„Веселите девојки“ доаѓаат во Скопје - Канал 5

„Веселите девојки“ доаѓаат во Скопје

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл.

„Веселите девојки“ доаѓаат во Скопје

Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје на 23 март на сцената на „Македонската Филхармонија“. Музичко-сценскиот спектакл ,,Веселите девојки’’ е во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ,заедно со Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат - приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. 

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Ве информираме дека до Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец.

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани.

Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Азески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударите

Активности со дел од дипломатскиот кор, на покана на акредитирани дипломати во Македонија, во присуство на бизнисмени од регионот, а на кои беше поканет и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се реализираа во Дебар.

Азески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударите

Прво во манастирот Св. Јован Бигорски беше реализирана посета и обиколка на црквата и манастирските одаи. По повод посетата а во пресрет на големиот христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот Азески, подари уметничка слика на манастирот.

Неформалното дружење продолжи во релаксиран амбиент на дебарското езеро во хотелот Цами каде со дипломатскиот кор и бизнисмените и истакнати личности од регионот, се разменија меѓусебни мислења за теми од интерес на бизнисот и економскиот амбиент, имајќи го предвид фактот дека дел од актуелните амбасадори се враќаат во своите земји на други владини позиции што остава простор за натамошно продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан.

Денеска е денот на рударите, 28 август. Претседателот Азески упатува искрени честитки до сите вработени во рударскиот сектор, компании, институции, науката и академската заедница. Комората во својата организациона поставеност ја има Македонската асоцијација за рударство – МАР која ги обединува најголемите и најзначајните компании кои учествуваат во креирање на Бруто домашниот производ и кои иднината на развојот на секторот ја гледаат преку креирање безбедно, модерно, одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија.

„Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, додека рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз.

Македонија има и Стратегијата за минерални суровини, со која по повеќе децении оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока.

Во име на Стопанска комора, а и во свое лично име, претседателот Бранко Азески, на верниците од православната вероисповед го честита празникот 28 август Успение на Пресвета Богородица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер