„Twitter“ тестира нова функција, го копира „Instagram“ - Канал 5

„Twitter“ тестира нова функција, го копира „Instagram“

„Twitter“ започна со тестирање на функцијата „ Circles “.

„Twitter“ тестира нова функција, го копира „Instagram“

„Twitter Circle“ е еквивалент на „Close Friends“ листата на Инстаграм.

Кога корисникот објавува твит во рамки на „Circle“, само оние што се додадени во тој „Circle“ ќе можат да го видат твитот, како и да одговорат на него.

Компанијата додаде и нова страница на Центарот за помош, која објаснува сè за „Twitter Circle“.

Во моментов, корисникот може да има само еден „Circle“, а бројот на луѓе во него е ограничен на 150 корисници.

Само корисникот може да ја види комплетната листа на корисници во својот „Circle“, додека твитовите споделени таму не може да се ретвитуваат.

„Twitter“ ја тестира оваа функција само со одреден број корисници на глобално ниво и е достапна за „Android“, „iOS“ и десктоп платформата „Twitter.com“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големи пожари беснеат во јужна Европа – во Франција евакуирани 10 илјади луѓе

Шумските пожари продолжуваат да беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници жители да ги напуштат своите домови, додека високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата.

Големи пожари беснеат во јужна Европа – во Франција евакуирани 10 илјади луѓе

Најкритично е во југозападниот дел на Франција, во близина на Перпињан, каде што се евакуирани повеќе од 10.000 жители. Повеќе од 700 пожарникари, со поддршка од специјализирани авиони, се борат со огнената стихија, што досега зафати околу пет илјади хектари.

Поради опасноста, француските власти донесоа одлука третата етапа од велосипедската трка тур де франс низ пиринеите да се одржи без присуство на публика. Пожари се активни и во Португалија, Шпанија и Грција. Токсичниот облак предизвикан од пожарот во Орео-Кастро кај Солун со помош на ветерот се прошири на југ кон Атика и стигна дури до Пелопонез поради променливите ветрови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

​Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората.

Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта.

И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните - нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности.

Не му е важна на Мицкоски реформската агенда - тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж.

Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж.

СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО.

Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.

Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес.

Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации.

Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората.

Од што се плаши власта?

Ако навистина нивната цел е фер и демократски изборен процес, тогаш зошто бегаат од механизам што обезбедува контрола, доверба и согласност меѓу сите политички чинители?

Но, вистината е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација.

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме.

Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер