензии и посигурен сеемен буџет. Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, па така најниската пензија денес изнесува 18.192 денари додека пак просечната пензија достигна историско највисоко ниво и денес изнесува околу 28.120 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата со конкретни политики и резултати и таа поддршка денес директно ја чувствуваат пензионерите во своите домови. Пензионерите не се само бројка, туку генерации кои со децении ја граделе државата и токму затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со посветено, домаќинско и одговорно работење да креира мерки и политики кои ќе донесат повисок стандард и сигурна иднина за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на КавадарциГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци. По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари. Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра. Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook