„Тредс“ го надмина и рекордот на „Чет-ГПТ“ околу корисниците - Канал 5

„Тредс“ го надмина и рекордот на „Чет-ГПТ“ околу корисниците

Новата апликација „Тредс“ на Инстаграм надмина сто милиони корисници, што значи дека го надмина и достигнувањето на „Чет-ГПТ“.

„Тредс“ го надмина и рекордот на „Чет-ГПТ“ околу корисниците

Имано, ако на „Чет-ГПТ“ му требаа два месеци за да го постигне тој праг, на „Тредс“ којшто беше лансиран во средата, му беа доволни пет дена, соопштија од „Мета“ - компанијата сопственичка на новата платформа.

- Лансирањето отиде далеку од нашите очекувања... А, растот е најмногу „органски“, изјави извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг во петокот.

Кога вели „органски“, Закерберг има предвид дека не се вложени многу пари за промоција на самата апликација.

„Тредс“ сѐ уште е во зародиш и допрва ќе се види дали ќе го достигне „Твитер“.

Иако пред само неколку дена „Твитер“ испрати писмо до Марк Закерберг, каде што се наведува дека има намера да ги заштити своите права околу интелектуалната сопственост, а Илон Маск рече дека „конкуренцијата е в ред, но изневерувањето не е“, сопственикот на „Твитер“ беше „налутен“ од порака на сопствената социјална мрежа. Имено, на обичен предлог - Марк Закерберг да оди во вселената - сопственикот на „Тредс“ одговори со смешковци, па Маск го покани Закерберг на необичен натпревар.

Наводно, двајца од најистакнатите технолошки милијардери во светот - Илон Маск и Марк Закерберг договориле „ултимативната борба“ во „Октагонот“ во Вегас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Јемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“.

„Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК.

Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер