Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат
2Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат
Свет„Вашингтон пост“: Пентагон размислува за пренасочување на воената помош за Украина кон Блискиот ИстокПентагон размислува дали да пренасочи оружје наменето за Украина кон Блискиот Исток бидејќи војната со Иран ги исцрпува резервите на американската војска од нејзината најважна муниција - изјавија извори за „Вашингтон пост“.Иако конечната одлука за пренасочувањето сè уште не е донесена, таквата промена би ја покажала потребата од компромиси неопходни за одржување на војната со Иран, каде што за приближно четири недели борби Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) погоди повеќе од 9.000 цели. Оружјето што би можело да се пренасочи од Украина вклучува ракети за воздушна одбрана нарачани според програмата на НАТО почната минатата година, според која земјите партнери купуваат американско оружје за Киев, изјавија три извори за публикацијата. Иницијативата за список на приоритетни потреби на Украина обезбедува постојан проток на воена опрема кон Киев, дури и откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прекина поголемиот дел од директната воена помош од Пентагон. Портпаролот на Пентагон изјави дека Министерството за одбрана на САД ќе „обезбеди американските сили, како и силите на нашите сојузници и партнери, да имаат сè што им е потребно за да се борат и да победат“, но одби да коментира за детали. Олга Стефанишина, амбасадорка на Украина во Соединетите Американски Држави, во соопштението изјави дека Киев ги информирал своите партнери за своите потреби, вклучително и за воздушната одбрана, но додаде дека разбира оти постои „период на значителна неизвесност“ поради војната во Иран. „Сите прекини на почетокот на неодамнешните операции на Блискиот Исток се надминати“, рече Стефанишина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојанче Ангелов бара голема претпазливост поради пожаритеВо текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор.Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор, додека голем пожар избувнал и во Општина Пробиштип, кој подоцна се проширил кон Општина Чешиново-Облешево, информира директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлиматските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот доматКлиматските промени нема треба да бидат причина да ги снема доматите, крставиците и другите култури кои се белег на македонскиот пазар и да се заменат со нови, објаснува професторот од Земјоделскиот факултет Ордан Чукалиев експерт за климатски промеЗа да се зачува земјоделството, но и да има добар принос мора да има вложување во нови технологии и нови сорти што ќе бидат многу поскапи. Затоа се потребни мерки и акција на терен не на хартија, бидејќи земјоделците се мали со ниска економска моќ, потенцира професорот. „Во исто време тие треба да вложат во опрема која ќе ги заштити од високите температири опрема што ќе ги оросува, ќе треба да инвестираат и во опрема за мраз. „Не верувам дека имаме време, затоа мислам дека мораме да дејстуваме што е можно со техничките мерки, бидејќи ако се скапи ќе бидат најбрзи. Она што е важно земјоделците да ги научат новите лекции, да добијат ново знаење, некогашниот земјоделски календар го сменија климатските промени, повеќе не важи и затоа има и големи штети. „Порано се знаело на крај на април се сее пченка, сите тие работи кои што ги врзуваме со дати сега има друга состојба со темпратурите. Значи календарот на важи и на земјодлеците треба да им се дадат нови знаење“, вели Чукалиев. Јунските високи температури донеса голем удар на европската економија во делот на работната сила и потрошувачката на енергија. Европа во иднина мора да направи инвестиции во делот на адаптацијата и инфрастурктурата со цел да се намалат загубите, велат економистите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34
МакедонијаИнтерконекторот со Грција готов до пролет – се гради со сопствени пари без кредитиВладата очекува во првиот квартал следната година гасниот интерконекрот со соседна Грција да биде готов. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од динамиката, вели се што се реализира се прави со сопствени средства без заеми и кредити, а дополнително како што рече започната е и постапката за израдба на интреконекторот со соседна Србија, односно од страна на НОМАГас вели распишан е тендер за избор на изведувач. Мицкоски вели парлаелно со ова работат и на рестартирање на три нови прокети – и тоа гасоводот кој треба да ги поврзе Велес со Штип, оној од Гостивар до Кичево и една отсечка ќе биде извлечена пред Тетово која ќе оди до Косово. „Во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасоводен систем, веќе е објавен од страна на НОМАГАс интерконекторот со Србија така што сето тоа кое ние го зброуваме се реалзизира и сето тоа го правиме со сопствени средства. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. За интерконекторот со Грција, вчера министерката за енергетика Сања Божновска оствари средба со НОМАГАС и претставници од грчкиот оператор на гасниот преносен систем, на која се разговарало за следните чекори во реализацијата. Од ресорното министерство велат гасоводниот интерконектор претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Според надлежните со негова реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура. Тагови: гас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook