Ракомет„Три од три“ за ракометарите на Тунис на турнирот во ВинтертурИ додека нашата ракометна репрезентација во Скопје ги одработува подготовките за претстојното СП во Катар, првиот противник на Македонија, селекцијата на Тунис турнирот во Швајцарија го заврши со максимални три победи.Првиот противник на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Катар, селекцијата на Тунис со три победи во исто толку одиграни средби го заврши својот настап на меѓународниот турнир во Винтертур. Тунижаните по триумфите над Белорусија (34:30) и Словачка (28:27), попладнево ја совладаа домашната селекција на Швајцарија со 26:24, полувреме 15:9, во последниот меч на турнирот „Жолт куп’’. Меганем Хејкел со 5 голови беше најефикасен во репрезентацијата на Тунис за која четворица ракометари придодадоа по четири голови (Банур Амине, Санаи Мосбах и Чирифеј Маруна), додека голманот Меџед Хамза имаше 10 успешни одбрани Токму против Тунис на 16 јануари репрезентацијата на Македонија ќе го започне својот настап на Мундијалот во Катар кој стартува ден порано (15 јануари). Потсетување дека покрај Тунис, противници на Македонија во групната фаза на СП ќе бидат и селекциите на: Иран, Босна и Херцеговина, Хрватска и Австрија редоследно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter