Култура„Уметничката иницијатива е почетната искра“: 10 години заедно! „Бимилк“ и „Браќа Манаки“ во чест на уметностаБимилк годинава ја продолжува својата мисија на поврзување со културата и заедницата преку поддршка на еден од најзначајните културни настани во регионот – Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.Оваа компанија успеа да го спои својот бизнис со филмот и на многу интересен начин им ја доближи културата на младите. Одлучивме по повод овој настан да поставиме неколку прашања до Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во „Бимилк“. Прво нè интересираше што толку голема компанија како „Бимилк“ ја инспирирало кај Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, па донеле одлука да ги поддржат со ваква кампања, а Полексена истакна дека ова за нив имало навистина големо значење. - Фестивалот „Браќа Манаки“ е симбол на културна меморија, традиција и автентичност – вредности кои се длабоко вкоренети и во „Бимилк“, како првата и најстара млекара во земјата. Од првите кадри на браќата Манаки до денешните оскаровци и „БАФТА“ носители, Битола живее филм, а ние веруваме дека млекото е исто таков симбол – нешто што ги обединува генерациите и останува во меморијата. Затоа, нашата поддршка не е само спонзорство, туку партнерство кое ја негува македонската култура и создава искуства што ги поврзуваат кадрите од минатото со вкусот на денешницата- ни кажа Јанкуловска. Како културни настани како „Браќа Манаки“ влијаат врз локалната економија и туризмот? - Овие настани се вистински двигател за локалната економија. Во периодот на фестивалот, хотелите и рестораните се полни, а градот станува препознатлив на културната мапа. Гостите ја запознаваат архитектурата, духот на Широк Сокак и битолската гастрономија, а многумина повторно се враќаат токму заради фестивалот. Тоа не е само програма на платното, туку празник кој ја оживува заедницата и ја претвора културата во стратегија за иднината на Битола- изјави Јанкуловска за Канал 5. И ние сме само медиум и знаеме како во овој свет да го претставуваме гласот на народот, но и да диктираме трендови, па нè интересираше дали денес симболите на културата повеќе се создаваат преку медиумите и маркетингот или преку самите уметници? -Уметниците се коренот и суштината, но денес нивната приказна добива сила преку медиумите и креативните индустрии. „Бимилк“ тоа го покажа во изминатите години преку креативни бренд-активации што ја спојуваат уметноста со вкусот, традицијата со модерното. Така симболите не се само финансиски поддржани, туку стануваат дел од искуството на фестивалот и добиваат ново, пошироко значење- ни појасни Јанкуловска. Дали иднината на културните настани зависи од поддршката на компании како „Бимилк“, или од самата уметничка иницијатива? -Уметничката иницијатива е почетната искра – таа ја носи креативноста, идејата и визијата. Но, за таа искра да се развие во силен пламен што ќе трае, потребна е и корпоративната поддршка. Таа е горивото што дава стабилност, ресурси и креативен импулс за настаните да живеат и растат. Кога ќе се спојат овие две страни, тогаш културните настани добиваат вистинска сила и долготрајност. Така е и со „Браќа Манаки“ – уметниците ја создаваат магијата, а компании како Бимилк веќе една деценија вложуваат во тоа таа магија да остане дел од нашето културно наследство - изјави таа, па продолжи . - Оваа година се навративме на традицијата и на златните времиња на Битола – периодот кога браќата Манаки ја поставуваа основата на фестивалот и низ својата работа ја создаваа сликата на градот што сите го препознаваме и сакаме. Тоа беа моменти од секојдневието на староградска Битола, пренесени преку филмската магија и креативни интерпретации на нашето културно наследство. Со визуелните решенија го прикажавме тој спој меѓу уметноста и вкусот, симбиоза која ја оживува традицијата во ново светло и ја поврзува со нашите производи- кажа Јанкуловска. Дали би сакале и други компании во Македонија да следат ваков пример и да создаваат креативни партнерства со уметноста? -Секако. Кога повеќе компании ќе ја препознаат вредноста на уметноста не само како маркетинг алатка, туку како инвестиција во културниот и општествениот капитал, културната сцена станува посилна и побогата. Таквите партнерства носат повеќе оригинални содржини, отвораат нови можности за уметниците и оставаат позитивна трага за идните генерации. Најмногу од сé, ваквите партнерства создаваат вредности со долготраен печат за следните генерации, за наследството што ќе остане зад нас- кажа Јанкуловска.. И за крај, нè интересираше дали вкусот може да предизвика исто толку силна емоција како една филмска сцена? - Да, вкусот е меморија исто како и филмот. Чаша млеко може да нè врати во детството со иста сила како што една филмска сцена нè потсетува на нешто важно. Вкусот и уметноста се два универзални јазици на емоцијата и токму затоа оваа година ги споивме во заедничка приказна- заклучи Јанкуловска.Тагови: Бимилк културата уметност филм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter