Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа
2Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа
Култура„Травијата“ на Верди на сцената на Националната опера и балетОперата „Травијата“ од Џузепе Верди, ќе биде изведена вечерва на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот.Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и во режија на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, оваа продукција ветува смело сценско дејствие и визуелен квалитет. Сценографијата и костимографијата се дело на Софија Шнајдер од Германија, кореографијата е на Саша Евтимова, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска. Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска како Виолета Валери, Благој Нацоски како Алфред Жермон и Марјан Јованоски како Жорж Жермон. Останатите улоги ги толкуваат Марика Поповиќ, Александра Лазаровска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски и Тихомир Јакимовски, заедно со оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. „Травијата“ е едно од најпопуларните и најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди, со партитура која изобилува со фантастични музички сегменти и комплексно „безвременско“ либрето, напишано според романот „Дамата со камелии“. Тагови: опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратеницитеСобранието денеска ќе одржи седница на која прва точка на е интерпелацијата за работата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.Интерпелацијата за министерот e поднесена од пратничката група предводена од СДСМ, кои наведуваат дека се поднесува поради сериозни сомнежи за системска корупција во ресорот, потврдена со апсења на високи функционери за примање мито и директно загрозување на јавниот интерес, како и, како што се посочува, поради суспензијата на ипард 3 програмата. Опозициските пратеници во интерпелацијата посочуваат и дека донесените мерки и политики покажале ризик од селективна и нетранспаретна распределба на јавните средства, кои одат директно на штета на земјоделците.Тагови: Трипуновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна ЕвропаПретседателката Сиљановска-Давкова е во Софија каде учествува на самитот на шефови на држави и влади на земјите од процесот за соработка во југоисточна Европа. На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Бугарија, Илијана Јотова. На средбата, се очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем.рече дека тоа е продолжение на средбата во ереван – едно пријатно женско говорење. Ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние „bona fide“ да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите вели Сиљановска-Давкова. Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. Покрај македонската претседателка, на самитот ќе учествуват и Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу, претседателката на Репубика Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Владата на Република Молдавија, Александру Мунтеану, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД го нападнаа Иран откако беше соборен американски хеликоптер во Ормускиот теснецАмериканската војска соопшти дека извршила напади врз Иран, како одмазда за соборувањето на армискиот хеликоптер „Апачи“ .Функционер на САД, за Си-Ен-Ен изјави дека администрацијата на Трамп верува дека нападите нема да ги попречат воените разговори. Експлозии се слушнале на три стратешки локации околу Ормускиот теснец, објавија државните медиуми. Иранската државна телевизија објави дека нападите погодиле два резервоари за вода, со што се прекинало снабдувањето со вода во областа. Иранската револуционерна гарда соопшти дека исто така започнала напади врз американски цели во регионот. Во Бахреин, видео геолоцирано од Си-Ен-Ен се чини дека покажува блесок светлина од близина на американска база кратко откако се огласиле сирените во земјата. Јордан и Кувајт соопштија дека пресретнале напади. Двајца американски функционери изјавија дека хеликоптерот бил соборен од ирански дрон, а еден функционер рече дека не е јасно дали хеликоптерот бил намерно цел. Американски беспилотен брод без екипаж ги спасил двајцата членови на екипажот. Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД мора да одговорат откако Иран собори хеликоптер „Апачи“ на армијата, чии членови на екипажот беа безбедно спасени. Трамп објави на социјалните мрежи дека американската војска го информирала дека Иран го соборил хеликоптерот, кој патролирал во Ормускиот теснец, крај брегот на Оман. „Имало двајца пилоти вклучени, двајцата се безбедни и неповредени. Сепак, САД мора, по потреба, да одговорат на овој напад“, рече тој. Двајца американски претставници рекоа дека хеликоптерот бил соборен од ирански дрон. Одделен извор запознаен со инцидентот рече дека иранскиот дрон „Шахед“ го погодил американскиот хеликоптер. Еден од американските претставници рече дека не е јасно дали дронот намерно го таргетирал „Апачи“ или станува збор за ненамерно соборување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter