„Твоја приказна, наша поддршка“ - кампања на „Младите можат“ за менталното здравје - Канал 5

„Твоја приказна, наша поддршка“ - кампања на „Младите можат“ за менталното здравје

Граѓанската организација „Младите можат“ ја почна кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, чија основна цел е зголемување на свесноста и информираноста за важноста на менталното здравје кај младите на возраст од 14 до 18 години. 

„Твоја приказна, наша поддршка“ - кампања на „Младите можат“ за менталното здравје

Кампањата ќе се спроведе во средните училишта во државата и ќе опфати низа едукативни активности насочени кон учениците, но и кон наставниот кадар и стручните служби.

-Менталното здравје на средношколците не смее да биде табу тема и како заедница мора да ги поттикнеме младите отворено да говорат за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во своето секојдневие. Целта е да понудиме конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат учениците, но и да им порачаме дека треба отворено да зборуваат за стресот, анксиозноста, меѓуврсничкото насилство, градењето доверба. Исто така, важно нѝ е да помогнеме средните училишта да прераснат во инклузивни средини кои се подготвени во секој момент да им понудат поддршка на учениците во насока на поттикнување грижа за себе, своето ментално здравје и благосостојба, вели Филип Ивковски, програмски координатор во „Младите можат“.

Кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“ ќе се фокусира на визијата на средношколците за својата училишна средина и атмосфера односно како треба да изгледа едно училиште кое се грижи за менталното здравје и благосостојба на учениците. Крајната цел е да се поттикат надлежните институции да инкоприраат образование за ментално здравје во рамки на училишните програми, со што ќе се направи важен и позитивен исчекор во однос на ова прашање.

Како што информираат од „Младите можат“ во рамки на кампањата ќе биде објавен и повик за средните училишта коишто се заинтересирани да бидат дел од процесот на трансфомирање, чија крајна цел е да воведат практики за грижа за менталното здравје на своите ученици.

Оваа иницијатива е дел од континуираната посветеност на „Младите можат“ за подобрување на условите за младите и создавање позитивна и поддржувачка образовна средина. Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Практикувај демократија“ на Фондацијата за демократија на Вестминстер, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дожд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

И утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дожд

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 28 Крушево, 30 Маврови Анови, 31 Берово, Крива Паланка, 32 Прилеп, 34 Виница, Претор, 35 Струмица, Охрид, Битола, Штип, Тетово, 37 Скопје Петровец, Гевгелија, 38 Демир Капија, Кавадарци, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во источните делови наместа беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност

Жителите на штип останаа без вода поради прекин на преработката на сирова вода од хидросистемот „Злетовица“.

Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност

Од јавното претпријатие „Исар“ информираат дека филтер-станицата во Штип ја прекинала преработката на сировата вода поради екстремно зголемена матност.

Како што посочуваат од претпријатието, причина за прекинот е синоќешното невреме, поради што дошло до влошување на состојбата со сировата вода.

„Елементарната непогода во пробиштипскиот реон е единствена причина за прекинот на водоснабдувањето што ќе се случи“, наведуваат од ЈП „Исар“.

Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање до стабилизирање на водоснабдувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 20 се водат како исчезнати откако ферибот се преврте покрај брегот на Кипар.

Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)

Фериботот, кој се движеше кон Турција од северниот град Киренија, превезуваше 259 патници и осум членови на екипажот.

Според турските власти во северен Кипар, спасувачите стигнале до 237 лица. Повеќе од 160 се спасени и извлечени на брегот или се транспортираат. Досега се пронајдени седум тела, додека судбината на 23 лица сè уште е непозната.

Идентитетите на жртвите засега не се објавени.

Властите исто така не го објавија точниот број на повредени лица. Тие рекоа дека сите повредени кои беа извлечени се префрлени или се префрлаат во болници.

Бројни спасувачи, нуркачки екипи и хеликоптер се на местото на настанот, летајќи над областа и помагајќи во евакуацијата на преживеаните.

Фериботот се превртел кратко по напуштање на пристаништето. Според преживеаните патници, кратко по напуштањето на пристаништето, забележале дека вода влегува во предниот дел на бродот, за што веднаш ги известиле властите.

Некои патници кои беа извлечени на брегот тврдат дека „екипажот не реагирал соодветно“ и дека капетанот не почнал веднаш да го свртува бродот и да се враќа во пристаништето. Откако водата веќе многу навлегла во фериботот, тој почнал да го свртува, кога бродот се превртел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер