2Европа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортации
3Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија
Култура„УМЕТНИЧКО (ПО)СТОЕЊЕ“- Изложба на слики во МКЦ , Јулијана Гешоска Од 17 декември во Младинскиот културен центар во Скопје, од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики „УМЕТНИЧКО (ПО)СТОЕЊЕ“ од ликовната уметничка Јулијана Гешоска.Гешоска е уметник со долга и плодна кариера и надвор од границите на Македонија. Таа се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на Република Македонија(Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и др.) и била учесник нанад 30 ликовни колонии проследени со изложби. Кога стоиме меѓу делата од најновата импресивна серија слики на Јулијана Гешоска,обединети околу клучниот збор „Постојам”, спонтано ни се наметнува мислата дека за оваауметница несомнено важи геслото „Сликам значи сум!”. Ова мото веројатно би можело даси го преведеме барем на три начини: „Постојам за да сликам”, „Кога сликам вистинскипостојам”, или, „Во и преку насликаното токму сега (но и секогаш ќе) постојам”.Всушност, кога стоиме пред гигантските платна, диптиси, триптиси, полиптиси на ЈулијанаГешоска, но и пред сликите во помали димензии, низ нас прострујуваат идеи дека сликањетоза неа е и мислење и чувствување и на светот наоколу, но и светот во себе. Во нејзинитеслики може да се почувствува сè освен рамнодушност: тие и вознемируваат и смируваат,и (нè) разигруваат и растреперуваат, воодушевуваат и вознесуваат, пред сè благодарениена бројните колористички и композициски свежи и смели решенија и изведби. Трагитеод широките и импулсивни потези во повеќеслојното нанесување на боите прават да сечувствуваме како сведоци на раѓањето на сликарските визии на Јулијана.Во нејзината најновата серија платна да се постои значи да им се даде нов живот на боите инијансите, но и буквално да се живее, да се бивствува во и низ боите: во нивните необичнивибрации и комбинации, неочекувани пластови и значења, во нивните нанеси и вознеси,во нивните рабови и зони на меѓусебни допири, во нивните претопувања и проникнувања.Во сликите на Јулијана, боите имаат синестетичка моќ: тие се и звуци и мисли и духовниенергии, како што пророчки посакуваа родоначалниците на апстрактното сликарство.Затоа, кога стоиме пред платната на Јулијана, ни се наметнуваат асоцијации на тезата на МиланКундера, кој сметаше дека нема потреба да се интервјуираат писателите т.е. уметниците,бидејќи сите одговори се веќе вткаени во нивните дела.Во сликите на Гешоска има и приказни и песни и цели колористички симфонии, има имонолози и дијалози, но и многу „прашања и одговори” од насликани разговори.Оттука, кога стоиме пред најновите слики на Јулијана Гешоска, кои несомнено се плод инадоврзување на сè што создала и претходно, не е тешко да насетиме дека уметноста знаепонекогаш да нè потсети на најубав начин дека вреди да се постои (меѓу другото) за даможеме да ги видиме овие убавини. Проф. Др. Владимир Мартиновски. Инаку, Јулијана Гешоска е родена во Скопје, Македонија, во 1961 година.Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, 1990, додекапостдипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, отсекграфички дизајн, со магистратура од мултимедијален арт, 2008 година. Нејзини самостојни претставувања се: „Самостојна изложба на слики и инсталации“, ДаутПашин Амам - Скопје 1992; „Слика во слика„ Скопје, 2008; „Играта на актот“ Пула, Хрватска,1991; „Остави го шеширот и оди“ Скопје, 1998; „Измислен пејзаж“ Љубљана, Словенија, 1999;Интерактивна изложба со минувачи, Рогашка Слатина, Словенија, 1999; Мултимедијалнаизложба „Зад лицето - лик“ Мала станица, Национална галерија на Македонија, Скопје 2005;Мултимедијална изложба „01.01.200...? 12:00 часот“ Мала станица, Национална галерија наМакедонија, Скопје 2009, самостојна изложба Приштина 2008. Се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на Република Македонија(Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и др.) и била учесник нанад 30 ликовни колонии проследени со изложби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПукотница во кафуле во Атина, полно со Албанци- застрелано е 10 годишно девојче Тежок инцидент е регистриран доцна синоќа во Агиос Пантелејмонас, Атина, по вооружен напад од непознати лица во кој е повредено малолетно девојче од албанска националност.Поточно, во 23:50 часот по грчко време, четири лица со автомобил се приближиле до кафулето на улицата Агоракриту бр. 32 и отвориле оган врз него. При нападот 10-годишно девојче било повредено во ногата, објави Топ Ченел. Засега властите не разјаснија дали повредата е предизвикана директно од куршум од огнено оружје или од рикошети и шрапнели од други погодени предмети. Мајката на детето, со албанско потекло, не чекала брза помош, туку веднаш го пренела девојчето во Детската болница „Аглаја Киријаку“ за лекарска помош. Како што јави дописникот на Топ чанел од Грција, Артур Бибе, во моментот на инцидентот во кафеаната имало 10 лица, сите Албанци. Во меѓувреме, запален е и автомобил за кој постои сомневање дека им припаѓа на сторителите. Полициските сили брзо пристигнале на местото на настанот и вршат увид за околностите на настанот и идентификација на сторителите.Тагови: Албанци Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвропа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортацииМинистрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика.Министрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика, зајакнување на надворешните граници, поголема улога на европската гранична агенција Фронтекс и поефикасно враќање на мигрантите кои немаат право да останат во Европа. Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт ќе се залага за „спроведување промена во миграциската политика“, а приоритетите на состанокот ќе вклучуваат понатамошно подобрување на Европскиот пакт за миграција, поконзистентно заострување на надворешните граници на ЕУ и забрзување на враќањето на мигрантите. Портпаролот на Добринт изјави за германските медиуми дека Фронтекс би можел да се трансформира во „агенција за заштита на границите и ефикасно враќање“, што би ѝ дало на институцијата поголема улога во граничната контрола и спроведувањето на процедурите за депортации, според Дојче Веле. Во моментов, земјите-членки на ЕУ се одговорни за враќање на барателите на азил чии барања се одбиени. На состанокот ќе присуствува и белгиската министерка за азил и миграција, Анели ван Босеит, која ќе се залага за зајакнување на надворешните граници на ЕУ, посилна улога на Фронтекс и поефикасно враќање на лицата кои немаат право да останат во Европа. Пред предлогот на Европската комисија за иднината на Европската гранична агенција, кој се очекува кон крајот на октомври, Ван Босеит ќе нагласи дека Европа мора да може да реагира побрзо и порешително на своите надворешни граници со цел да ја контролира нерегуларната миграција и да спречи лесен пристап до територијата на ЕУ, пишува „Бриселс тајмс“. Таа, исто така, ќе се залага за поголема улога на Фронтекс во процесот на враќање на мигрантите, како и за посилни стимулации за земјите кои не се членки на ЕУ да ги прифатат своите граѓани на кои не им е дозволено да останат во Европа. Според неа, ЕУ треба повеќе да ја користи својата економска и дипломатска тежина и да ја поврзе соработката во областа на враќањето со други односи со трети земји. - Пактот за миграција беше важен прв чекор, но не е доволен сам по себе - рече белгиската министерка, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на заштитата на надворешните граници и обезбедување ефикасно спроведување на одлуките за враќање. Таа ги спомена визната политика, трговијата и помошта за развој како можни лостови за притисок. Се очекува Германија, Данска, Австрија, Холандија и Грција, исто така, да одржат одделни разговори за воспоставување центри за депортација, или центри за враќање, во трети земји. Берлин, според медиумските извештаи, се надева дека ќе постигне договор со една земја во Африка и евентуално во Азија до крајот на годината. Министрите ќе разговараат и за тоа како ЕУ може подобро да одговори кога надворешните граници одеднаш се изложени на силен миграциски притисок, како што е неодамнешното масовно преминување на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута. На дневен ред ќе бидат и првите искуства во спроведувањето на Европскиот пакт за азил и миграција, кој стапи на сила на 12 јуни. Белгија смета дека Пактот треба темелно да се разгледа по една година спроведување, во јуни 2027 година, со цел да се идентификуваат пречките и да се процени каде правилата би можеле да бидат поедноставни и поефикасни. „Еурактив“ претходно објави дека неколку земји-членки веќе повикуваат на измени и поедноставување на Пактот, додека Ван Босеит смета дека на документот прво треба да му се даде доволно време за да покаже резултати во пракса. На состанокот ќе присуствува и европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, додека се очекува учество на претставници на вкупно 18 земји од ЕУ и надвор од ЕУ, вклучувајќи го и Обединетото Кралство.Тагови: депортации Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со БугаријаРаспшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија.Распшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави денеска во Радовиш, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски. “Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија. Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот. Во рок од 6 до 9 месеци да се завршат студиите и после тоа одиме на тендерирање. Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што, како што кажав, ќе значи многу. И да напоменам дека нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter