Магазин Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските годиниДецата на возраст од 10 до 12 години бараат поголема самостојност, но и квалитетен однос со родителите.Децата кои до неодамна споделуваа сè што им се случило со своите родители, сега стануваат поповлечени, бараат поголема приватност и претпочитаат да им се доверуваат на пријателите. Оваа промена, која најчесто се јавува на возраст меѓу девет и дванаесет години, може да ги збуни родителите, па дури и да биде болна. Сепак, таа е вообичаен и очекуван дел од растењето. Предадолесцентите се менуваат физички, емоционално, когнитивно и социјално. Тие развиваат независност, ги преиспитуваат родителските правила и ги тестираат границите на она што е воспоставено. Иако понекогаш се однесуваат како веќе да немаат потреба од своите родители, сепак квалитетниот однос во оваа фаза е клучен за полесен премин во адолесценцијата. Како да останете блиски со вашето дете, а притоа да ја почитувате неговата сè поголема потреба за независност? Институтот „Child Mind“ (Child Mind Institute) подготви десет совети што ќе им помогнат на родителите да ја одржат довербата и отворената комуникација. Оддалечувањето не го доживувајте како отфрлање Повлекувањето честопати родителите го толкуваат како отфрлање, непослушност или доказ дека ја изгубиле блискоста со детето, сепак потребата за приватност е дел од развојот на самостојноста. Обидот од детето на сила да извлечете информација може да има спротивен ефект и дополнително да го оддалечите. Важно е да покажете интерес, но да не вршите притисок, туку да прифатите дека детето нема да ја сподели баш секоја мисла и тајна со вас. Одвојте време само за вашето дете Во овој период, психолозите советуваат да одвоите време еднаш до двапати неделно што ќе го поминете насамо со детето, со негова активност по извор, без мобилен телефон. Таквите моменти не мора да вклучуваат сериозни разговори. Заедничка прошетка, јадење сладолед, возење со автомобил или подготовка на вечера можат да создадат простор каде што детето спонтано ќе се отвори. Преку редовно заедничко време се зајакнува односот и детето учи важни комуникациски вештини. Прашувајте помалку, слушајте повеќе Прашања како „Како беше на училиште?“, „Која оценка ја доби на тестот?“ и „Со кого зборуваше?“ можеби некогаш поттикнувале разговор, но за дете во пред адолесцентна возраст, тие можат да звучат како испитување. Колку повеќе директни прашања поставува родителот, толку е поголема веројатноста да добива кратки одговори. Обидете се повеќе да слушате, бидете достапни и присутни, но дозволете му на детето да го избере моментот и темата на разговорот. Кога ќе ви се довери, не нудете веднаш решенија за секој проблем. Понекогаш му е потребна помош, но некогаш едноставно му е потребна потврда дека разбирате колку одредена ситуација му била тешка. Внимавајте со осудувањето на другите Децата на оваа возраст внимателно ги слушаат родителите кога зборуваат за други луѓе, особено за нивните врсници. Ги забележуваат коментарите за нечиј изглед, облека, однесување, оценки, објави на социјалните мрежи, и според тоа проценуваат колку може да ви се доверат. Ако сте премногу критични за туѓа грешка, тоа заклучува дека исто би реагирале и ако тоа направи слична грешка. Ова не значи да го игнорирате проблематичното однесување, туку да разговарате смирено без етикетирање и без избрзување со заклучоците. Гледајте заедно содржини што ги интересираат Филмови, серии, видеа и содржини на социјалните мрежи може да послужат како мост помеѓу родителот и детето. Кога повремено гледате што го интересира, полесно ќе го разберете неговиот хумор, неговите идоли и темите за кои разговара со пријателите. Заедничкото гледање дава прилика за разговор за односите, насилството, сексуалноста, границата помеѓу задевањето и понижувањето. Наместо да му држите предавање, дозволете му да го изрази своето мислење. Не ги одложувајте разговорите за сексот, алкохолот, дрогата. Децата тие информации веројатно ќе ги добијат од нивните врсници, од социјалните мрежи или други извори на Интернет. Затоа е важно да добијат точни и соодветни информации од родителите. Наместо долги сериозни разговори, подобро да водите кратки разговори кои се надоврзуваат на прашања, содржини што ги гледате заедно или секојдневни ситуации. Едукативните материјали исто така се од помош некои теми детето да ги истражи самостојно, а потоа да ви се обрати со прашања. Во овој период нивното тело интензивно се менува, како и односот кон него, па може да се појават првите знаци на нарушувања во исхраната. Разговорот за промените треба да виде отворен и смирен, без осуда и засрамување. Не реагирајте претерано Кога детето ќе дојде дома повредено бидејќи било исклучено од дружба, или видело фотографија од настан на кој не било покането, родителскиот инстинкт е веднаш да го заштити. Сепак, бурната реакција може дополнително да го вознемири. Наместо да се јавувате кај другите родители и да прогласувате катастрофална ситуација, прво сослушајте го детето. Потврдете ги неговите чувства, помогнете му да согледа што се случило и заедно разгледајте дали сака или може да преземе некаков чекор. Кога реагирате смирено, тоа му покажува дека непријатните емоции се подносливи и може да ги надмине со поддршка. Не игнорирајте го проблемот Смиреноста не значи незаинтересираност. Родителот кој го занемарува кршењето на договорените правила или промените во однесувањето испраќа порака дека не му е грижа и дека детето не може да му се обрати кога ќе настане проблем. На децата им се потребни јасни граници, важно е да знаете каде се, со кого го минуваат времето, какви содржини следат, но надзорот треба да се прилагоди на возраста и постепено да им се дава поголема одговорност. Целта не е целосна контрола, туку рамнотежа помеѓу безбедноста, довербата и независноста. Поттикнувајте ги девојчињата на активности што ја јакнеат самодовербата Самодовербата кај девојчињата може да почне да опаѓа после 9-годишна возраст, кога тие стануваат свесни за општествените очекувања, притисокот поврзан со изгледот. Тимскиот спорт може да биде еден од начините да развијат чувство на припадност, компетентност и да веруваат во своите способности. Слична улога може да имаат танцот, музиката, глумата, извидничката организација, волонтирањето и други активности кои им помагаат да градат односи. Дозволете им на момчињата да бидат ранливи Кај момчињата многу рано се испраќа порака дека тагата, стравот, нежноста и ранливоста се знаци на слабост. Затоа некои ги кријат чувствата токму кога има е потребна помош да ги препознаат и да ги изразат на здрав начин. Домот би требало да е место каде момчето ќе говори за разочарувањето, љубовта, стравот без исмејување. Развивањето на емпатија и емотивен речник ќе му бидат од корист во пријателските и партнерските односи. Доверба за годините што доаѓаат Наоѓањето рамнотежа помеѓу блискоста и самостојноста не е секогаш едноставно. Секогаш ќе постојат моменти во кои детето јасно ќе покаже дека не му е потребен родителски совет, барем не веднаш. Но, градењето однос во предадолесцентскиот период заснован на почитување на границите, чувствата и приватноста, на вашето дете ќе му овозможи чувство дека постои сигурна зона во која може да се врати без оглед низ што поминува. Отворената комуникација нема да спречи секаков проблем, но може значително да ги олесни адолесцентските години, пишува ordinacija.hr.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на КонгресотДемократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта. Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 4. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 4. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста. Кариера Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи. Кариера Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Здравје и совет Се потрудивте да живеете уредно , што е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања. Кариера Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете. Здравје и совет Почнете да спортувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилно . Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе. Кариера Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор. Кариера Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите. Кариера Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни. Здравје и совет Нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете. Кариера Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совет Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време. Кариера Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Почнете со здрава исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна. Кариера Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика. Здравје и совет Причекајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите. Кариера Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter