Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
1Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
1Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
Култура Трио Аперто со врвна уметничка изведба ја отвори концертната програма во македонскиот КИЦ во ЗагребИзвонредна атмосфера и аплаузи ја одбележаа концертната вечер со која македонскиот КИЦ во Загреб свечено ја отвори концертната програма за 2026 година. Публиката со големо внимание и воодушевување го проследи настапот на реномираното македонско трио АПЕРТО, кое со својата врвна уметничка изведба уште еднаш потврди дека претставува еден од препознатливите и високо ценети камерни состави на македонската музичка сцена. Концертната програма за 2026 година свечено ја отвори директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, која во своето обраќање истакна дека програмата и понатаму ќе биде фокусирана на промоција на современата македонска уметност, богатото македонско културно наследство, поддршка на врвните уметници и продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. „Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година продолжува со внимателно креирана програма преку која македонската култура достојно се претставува пред хрватската публика. Особено ни е важно што концертната сезона ја отвораме со уметници кои преку својот квалитет и посветеност ја афирмираат македонската музичка уметност и создаваат простор за нови културни соработки и уметнички вредности. Реализацијата на годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб се остварува со поддршка од Министерството за култура и туризам, со што се овозможува континуирано претставување и афирмација на македонската култура пред меѓународната јавност“, истакна директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска. На концертот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Република Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, кој ја поздрави публиката и ја истакна важноста на културната дипломатија и улогата на македонскиот КИЦ во Загреб во афирмацијата на македонската култура во меѓународен контекст. Триото АПЕРТО, составено од врвните уметници Марина Трајковска – виолина, Момчило Куфојанакис – виолина и Весна Ангелова Христов – пијано, веќе подолг период активно дејствува на македонската и меѓународната музичка сцена, со јасна мисија за афирмација и развој на класичната музика и камерното музицирање. Нивната уметничка соработка претставува значаен придонес за збогатување на музичко-сценската дејност, не само во Македонија, туку и на меѓународно ниво. Во изминатите години триото реализираше успешни концерти во повеќе градови во Македонија, а на меѓународен план настапуваше во Тирана, Истанбул и Њујорк, претставувајќи ја македонската музичка уметност пред поширока публика. Вчерашниот концерт донесе внимателно избрана програма која опфати различни епохи и музички стилови, со особен акцент на македонското современо творештво, регионалната музичка соработка и делата од светската класична музика. На програмата беа изведени дела од македонските композитори Б. Цанев, Б. Светиев и Б.Илин (Елизабета Илиевска), чии композиции се инспирирани од македонскиот музички фолклор и современиот музички израз. Триото АПЕРТО во својот репертоар посветува особено внимание на промоцијата и афирмацијата на македонските автори, со цел нивното творештво да биде доближено до домашната и меѓународната публика. Посебно значење имаше и изведбата на дело на хрватскиот композитор од новата генерација А. Божиќ-Кудриќ, во чие творештво се препознаваат елементи од хрватскиот фолклор и традиција. Неговото присуство на програмата претставува симболична поврзаност меѓу македонската и хрватската културна сцена токму во Загреб. Концертот опфати и дела од М. Мошковски, Г. Форе и А. Шнитке, чија музика внесе дополнителна стилска разновидност и длабочина во програмата. Романтичната лирика на Мошковски, суптилната емоционалност на Форе и експресивниот музички јазик на Шнитке беа поздравени со силен аплауз и исклучителни реакции од публиката. Особено внимание привлече фактот што триото АПЕРТО е ретка камерна формација – две виолини и пијано – што претставува вистинско освежување на концертната сцена и можност овој тип на камерно музицирање да се доближи до пошироката публика. Со овој концерт поддржан од Министерството за култура и туризам, македонскиот КИЦ во Загреб ја продолжува својата мисија за промоција и афирмација на македонската култура во меѓународен контекст, при што ваквите настани ги рефлектираат државните политики за развој на културната дипломатија како значаен двигател за јакнење на меѓукултурниот дијалог, културната размена и меѓународната соработка. МАКЕДОНСКИ КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од ХутитеЈеменската влада, поддржана од Саудиска Арабија и меѓународно призната, соопшти дека започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите, поддржани од Иран.Вооружените сили на владата ќе продолжат со офанзивата „сè додека земјата не се ослободи од стисокот на терористичката милиција“, изјави јеменскиот претседател Рашад Ал-Алими во телевизиско обраќање. Портпарол на војската подоцна ги повика Хутите да го положат оружјето. Хутите, го држат главниот град на Јемен, Сана, и огромни делови од северозападот, каде што живее поголемиот дел од населението, од 2014 година. Тие досега издржаа серија напади во текот на годините од страна на Саудиска Арабија, Емиратите и нивните западни сојузници, и го осовременија своето оружје со помош на Иран. Движењето минатиот месец започна изненадувачка офанзива со која го освои стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб,на Црвеното море за само неколку недели, давајќи им на Хутите нова предност над меѓународната поморска рута.Тој напредок, исто така, отвори нов фронт во пошироката американско-израелска војна започната во февруари против Иран кои вклучуваа задушување на транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец.,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е СрбинЦрногорскиот претседател Јаков Милатовиќ викендов билпримен во аудиенција кај папата Лав XIV за време на неговата официјална посета на Светата Столица. „Папата Лав XIV би бил првиот папа во историјата што би ја посетил Црна Гора. За време на разговорите било потврдено пријателството меѓу Црна Гора и Светата Столица, како и заедничката посветеност на мирот, меѓусебното почитување и достоинството на секое човечко суштество“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора. Милатовиќ истакна дека оваа година се одбележуваат 140 години од Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата Столица, 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и 15 години од потпишувањето на Основниот договор. За време на средбата, посебно внимание било посветено на натамошното зајакнување на соработката, вклучително и на отворањето на Апостолска нунцијатура во Подгорица. На крајот од средбата, претседателот Милатовиќ му подарил на папата специјално изработен тениски рекет со црногорски државни симболи, рачно изработен филигран инспириран од добротската чипка и репродукција од првата страница на Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата столица од 1886 година. Милатовиќ му подарил тениски рекет на папата поради неговата страст кон тенисот. При врачувањето на подарокот, тој го споменал тенисерот Новак Ѓоковиќ. „Тој се изјаснува како Србин“, одговори папата. „Тој исто така е многу наклонет кон Црна Гора“, одговорил Милатовиќ. #PapaLeãoXIV recebeu na manhã deste sábado, 3 de outubro, o presidente de #Montenegro 🇲🇪 , Jakov Milatović. 👉🏼https://t.co/ISokOpjk0Q https://t.co/Vhf72pyLLk — Vatican News (@vaticannews_pt) October 3, 2026 Тагови: Папата Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаОд полноќ нови цени на горивата!Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, а според најавите, можно е нафтените деривати да поевтинат.Одлуката за новите цени треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, која ќе утврди по кои цени од полноќ ќе се продаваат бензините, дизелот и останатите нафтени деривати. Во моментов, на бензинските станици важат следните малопродажни цени: Еуросупер БС-95 се продава за 100,00 денари за литар; Еуросупер БС-98 чини 102,00 денари за литар; Еуродизел БС (Д-Е V) се продава по цена од 100,00 денари за литар; Маслото за горење ЕЛ-1 има цена од 111,50 денари за литар. Очекувањата се дека со новата одлука може да дојде до намалување на цените, што би значело поевтино точење гориво за граѓаните.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54