1Меџити: Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека вложувањето во образованието дава резултати
3Јанчев: Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора
Веб ТВ„ВЕСТИ ПЛУС” со Арбен Таравари 31.07.2025Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМеџити: Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека вложувањето во образованието дава резултатиВо рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, Општина Чаир организираше свеченост за доделување признанија и ваучери за учениците на генерацијата од основните училишта во општината.По тој повод, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, додели признанија и ваучери на деветте ученици на генерацијата од деветте основни училишта во општината, како признание за нивните извонредни резултати, посветеност и примерот што го претставуваат за своите врсници. „Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека трудот, посветеноста и знаењето секогаш се наградуваат. Нивниот успех е гордост за нивните семејства, училиштата и за целата наша заедница“, истакна Меџити. Тој нагласи дека образованието останува еден од главните приоритети на Општина Чаир и дека секое вложување во училиштата, во подобри услови за учење и во поддршка на учениците претставува инвестиција во иднината на општеството. На свеченоста беа доделени признанија и на директорите на деветте основни училишта, како знак на благодарност за нивниот придонес во воспитно-образовниот процес и во создавањето услови за успех и развој на младите генерации. Честитајќи им на полуматурантите за завршувањето на основното образование, Меџити ги охрабри да продолжат да учат, да веруваат во своите способности и храбро да чекорат кон новите предизвици што ги очекуваат. Со почит, Општина ЧаирТагови: Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаЦветановски: Работната група за измени во Изборниот законик не се движи во правилна насокаЦветановски е дециден за тоа дека доколку дискусијата во работната група продолжи во овој правец, ЛДП не ја гледа потребата од своето понатамошно учество во неа.„Должни сме да ја алармираме јавноста дека работата на работната група за измени на Изборниот законик не се движи во правилна насока. Наместо суштински реформи за подемократски процеси, зад затворени врати повторно сме сведоци на добро познато сценарио: големите политички партии се обидуваат да си обезбедат меѓусебна предност и да го заштитат својот монопол“, вели во изјава за медиумите членот на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), Дејанчо Цветановски. Цветановски додава дека ЛДП отсекогаш била конструктивен партнер во сите процеси кои значат унапредување на демократијата и изборниот систем во Македонија и дека токму со таа цел, со добра волја и конкретни решенија, се вклучиле во работната група за измени на Изборниот законик. „Меѓутоа, сведоци сме на игнорирање на прашањето за една изборна единица со отворени листи, кое е долгогодишно барање на ЛДП но и на граѓаните, а кое гарантира дека гласот на секој граѓанин ќе тежи исто и дека граѓаните ќе избираат личности, а не партиски послушници. Исто така, парадоксот со ‘високиот изборен праг’ - иако декларативно се согласуваат со моделот на една изборна единица, големите партии подмолно предлагаат неразумно висок изборен праг. Ова не е демократизација, ова е обид за елиминација на помалите партии и целосно затворање на политичкиот систем за нови, прогресивни идеи“, посочува Цветановски и додава дека ставот на ЛДП е дека нема да биде декор во ничии политички пазарења, ниту пак ќе даде легитимитет на процес кој наместо да ја унапредува, ја уназадува демократијата во државата. Цветановски е дециден за тоа дека доколку дискусијата во работната група продолжи во овој правец, ЛДП не ја гледа потребата од своето понатамошно учество во неа. „Ние не отстапуваме од принципите за фер, еднакви и отворени избори. Доколку големите партии сакаат да си донесат законик по сопствена мерка, ќе мора тоа да го направат сами, соочувајќи се со судот на граѓаните, но без наша поддршка“, завршува во својата изјава Цветановски. Тагови: Цветановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаЈанчев: Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комораЧеста и задоволството се наши што Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора на Република Македонија, објави градоначалникот на Фејсбук.„Лекарската комора на Македонија е институција која повеќе од три децении посветено работи на унапредување на лекарската професија, заштита на нејзиниот углед и јакнење на здравствениот систем. Денешниот настан има посебна вредност бидејќи покрај одбележувањето на овој значаен јубилеј, беше доделена и највисоката годишна награда „Свети Наум Охридски“ за најдобар доктор, како признание за посветеноста, стручноста и хуманоста во лекарската професија, но и благодарници на институции и поединци кои придонеле за афирмација иа развој на работата на комората, меѓу кои и на Градоначалникот Митко Јанчев за несебична поддршка, посветеност и континуиран придонес во македонското здравство. На сите добитници се упатуваат искрени честитки, а на Лекарската комора посакуваме уште многу успешни години исполнети со достигнувања, професионален напредок и грижа за здравјето на граѓаните.“- стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter