Култура„Веселинови“ со Оле и Баркли до солзи ја насмеаја публиката во Штип (ФОТО)Вечерва во Домот на културата во Штип сеодржа премиера на комедијата „Веселинови“ , авторско дело на Трајче Кацаров во интерпретација на Олгица Поцкова и Игор Стојанов Баркли.Оле и Игор, инаку познати на пошироката јавност од емисијата „Зевзекманија“ на Канал 5 Телевизија, вечерва ја насмеаја до солзи публиката во Штип. Честитки до колегите за претставата и за сите насмеани лица во Штип! Ги очекуваме и на други сцени низ Македонија! По вечерашната премиера, следната претстава на „Веселинови“ ќе се одржи во петок во 20 часот , на истото место- Домот на културата во Штип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од ЛублинКратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи. „Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот. Air raid sirens, then an explosion in Lublin! Poland scrambled F-16s after tracking an unidentified airborne object. It crashed near Tarnawa Kolonia, leaving a crater and scattered debris. Emergency services are on the scene. Wake up, Poland! War is on your doorstep. pic.twitter.com/nHw8lP9fP8 — Silent Witness (@SilentWitn1ss) July 30, 2026 По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение. Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот. Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.Тагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаВо Собранието последна седница за пратенички прашањаВо Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минутиОд Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Тагови: ГП Богородица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook