„Ветровито време“ - нова збирка поезија од битолскиот поет Панде Манојлов - Канал 5

„Ветровито време“ - нова збирка поезија од битолскиот поет Панде Манојлов

Панде Манојлов, поет, прозаист, критичар и новинар од Битола ја претстави својата најнова збирка поезија „Ветровито време“ чиј издавач е Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје.

„Ветровито време“ - нова збирка поезија од битолскиот поет Панде Манојлов
Професорката Милица Димитријовска Радевска во својот осврт кон најновото поетско дел на Панде Панојлов нагласи дека најновата поетска креација на Манојлов, „Ветровито време“ е синтагма која ја определува суштината на една нова филозофски јадровито исполнета поезија.

- Ветерот и времето како непостојани, несигурни категории кај човекот будат страв од неизвесноста, од недореченото,од непосакувани промени. Тој неспокој на поетот, низ 60 песни во стихозбираката конотира нови семиотички значења на лексичките единици - татковина, судбината на поетот, родот и родниот кат, современи опстојби и состојби. Поезијата на Панде Манојлов е ода на патриотизмот, но има и повисоки дострели затоа што за поетот патриотизмот не е само љубов скришна и тајновита, туку тоа е љубов со универзални значења, со еден космополитски стремеж во духот на еден Рацин да се почитува и коренот и родот исто толку колку што во срцето носиме љубов за оние што не' почитуваат, вели Димитријовска Радевска.

Панде Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија, автор на над дваесеттина книги поезија и проза, а неговите песни се објавени и препеани на англиски, француски, германски, руски, арапски, турски, бугарски, грчки, италијански, романски, башкириски, татарски, српски, хрватски и други јазици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Светската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути.

За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат.

„Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката.

Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски.

Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски.

Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму.

„И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер.

Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час.

Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. 

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија.

Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди.

„Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата.

Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави примирје. Зеленски изненаден, но се согласува

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно објави дека „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина „стапува на сила веднаш“. 

Трамп објави примирје. Зеленски  изненаден, но се согласува

„Двете страни се согласија. Не го прекршувајте! Ви благодарам на вниманието. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп.

Зеленски е изненаден, но го прифаќа примирјето , Путин молчи.

Најавата очигледно го затекна Киев неподготвен; Володимир Зеленски изјави дека објавата на Трамп за него претставува новина, но рече дека Украина би се согласила на договорот доколку и Русија го прифати. Москва сè уште нема дадено коментар за најавата на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер