„Трезор" - Обвинителство изведува материјални докази, Мијалков бара да се чита целата содржина

На судењето за „Трезор“ обвинителството изведува материјални докази за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање.

А одбраната бара доказите да бидат целосно прочитани за јавноста да види што точно било набавено.

На обвинителна клупа за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство во Кривичниот суд се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешен шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Обвинителот Артан Ајро почна со изведување материјалните докази, за тоа дека „Финзи“ примала пари од МВР по фактура од 2010 година на над 70 милиони денари за прва испорака на опрема за нејзина инсталација, тренинг и испорака.

Додека обвинителот читаше докази со фактури за доставената роба до МВР, рече дека има и ставки на латници и не може да ги прочита, по што одбраната побара да бидат преведени.

По реакција од адвокатот Петар Василевски до судот, дека нема биро да фаќа забелешки, обвинителот Трајче Пеливанов рече дека не му треба, затоа што и така не носи чанта, по што настана вербална конфронтација, која за момент ја прекина обвинетиот Сашо Мијалков.

- Нашето барање за целосно читање на доказите е да слушне јавноста што точно се набавувало од опрема, а со тоа и ќе докажеме дека не сме виновни, рече Мијалков на судот.

Судот даде пауза за да се обезбеди биро за адвокатот Василевски, по што продолжи рочиштето.

По однос на барањето за начинот на изнесување на доказите од СЈО, Судот претходно се изјасни дека обвинителот може да ги изведе на начин на кој што смета дека треба да бидат изведени.

За случајот поднесени се над 900 материјални докази.

Обвинетите во „Трезор“ се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. /МИА.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер