„Трипл-дабл“ на Леброн Џејмс за триумф на Кливленд над Њу Орлеанс

Повратникот во дресот на Кливленд Леброн Џејмс ноќеска на дуелот против Њу Орлеанс го предводеше својот тим до нова победа, а притоа дуелот го заврши со „трипл-дабл“ 32 поена, 12 скока и 10 асистенции.

Леброн голема помош имаше и од Кајри Ирвинг, кој 27 од своите 32 поена ги постигна во вториот дел.


Резултати на ноќешните натпревари: Кливленд – Њу Орлеанс 118:111, Индијана – Јута 97:86, Њујорк – Атланта 85:91, Чикаго – Детроит 102:91 и ЛА Клиперс – Сан Антонио 85:89.


Вечерва се играат шест натпревари: Торонто – Орландо, Мемфис – ЛА Лејкерс, Милвоки – Оклахома Сити, Далас – Сакраменто, Портланд – Шарлот и Голден Стејт – Сан Антонио.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер