„Вечерњи лист": Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет

Меѓу другото, Бугарите бараат македонскиот јазик да не се нарекува македонски, туку исклучиво „официјален јазик на Република Македонија".

Откако во март годинава, за време на хрватското претседавање со Унијата доби зелено светло за старт на преговорите за членство во ЕУ, Македонија сега очекува првата меѓувладина конференција да биде одржана до крајот на годинава, со што формално се отвораат првите поглавја од преговарачкиот процес, но Бугарија се заканува со негова блокада, наведува загрепскиот весник „Вечерњи лист".

– Меѓу другото, Бугарите бараат македонскиот јазик да не се нарекува македонски, туку исклучиво „официјален јазик на Република Македонија". Бугарија остава впечаток дека го користи членството во ЕУ за да го негира македонскиот идентитет, оценува весникот.

„Вечерњи лист" наведува дека на вчерашниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ, бугарскиот амбасадор го дистирбиурал „појаснувачкиот меморандум", во кој, меѓу другото, како што посочува весникот, се тврди дека придавката „македонски" не означува национален идентитет, туку географско потекло, како и дека Јосип Броз Тито, инспириран од Коминтерната, им наметнал „нов идентитет на луѓето кои претходно се декларирале како Бугари, Србите подоцна сакале да ги идентификуваат како јужни Срби, а Тито ги прогласил за Македонци".

– Бугарија би можела да се најде под притисок на другите земји членки кои сакаат да го наградат официјално Скопје за макотрпната работа за започнување преговори со ЕУ. Владата на премиерот Зоран Заев се согласи и на промена на името на државата, за да ги отстранат пречките за старт на преговорите, што доажаа од Грција, а пред Договорот со Грција, беше потпишан и Договор за пријателски односи со Бугарија, кој требаше да ги отстрани бугарските пречки. Но, Бугарите продолжуваат да се закануваат со вето, додава веснмикот.

Загрепското издание посочува дека дипломатите во Брисел се надеваат оти „се ќе се изглади" до 10 ноември, кога на заседание на Советот за општи работи на ЕУ треба да биде усвоена одлуката за свикување на првата меѓувладина конференција.

– Ваквите надежи се базираат и на фактот што истиот ден во Софија се одржува Самитот на Берлинскиот процес, чии копретседавачи се Бугарија и Македонија. Берлинскиот процес за зајакнување на соработката на Западниот Балкан, кој го осмисли и силно го турка Германија, беше клучен за пролетната одлука за зеленото светло за време на хрватското претседавања, а сега е уште позначаен како оваа земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, заклучува „Вечерњи лист".

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер