„Ветар параклет“ - самостојна изложба на Димитрие Дурацовски во Чифте амам - Канал 5

„Ветар параклет“ - самостојна изложба на Димитрие Дурацовски во Чифте амам

„Ветар параклет“ е насловена самостојната изложба од ликовниот уметник Димитрие Дурацовски што ќе биде отворена вечер во Чифте амам.

„Ветар параклет“ - самостојна изложба на Димитрие Дурацовски во Чифте амам

Дурацовски, како сликар уметник, речиси четири децении не е претставен пред публиката, меѓутоа неговата особеност во ликовниот израз е предмет на анализа во повеќе студии и литература за теоријата на ликовната уметност.

-Творештвото на Дурацовски може да се одбележи како метафизичко и во исто време концептуално и имајќи го предвид времето во кое што почнува да твори (1973) и кога неофицијално престанува со сликарството (1987), можеме недвосмислено да кажеме дека тој е творец претеча на современиот концептуален ликовен израз во Македонија, вели кураторот на изложбата Горанчо Ѓоргиевски, кустос во Националната галерија.

Димитрие Дурацовски како автор е необична појава во современата македонска уметност, тој е осамен но интелектуално љубопитен творец кој живее и работи во Струга. Во стремежот да формира целосна визија за светот тој ги користи изразните средства и можности на сликарството, цртежот и пишаниот збор. Основната тема, како што се посочува, ја наоѓа во свртеноста и испитувањето на таинствените простори на човечкиот дух, каде неретко се допираат или бришат границите помеѓу реалното и фантастичното, можното и неможното, рациото и ирациото... Мислата е првата и внатрешно осмислувачка содржина на неговите дела, која на некој начин ги дообликува ликовните визии во нашата свест.

Реалната форма во неговите платна, решена како фигуративни композиции во класичен кулоарско-илузионистичи декор со крајно поедноставени кукловидни човечки форми и редуциран хроматизам го означува оностраното и недефинираното. Неговите цртежи комбинирани со текстови, прибелешки, теоретски и литерарни разгледувања, упатуваат на користење на одредени елементи, методи и сознанија од надреализмот и психоанализата.

-Останува впечатокот за недореченоста на македонската критика за овој автор, со чувство дека нешто се крие зад она што го гледаме и читаме во неговите дела. Тоа предчуствување и таинственост е можеби најзначајното во процесот на создавање, па така преку оваа изложба за прв пат во целост ќе биде презентирано пред македонската јавност, наведува кураторот Ѓоргиевски.

Димитрие Дурацовски е современ македонски писател и сликар. Роден е на 15 февруари 1952 година, во Струга, каде што завршил основно образование. Школа за применети уметности, сликарски отсек, завршил во Скопје, во 1975 година, во класата на проф. Родољуб Анастасов. Во 1977 година се вработил во Галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга. Од 1982 работи во Народниот музеј во Струга, кога Галеријата се припојува кон Музејот. Во текот на изминатите години раководи со Галеријата „Вангел Коџоман“, во која се сместени сликите од постојаната поставка Струга во минатото, а истовремено го води и Одделението за современа уметност на Народниот музеј, организирајќи и поставувајќи повеќе од 150 самостојни и групни изложби на повеќемина значајни ликовни уметници од земјава, од Југославија и од светот.

Во текот на изминатите години реализирал повеќе самостојни изложби во Суботица, Струга, Охрид, Нови Сад и Скопје, а бил застапуван и на повеќе колективни изложби: Критичарите одбраа, Скопје; Геометризмот и неговите видови во македонското сликарство, Скопје; Остави траг, Белград; Биенале на млади, Скопје; Надреализмот и неговите видови во македонското сликарство, Скопје; Портретот во македонската ликовна уметност, Скопје; Концептуалниот дискурс во Македонија, Скопје. Бил припадник на литературната група Петти круг.

Дурацовски е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година. Неговите литературни и ликовни дела се предмет на анализа во повеќе студии и книги за теоријата на ликовната уметност и литературата.

Ги објавил книгите раскази Тајна историја, 1986 година; Црни пророци, 1996 година; романот Инсомниа, 2001 година, за кој истата година ја добил наградата Рациновото признание. Во 2014 година ја објавил книгата Бледи сенки, далечни гласови, за која во 2015 година по втор пат го добил Рациновото признание.

Добитник е на државната награда „11 Октомври“ за животно дело, во 2019 година.

Изложбата на Дурацовски во Чифте амам, за публиката ќе биде достапна до 21 септември 2023 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојка

Охридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. 

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојка

Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фронтекс: Речиси 110.000 мигранти влегле нелегално во ЕУ оваа година

Нелегалните преминувања во Европската Унија се намалија за 29 проценти во првите 10 месеци од 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, објави европската гранична агенција Фронтекс.

Фронтекс: Речиси 110.000 мигранти влегле нелегално во ЕУ оваа година

Агенцијата со седиште во Варшава регистрираше речиси 110.000 гранични преминувања во тој период.

Бројките се намалија на речиси сите миграциски рути, намалување што комесарот за миграција на Европската Унија, Магнус Брунер, го припиша на посилната меѓународна соработка.

Паѓање на бројките

„Намалувањето на нелегалната имиграција во Европската Унија е резултат на континуирана работа и поголема стабилност во клучните региони“, изјави Брунер за германските медиуми претходно оваа недела. „Зад ова стојат реформи, меѓународни договори и заеднички мерки со нашите партнерски земји по должината на миграциските рути.“

Најостар пад е забележан на централната медитеранска рута помеѓу Северна Африка и Италија. Најголем број нелегални влегувања во ЕУ, речиси 60 проценти, се случуваат во источниот Медитеран. Сепак, бројките се намалуваат и таму, за околу 12 проценти.

Спротивен тренд е забележан во западниот Медитеран, каде што има зголемување од 21 процент во споредба со 2025 година. Промените беа особено изразени на западноафриканската рута долж атлантскиот брег до шпанските Канарски Острови.

Изгубени животи во Медитеранот

На оваа рута, нелегалните преминувања се намалија за 13 проценти во истиот период, но вкупниот пад го прикриваше наглото зголемување во октомври, кога преминувањата беа четири пати повисоки од оние регистрирани во октомври 2025 година.

Обидите да се стигне до Европа со небезбедни чамци честопати завршуваат трагично. Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите во Средоземното Море само оваа година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војна

На севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му се дадени дополнителни уставни овластувања, вклучително и команда на нуклеарните сили, а исто така ги повика воените команданти да ги засилат подготовките за можна војна.

Ким Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војна

Промените доаѓаат во време на затегнати односи со Јужна Кореја, од чие обединување Пјонгјанг официјално се откажа, пишува „LADbible“.

Северна Кореја неодамна го објави текстот на својот устав, речиси три години откако беше отстранет од нејзината официјална веб-страница. Уставот беше изменет во март оваа година, дополнително консолидирајќи ја моќта на Ким.

Ким добива повеќе овластувања

Изменетиот устав му дава на Ким Џонг-ун право на вето на одлуките за парламентот и можност да ги разрешува претставниците кои ја губат довербата на народот. Како претседател на Комисијата за државни работи, тој исто така доби експлицитно овластување да командува со нуклеарните сили и можност да го пренесе овластувањето за употреба на нуклеарно оружје на надлежното воено тело.

Промените дополнително ја зајакнуваат неговата позиција на чело на земјата, која технички сè уште е во војна со Јужна Кореја. Корејската војна заврши во 1953 година со примирје, но мировен договор никогаш не беше потпишан.

Северна Кореја се откажа од обединувањето

Изменетиот устав повеќе не содржи одредби за обединување на двете Кореи и ја дефинира Јужна Кореја како посебна земја. Ова го потврди пресвртот во политиката на Пјонгјанг, што Ким го објави на крајот на 2023 година.

„Промената на севернокорејскиот устав го одразува она што го знаеме веќе три години - Северна Кореја не сака ништо да има со Јужна Кореја“, изјави за Newsweek Едвард Хауел, автор на „Новата оска на превирањата: Северна Кореја, Русија, Кина, Иран“.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг повика на воспоставување траен мир, но Пјонгјанг ги отфрла обидите за зближување на двете земји.

Ким Џонг-ун претходно изјави дека Северна Кореја нема апсолутно никаква работа со Јужна Кореја. Хауел верува дека Пјонгјанг испраќа јасна порака дека не е заинтересирана за напорите на јужнокорејската влада за обновување на односите.

Ким ја повикува војската да се подготви за војна

Тензиите дополнително се зголемија во последните недели поради воените активности на Северна Кореја. Според извештаите, Пјонгјанг тестирал балистички ракети, а претходно овој месец тенкови биле забележани во близина на границата со Јужна Кореја.

Сестрата на Ким, исто така, се закани со „безмилосно уништување“, додека севернокорејскиот лидер ги повика воените команданти да ја зголемат борбената готовност на своите единици.

„Главната револуционерна задача на командантот на чета е да ја заврши борбената готовност на своите единици за да бидат целосно подготвени за војна. Ова мора да се постигне со значително подобрување на интензивната воена обука“, рече Ким.

Тој додаде дека неговата крајна цел е да изгради што е можно посилна армија и да ја забрза нејзината модернизација. Уставните промени дополнително ја зајакнаа неговата контрола врз вооружените сили, вклучително и нуклеарниот арсенал.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер