„Ветрогон“ од Зорица Петкоска ќе биде номиниран за меѓународната награда „Нови гласови“

Поетскиот ракопис „Ветрогон“ од Зорица Петкоска е избран на годинашниот конкурс за поезија, проза или есеј од млади автори од 17 до 30-годишна возраст кои досега немаат објавено книга, што се номинираат за меѓународната награда „Нови гласови“ на Меѓународниот ПЕН.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Наташа Аврамовска, Лидија Капушевска-Дракулевска, Весна Ацевска, и Владимир Мартиновски, соопшти Макеоднскиот ПЕН центар.

На конкурсот пристигнале поетски ракописи на Зорица Петковска, Сузана Мицевска, Мирослав Трајковски, Владимир Котевски и на Сандра Никчевска, како и прозните ракописи на Ѓорѓе Јовановиќ, Стефан Алиевиќ и Милко Бојковски. Жири-комисијата констатира дека ракописите на Сандра Никчевска и на Владимир Котевски не ги исполнуваат критериумите на конкурсот.

- Од ракописите што ги исполнуваат критериумите, „Ветрогон“ од Зорица Петковска се издвојува по својата кохерентност и сигурност во поетскиот исказ на вознемиреното лирско јас, соочено со постојаната ветерничавост и провевност во животот и во светот, два меѓника што се составени од историски и географски елементи кои оставаат лузни и поттикнуваат медитерански копнеж по „помеки светови“, по пополнување на отсуствата на лицата и нештата што нив ги прават празни и чемерни, по обојување на бруталното сронување кога „денот зората ја јаде“, по преуредување на светот. „Ветроген“ е заокружен во три циклуси кои се довикуваат меѓусебно и се дополнуваат во складна целост, се наведува во образложението на одлуката што жири-комисијата ја донело едногласно. /МИА

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер