Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
2Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
Македонија Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Арсовска за ДУП во Ѓорче ПетровУставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка по иницијативата на Град Скопје, со која бараа оценување на уставноста и законитоста на одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 на општина Ѓорче Петров.Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка по иницијативата на Град Скопје, со која бараа оценување на уставноста и законитоста на одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 на општина Ѓорче Петров, донесена лани во февруари, а која Арсовска ја оспорува, бидејќи, како што претходно кажа не се почитувала законската постапка и не се прифатлие мислењата на стручните лица, а била донесена и без позитивно мислење од Град Скопје бидејќи не е во согласност со ГУП-от на градот. Реализацијата на истиот, Арсовска алармираше, може да предизвика еколошка и безбедносна закана за жителите на Скопје. Иако таа најави дека ќе има реакција доколку Уставниот суд донесе ваква одлука, засега останува недостапна за коментар.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијаниеОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази. Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место, стои во соопштението од јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ФудбалФантастичниот Хари Кејн руши сè пред себе, Шпанија го натажи полниот „Пољуд“ во Сплит со пресврт!Фудбалерите на Англија ја надиграа Чешка во 4. коло од Лигата на нации со резултат 3:0. На овој натпревар, капитенот на „Гордиот Албион“, Хари Кејн, се израмни со славниот голман Питер Шилтон по бројот на настапи во дресот на Англија – и двајцата имаат по 125. Тоа значи дека на напаѓачот на Баерн му преостанува уште само еден натпревар за да стане играчот со најмногу настапи во историјата на „Трите лава“. Што се однесува до самиот натпревар, Кејн учествуваше во сите три гола на домашниот тим. Најпрво упати топка од страна која Владимир Цоуфал ја спроведе во сопствената мрежа, а потоа, во 40. минута, ја круниса одличната акција на Англија со гол за 2:0. Кејн постигна уште еден гол во 57. минута, овојпат со глава по корнер, и го постави конечниот резултат од 3:0. Во вториот натпревар од оваа група, во големото дерби на Пољуд во Сплит, по пресврт, Шпанија ја совлада Хрватска со резултат 2:1. „Коцкестите“ беа многу подобар противник во првото полувреме и во 17. минута поведоа со голот на Иван Перишиќ. Сепак, сè се промени во продолжението од натпреварот. Микел Мерино влезе во игра на почетокот на второто полувреме и подоцна им ја донесе победата на европските и светските шампиони. Тој беше стрелец во 61-вата и 88-мата минута, со што Шпанија победи со 2:1. Шпанија е прва во групата со 12 бода, Англија има девет, Хрватска е трета со три бода, додека Чешка е на дното без ниту еден освоен бод. Преостанатите две кола од групната фаза на Лигата на нации ќе се одиграат во ноември.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвропските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми.Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири. ИСОС е избран за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe во 2027 година. Одлуката доаѓа само една година од пристапувањето на Институтот во оваа организација и претставува признание за неговото активно учество во европската професионална заедница. „Изборот на ИСОС за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe е голема чест. Тоа е значајно признание за нашата работа, но и можност македонската сметководствена професија и домашната економија да се претстават пред професионалци од голем број европски земји. Довербата што ни е укажана е дополнителен мотив да продолжиме активно да придонесуваме во размената на знаење, искуства и добри практики“, истакна Весна Прентоска, претседател на ИСОС. Паралелно со активностите во рамки на CFE Tax Advisers Europe, ИСОС по втор пат учествуваше и на конференцијата „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference) во Лондон, организирана од Фондацијата IFRS Лондон. Конференцијата претставува еден од најзначајните глобални форуми посветени на развојот на меѓународните стандарди за финансиско известување, а годинава обедини повеќе од 130 делегати од 70 земји. Во фокусот на дискусиите беше идниот развој на финансиското известување и потребата стандардите да бидат јасни, применливи и економично спроведливи, особено за помалите деловни субјекти кои располагаат со ограничени административни и стручни капацитети. „Она што јасно се наметнува како заедничка тема на европско и меѓународно ниво е потребата од поедноставување на регулаторните барања и намалување на административниот товар, особено за малите и средните претпријатија. Дигитализацијата, вештачката интелигенција и новите технологии дополнително отвораат можности за поедноставни и поефикасни решенија. Нашата цел е овие искуства навремено да ги следиме и да придонесеме добрите практики да бидат земени предвид и во развојот на домашната сметководствена рамка“, посочи Прентоска. Овие прашања се од особено значење и за Северна Македонија, особено во период кога сè повеќе се нагласува потребата од дигитализација, поширока примена на технологијата во секојдневното работење и унапредување на деловното опкружување. ИСОС ќе продолжи да поддржува решенија кои обезбедуваат рамнотежа меѓу квалитетното и транспарентно финансиско известување и реалните капацитети на деловните субјекти. Пораката од актуелните европски и глобални дискусии е јасна: иднината не е во дополнителна комплексност, туку во паметна регулација, дигитализација и поедноставени решенија кои ќе обезбедат доверливи финансиски информации и подобри услови за раст на малите и средните претпријатија. Преку учеството на релевантните европски и меѓународни форуми, ИСОС продолжува да ја зајакнува позицијата на македонската сметководствена професија и да придонесува кон нејзин развој како вистински партнер на стопанството. Инаку, ИСОС обединува над 6.000 сметководители и овластени сметководители во земјава и континуирано работи на јакнење на професионалните стандарди, унапредување на квалитетот и интегритетот на професијата, модернизација на процесите и засилување на својата национална и меѓународна улога. Значаен дел од активностите на Институтот се насочени кон едукација и унапредување на членството, согласно актуелните потреби и предизвици на професијата. Во изминатите години ИСОС организираше и три регионални конференции, со учество на повеќе од 1.000 професионалци, а од септември 2025 година е полноправна членка на CFE Tax Advisors Europe. Посебен фокус во своето делување, Институтот става и на привлекување млади кадри во професијата и нејзино позиционирање како современа и перспективна професионална определба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook