“Vibe dating” – нов тренд кој генерацијата „Зет“ го обожава, еве за што станува збор - Канал 5

“Vibe dating” – нов тренд кој генерацијата „Зет“ го обожава, еве за што станува збор

Младите стануваат се „поуморни“ од „состанувања по книга“ и бескрајни листи на критериуми. 

“Vibe dating” – нов тренд кој генерацијата „Зет“ го обожава, еве за што станува збор

Наместо партнери „совршени на хартија“, тие сè повеќе бараат она што се нарекува - вибрација. Новиот тренд што се шири меѓу припадниците на генерацијата Z се нарекува постоење „вибрација“, а во фокусот е „добрата стара хемија“ и моменталниот клик.

Експертите велат дека сè повеќе млади луѓе се оддалечуваат од логиката на апликациите за запознавање и строго дефинираните барања. Идејата за постоењето вибрација е едноставна: помалку анализа, повеќе инстинкт. „Станува збор за чувство. Отфрлете ја традиционалната листа и едноставно видете дали ќе „кликнете“ и како се чувствувате во тој момент“, вели Сузан Тромбети, експерт за врски и извршен директор на Exclusive Matchmaking.

Генерацијата Z сака нешто поавтентично

Овој пресврт, како што верува Тромбети, покажува дека генерацијата Z сè повеќе бара нешто поспонтано и поискрено во свет во кој доминира технологијата. „Мислам дека постои замор од излегување. Сите се навикнати да влезат на апликација и да напишат што точно сакаат, и сега го отфрлаат тоа затоа што не функционира“, изјави таа за Fox News Digital.

Ваквото запознавањето се базира на постоењето хемија - и затоа е привлечно за многумина. Тромбети забележува дека сексуалната привлечност очигледно игра улога во таа приказна. Но, предупредува: моменталната искра не гарантира дека врската ќе потрае. Таа вели дека потпирањето само на интуицијата лесно може да ги превиди „црвените знаменца“ и проблемите со компатибилноста.

„Ако ја базирате врската само на тоа како се чувствувате, можеби ќе пропуштите некои поважни работи, како што се заедничките цели и вредности. Тоа е исто толку важно како и чувството покрај личноста со која излегувате“, истакнува таа.

„Искрата не е секогаш знак на емоционална сигурност“

Мелиса Фабело, доктор по филозофија и експерт за врски, која неодамна говореше за VICE, се согласува со ова. Таа вели дека искрата може да укажува на сексуална компатибилност, но не мора да значи дека врската е емоционално безбедна или долгорочно стабилна. „Во многу врски, вистинската хемија се развива дури подоцна“, истакнува таа.

Проблемот е што траумата и емоционалните обрасци можат да ја замаглат линијата помеѓу „хемијата“ и знаците на предупредување. На пример, ако сте пораснале во средина со претерана контрола и емоционална дистанца, доминантен партнер кој е склон кон контрола, може да ви изгледа сигурен - само затоа што ја познавате таа динамика.

„Луѓето често ги игнорираат „црвените знаменца“ затоа што нечија харизма изгледа магнетска“, вели Анџелика Кох, експерт за врски и раскинувања од апликацијата Taimi. „Дури и нарцисоидните луѓе на почетокот можат да остават впечаток дека имаат „добри вибрации“. Хемијата е важна, но и компатибилноста.“

Фабело предлага пристап за состанување од два агли: дали личноста ве возбудува и дали тоа „има смисла на хартија“. „Ако го имате едното, но не и другото, врската веројатно нема да трае. Но, кога ги имате и двете работи - врска базирана на хемија и на компатибилност - тоа е навистина добар знак“, заклучува таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер