Македонија( Транскрипт и Видеа ) „Само Интервју” со Кејт Мари Брнз, Амбасадор на С.А.Д.Во вечерашното „Само Интервју” гостуваше Кејт Мари Брнз.Реформите не се неопходни само за аспирациите кон ЕУ, туку се потреба, нужност. Вашата земја сега се соочува со многу сериозен предизвик, особено младите луѓе, кои се прашуваат дали овде имаат иднина. Прво и најважно, некои од случаите на корупција што сега се водат, ако се пресудат, би бил јасен сигнал, рече Амбасадорот на САД, Г-ѓа Брнз. Имаше значителни напори во борбата против корупцијата, но се оди бавно и не се доволно. Во овој случај мислам дека перцепцијата е многу важна. Ако луѓето забележуваат корупција, тогаш постои проблем. Ако е тоа нешто видливо со кое се борат секојдневно, мислам дека е важно да се обрне внимание. Кажавме дека Владата сноси одговорност и тоа е така, но не е само таа одговорна. Има повеќе чинители, институциите треба да ја одиграат својата улога, рече Амбасадорот на САД, Г-ѓа Брнз. Ние поддржуваме независно, суверено и мултиетничко Косово. И претседателот Бајден зборуваше за ова, ќе се осврнам на неговите коментари, тој рече дека со сеопфатен договор меѓу Косово и Србија мора да се зачува сувереноста на двете земји. Мислам дека тоа е конечниот став. Ние поддржуваме сеопфатен договор што ќе ја зачува сувереноста на двете земји, рече Амбасадорот на САД, Г-ѓа Брнз. Целиот транскрипт од интервјуто прочитајте го тука : Михајловски :Македонија, како и остатокот од светот се уште се бори со пандмеијата предизвикана од новиот коронавирус... Надежта е во вакцините, но ние, како и многу други посиромашни земји, мака-мачиме да стигнеме до нив.. што се случува со Ковакс механизмот кој требаше да обезбеди праведна распределба, очигледно некаде потфрли? Брнз: Ви благодарам што ме поканивте во вашата емисија.Во овие времиња на КОВИД тешко е безбедно да се направи интервју во живо и многу ми значи што сум овде.Да, сметам дека апсолутно сте во право.Сите многу се интересираме и се залагаме да се завршиоваа пандемија на КОВИД-19,да се заврши што е можно побргу. Механизмот „Ковакс“ што го спомнавте,всушност беше создаден како систем што би овозможил на сите земји подеднакво да им бидат достапни ефикасни вакцини,особено на помалите земји. Тие имаат ограничени извори на добавување, тестирање и докажување. Сигурно е дека за КОВИД на механизмот му беше потребно многу повеќе време за спроведување на процесот одошто се очекуваше.Функционира, но бавно. Секојдневно „Ковакс“ обезбедува се повеќе вакцини што се одобрени, тестирани за ефикасни и безбедни, а се труди и да бидат доставени. Мислам дека веќе објавија распоред за Македонија кога ќе почне да ги добива своите вакцини преку тој механизам и се надеваме, преку таа програма ќе можеме да видиме како целиот свет прима вакцини. Во моментов сите нас не интересира истото, а тоа е што повеќе луѓе да бидат вакцинирани што е можно побргу. И најпосле, за да се избориме со оваа пандемија,треба да се погрижиме вакцините да бидат достапни за сите во светот,секој да може да прими. Како што напоменавте, КОВИД-19 е многу повеќе од проблем,не е само пандемија, мислам вакцини. Михајлоски: Дали може да очекуваме некаква пратка со вакцини од САД, како дел од билатерналата соработка. Досега многупати сте ни помагале.. Брнз : Тука се засегнати многу работи.Ние на Владата и обезбедивме директна помош во износ од 6.7 милиони долари со цел олеснување на пандемијата,што не се насочи само кон економско и социјално закрепнување,туку и за подготовка при воведувањето на вакцини. Секако, тоа следува по две децении инвестирање и помагањево подобрувањето на здравствениот систем за да може да биде подготвен за криза од ваков вид. Во врска со вакцините што ги спомнавте,ние пред се, работиме и го поддржуваме механизмот Ковакс.За разлика од други влади,ние не преговараме продажбадиректно со владите, значи,средствата директно одат во механизмот Ковакс и покрај повеќето милијарди долари што веќе ги вложивме во истражување и развој, што беше од помош за некои од вакцините што денес се безбедни и достапни. Размислуваме што може да се направи со вишокот вакцини.Мислам дека ќе се потрудат приоритетни да бидат најмалите земји, најризичните и најсиромашните земји. Значи, механизмот „Ковакс“ и понатаму ќе биде дел од нашите заложби да се работи на глобално ниво. Михајловски :И покрај едногласната одлука на ЕУ од март лани, Македонија и во 2020 година не ги започна преговорите за членство. Причината е јасна – блокадата од Буагрија. САД преку Вас, но и преку ставовите на Стејт департментот во повеќе наврати искажа разочарување од одлуката. Сепак Бугарските власти велат дека се непоколебливи и остануваат цврсто на барањата.. Што конкретно може САД да направат повеќе за да ја убедат Софија да го тргне ветото и така да ни помогнете да го продолжиме интегративниот процес? Брнз: Па, 2020 г. беше година и кога Македонија влезе во НАТО, а за нас тоа е важен пресврт и важна цел. Но, како што знаете, кога станува збор за влезот во ЕУ ние сме многу разочарани што Бугарија одлучи да го блокира почетокот на преговорите.Во повеќе наврати го кажавме тоа.САД се разбира, но и Бугарија долго време се залагаа за интеграција на Западниот Балкан и во НАТО, и во ЕУ. Ние сметаме дека сите сме членови на семејството на НАТО и во заемен интерес ни е напредокот во процесот за влез во ЕУ.Ние изразивме надеж дека процесот за влез во ЕУ ќе продолжи што е можно побргу и сите билатерални спорови треба да се разрешуваат надвор од процесот на пристапни преговори,не треба да бидат засегнати во тоа прашање. Ние го гледаме како позитивен знак тоа што Македонија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања да се стават надвор од процесот со цел напредок во тој поглед.Ние и понатаму ќе се залагаме и ќе даваме поддршка во насока тие прашања да останат настрана од процесот на пристапни преговори,бидејќи тоа ќе овозможи напредок. Мислам дека решението на овие билатерални прашања ќе се постигне со билатерален дијалог, мора на тој начин.Не знаев дека Северна Македонија има докази дека се справувала со спорни прашања со соседите и ги разрешувала конструктивно. Па, и понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Македонија да ги отпочне преговорите за ЕУ,ќе продолжиме да ја застапуваме билатерналните прашања да бидат надвор од преговорите. Ние имаме потполна доверба во вашата Влада дека ќе успее да постигне прифатлив договор со Бугарија. Михајловски :Големи надежи во овдешната јавност се положуваат во новиот претседател ан САД, Џо Бајден. Преовладува мислењето дека тој ќе биде поангажиран на Балканот отколку неговиот претходниот Трамп. Дали ова е оправдано? Брнз: Мислам дека многу е важно да се забележи дека САД покажаа големи заложби во овој регион повеќе од две децении. Јас би рекла дека последниве неколку години и решително се залагавме, не само за влез на Македонија во НАТО, што беше значаен фокус на претходната влада, туку и за регионална стабилност. Според тоа, имам целосна доверба дека таквите големи заложби ќе продолжат и под водството на Бајден-Харис. Покрај поддршката на Македонија за влез во Европа, ние интензивно и билатерално работиме на широк спектар на приоритети, од обиди да се подобрат економските инвестиции, до младинско претприемништво.Во последно време и регионалната соработка, меѓу кои енергетските прашања, и најважното, здружени заложби за ублажување на ефектите од пандемијата КОВИД-19. Михајловски : САД помогнаа и за Преспанскиот договор, Вие тогаш бевте заменик-амбасадор во Атина, претпоставувам од блиску ги следевте преговорите... Македонците и понатаму се длабоко поделени за прашањето, многумина веројатно никогаш нема да го прифатат новото име. Некои веруваат дека не мораше да се брза... Дали тогаш или било кога во иднина беше можно да биде постигнато подобро решение? Брнз: Преспанскиот договор беше компромис.Тоа беше тежок компромис, знам дека тешко е да се прифати тука и не сакам тоа на ниеден начин да се омаловажи, но ние сметаме дека е важно да се фокусираме на резултатот што се постигна со Договорот. Пред се, разрешувањето на спорот со името и ги отвори вратите на Македонија за влез во НАТО и сега се трасира патот за идните преговори за влез во ЕУ.Исто така е важно да се напомене, не се обрнува многу внимание на тоа што е зголемена соработката меѓу вашата земја со Грција,како резултат на тој договор. Постои голема соработка во повеќе области, од енергетиката, трговијата, до економскиот развој,што долгорочно е во полза на земјата. Михајловски :Решавањето на спорот за името го тргна ветото за членство во НАТО, кое Грција го стави уште на Самитот во Букурешт во 2008 година. Македонија веќе една година е полноправна членка на Алијансата, но кај дел од населенито постои мислење дека за тоа плативме превисока цена, особено без јасна перспектива за членство во ЕУ. Дали вредеше? Зошто треба да се среќни што сме дел од НАТО? Брнз: Првин, во врска со ЕУ јас верувам дека имате јасна перспектива кон членство во ЕУ.САД се уверени во вашата европска иднина, а и самата ЕУ. Најважното е што вашиот народ верува во европска иднина. Важно е да се сфати дека иако неодамнешните настани беа фрустрирачки, разбирливо е што луѓето се лути поради тоа, но тоа е важна цел. Не треба да се откажувате. Можеби е ова маратон, но може да се постигне и јас верувам дека тоа ќе се случи. А во врска со НАТО, не можам јас да кажам дали луѓето треба да бидат задоволни заради тоа,но би рекла дека откако влеговте во НАТО, вашата земја веќе бележи резултати. Пред се, НАТО ви помагаше да ја модернизирате војската, помогна да се подобри сајбер-безбедноста, минатата година дури набави и респиратори за помош за КОВИД-19, а згора на се, НАТО обезбедува колективна безбедност преку Членот 5. Дури и денес, ви обезбедува место при донесувањето одлуки во најмоќната алијанса на светот. Тоа се случува во моментов во Брисел на средбата на Министрите за одбрана. Затоа мислам дека тоа е од голема полза за земјата. Михајловски :Во едно од интервјуата кажавте дека бугарското вето отвора простор за надворешно влијание од трети страни, особено на Кина и Русија.. Во кои сфери го очекувате? Брнз: Мислам дека бугарското вето нанесува штета на повеќе нивоа, но една работа што ја предизвика беше сомнежот кај народот во кредибилитетот на ЕУ и нејзината посветеност кон проширување.Мислам дека тоа ја отвори вратата за дезинформации. Затоа е важно тоа да не се дозволи. Поважно е да се има на ум дека што и да се случи, најважните односи за земјава се со ЕУ и НАТО и ништо нема да ги замени. Михајловски :Големо мнозинство од македонските граѓани даваат силна поддршка за члнество во ЕУ, бидејќи се надеваат дека на таков начин Македонија ќе стане силна и просперитна демократија, во која ќе владее правото... Владата уверува дека може да ја постигне оваа цел и без официјален почеток на преговори, но и искуството во изминативе 30 години независност, а и последните меѓуанродни извештаи како тие на Транспаренси и Економист го покажуваат спротивното.. Дали верувате дека оваа влада има капацитет самата да го реформира системот во државата? Брнз: Верувам во тоа.Реформите не се неопходни само за аспирациите кон ЕУ,туку се потреба, нужност.Вашата земја сега се соочува со многу сериозен предизвик, особено младите луѓе, кои се прашуваат дали овде имаат иднина, дали можат да заработуваат, дали ќе имаат можности. Имате просечни граѓани исфрустрирани од корупцијата, од недоволните реформи и напредокот на кој се надевале. Мислам дека тие прашања се многу важни, но сметам дека постојат конкретни чекори што може да се направат релативно брзо за да се покаже решителноста да се работи на тие прашања. Прво и најважно, некои од случаите на корупција што сега се водат, ако се пресудат, би бил јасен сигнал. Исто така, парламентот ажурно да ја донесе националната антикорупциска стратегија и воведувањето на таа стратегија. Новата канцеларија на заменик - претседателот на Владата, може да се искористи тој нов глас,кој е се посилен, за да се уверат дека тоа важи за секој службеник од јавниот сектор, на секое ниво, дека се водат според највисоките етички стандарди, да докажат дека луѓето што се на позиции се поставени според нивната стручност, а не поради политичка определба. Кога се појавува проблем, се решава праведно и транспарентно. Исто така би ги повикала и службениците надвор од Владата да ја извршат својата работа, и тие да не уверат дека за сите граѓани важат истите правила. Михајловски :САД послениве 20-тина години многу инвестираа во едукација и опремување на институциите што треба да се борат со криминалот и корупцијата, но за жал се уште граѓаните немаат доверба во правосудниот систем.. На што според вас се должи ова потфрлање? Брнз: Имаше значителни напори во борбата против корупцијата,но се оди бавно и не се доволно.Во овој случај мислам дека перцепцијата е многу важна.Ако луѓето забележуваат корупција, тогаш постои проблем. Ако е тоа нешто видливо со кое се борат секојдневно,мислам дека е важно да се обрне внимание.Важно е да се признае фактот дека ако влијае врз животот на луѓето, ако страдаат... Не само од висока корупција на државно ниво, туку и на локално ниво каде се потребни ситни плаќања за извршување на основни услуги. Сето тоа влијае врз граѓаните и така се поткопува довербата во Владата, се поткопува економскиот раст, можностите, и згора на се, се урива човечкото достоинство. Михајловски :Владата вели дека корупцијата не е зголемена во реалноста, туку таква е перцепцијата.. Каква е вашата перцепција? веќе втора година сте во земјава, имате чести контакти и со претставниците на институциите, но и со обичните граѓани.... Брнз: Сите се одговорни во врска со ова прашање.Кажавме дека Владата сноси одговорност и тоа е така,но не е само таа одговорна. Има повеќе чинители, институциите треба да ја одиграат својата улога, претпријатијата треба да се погрижат да работат според етички принципи, сите јавни службеници треба да постават високи стандарди и да живеат така граѓанското општество, медиумите треба да обрнат големо внимание на корупцијата, не со намера да покренат политички прашања, туку во обид да се реши проблемот, а и јавноста има своја улога, треба да пријави корупција кога ќе забележи, а не да ја толерира.Така граѓаните ќе дознаат како изгледа владеење на правото и добра влада,па ќе побараат и повеќе.Од владата и судството ќе бараат да се покажат реални резултати. Тоа е добро, тоа е разумно и бара труд околу реформите, коишто искрено, треба да се забрзаат. Михајлоски:С.А:Д. многу навистина ни помогнаа овие 20на години преку едукации, опрема на институциите кои треба да се борат со корупцијата и криминалот, но за жал граѓаните се уште немаат доверба во правоудството, што мислите на што се должи оваа недоверба? Брнз: Ние многу вложувавме во обидите да се изградат институции што ќе влеваат доверба во независното судство. Но потребно е време,а луѓето се исфрустрирани поради одолговлекувањето.Затоа сметам дека е важно да се забрзаат тие реформи, тоа да се надмине.Потребно е многу време. Не е едноставен процесот на реформирање на судството.Најпрвин, треба да се направат правилни промени, потребно е време за тие да се воведат.И потоа ќе биде потребно време да се изгради доверба во јавноста во тие институции. Но на крајот на краиштата, слободно и независно судство, независни јавни обвинители се елементите за кои не се преговара во одговорна демократија и се клучните составни делови за долгорочен раст и економска стабилност. Такви инвестиции и се потребни на земјата за во иднина.Тоа мора да се направи. Михајлоски: Дали сме на вистинскиот пат? Брнз: Мислам, нема поговор дека земјата е на вистинскиот пат. Прашањето не е дали е јасна работата што треба да се заврши, туку на кои работи им се дава првенство.Значи, сите треба да го надминат тоа, во Владата, оние надвор од Владата,сите да вршат постојан притисок за довршување на овие реформи,така ќе се создаде општество кое граѓаните го посакуваат и какво заслужуваат. Михајловски :Власта и опозицијата тешко постигнуваат консензус за било кое стратешко прашање.. Така беше и за Договорите од Бугарија и Грција, рефенредумот, уставните измени, за Законот за јазиците, законот за обвинителство... Сега исто е и за пописот... на што според вас се должи ова? Дали има неконструктивност кај опозицијата или пак тврдоглавост кај власта? Брнз:Дозволете најпрвин да кажам дека во една демократија сакаме да постигнеме колку што е можно поголем консензус, особено за најкритичните прашања. Тоа е важна цел,но не е секогаш возможно.Не може сите политики да ви бидат одобрени од секој политичар,а камоли од секој гласач.Политиките треба да не водат напред.Многу е важна улогата на конструктивна опозицијаво една демократија.Од витално значење етие да застапуваат различни политички ставови, но дури и кога има длабоки идеолошки спорови,мора да постои почит кон институциите, поединците,но и почит кон електоратот. Потребен ви е простор каде може да се изјаснат различни ставови,но да не се користат за опструкции.Да се создаде простор каде можете да имате добра, конструктивна, политичка дебата, претставувањето на политичките ставови е важно, но не смеете да дозволите институциите да не се почитуваат, а и гласовите на електоратот.Тоа е апсолутно критично,особено за најтешките прашања со кои земјава се соочува денес.Треба да се трудиме тоа да се надмине. Михајловски :Верувате ли дека има услови за чесно попишување, опозицијата се сомнева дека резултатите ќе бидат штелувани? Брнз:Треба да се направи попис. Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на собрание и тоа се случи со поддршка на некои од членовите на опозицијата.Тоа има критична функција.Како што знаете, во вашата земја не е извршен попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму,како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки.Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики,како и да се привлечат инвестиции,кои се неопходни за вашиот раст. Михајлоски: Опозицијата повторно бара предвремени парламентарни избори, овој пат заедно со локалните.. Дали тие може да бидат решение за политичка стабилност или ќе бидат само губење на време? Брнз: Мислам дека треба да се потсетиме дека политичката стабилност произлегува од добра влада, а изборите се клучниот дел.Тие го изразуваат гласот на гласачите и нивниот суд, но не се единствениот елемент и не се решение за сите проблеми.За тоа се потребни силни институции, политички актери што ги почитуваат институциите,политички бирократии со кои управуваат институциите,како и слободно и независно судство што спроведува правда.Сите овие елементи заедно придонесуваат за силна и стабилна демократија, а така напредува општеството. Михајловски :Нетрпеливоста меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во државава трае веќе подолг период, уште од времето на Пржинските преговори.. Тие кулминираа со собранискиот упад на 27 април 2017 година за кој се уште се водат судски постапки.. Кога се случи упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол, на почетокот од годинава, многумина повлекуваа паралели и правеа споредби.... Гледате ли вие некаква сличност и во настаните, а и во реакцијата на системите тука и во САД? Брнз: Мислам дека е тешко да се споредува реакцијата на институциите на настаните во Вашингтон и реакцијата на овдешниот упад во собранието од 2017 год., бидејќи нашите правни системи се разликуваат во голема мера.Но кога станува збор за настаните во Вашингтон на 6-ти јануари, беа навистина шокантни. Беа спротивни на правото и на нашите цврсти демократски принципи, но беа и пример колку е цврста нашата демократија. Многу е важно тоа што неколку часа по отстранувањето на демонстрантите од Капитол, членовите на Конгресот се вратија внатре, си ја вршеа својата работа, исполнувајќи ја својата уставна обврска- усвојување на изборните резултати.Со тој процес се справувавме на отворен и транспарентен начин,не се трудевме да скриеме што се случува, како што за жал, сме виделе на други места низ светот. Мислам дека една од најполезните лекции по настанот на 6-ти јануари е пораката дека силни, стабилни и транспарентни институции може да бидат цврста основа дури и при најголема бура,и при најголем предизвик. Затоа ние овде толку многу се трудиме во нашето партнерство со Македонија да се фокусира на градење на силни и цврсти институции, бидејќи и во долгогодишните демократии, како нашата во САД, се уште треба да се трудиме да ја одржиме нашата издржливост. Ќе повторам, мислам дека е важно, за предизвиците со кои се соочувате, да се борите за иднината што ја посакувате,да продолжите да градите иднина кон ЕУ,не попуштајте пред корупцијата, барајте реформи што граѓаните ги бараат и ги заслужуваат, бидејќи само со такви заложби ќе можете да си обезбедите таква иднина.Ќе имате многу поддржувачи и партнери во тие заложби од меѓународната заедница, а сигурно од САД. Михајлоски:Интересно е што опозицијата кај нас веднаш го осуди настанот во Капитол, а судските спорови кои се водат овде се политички монтиран. Има ли можеби и такви обвинувања во САД? Брнз: Во САД постојат политички разлики и различни политички ставови, но според мене инцидентот во Вашингтон за сите нас беше потврда дека имаме доверба во институциите и вреди во нив да се вложува.Поголемиот дел Американци што го видоа тоа беа шокирани. Тоа беше во голема мера осудено меѓу политичкиот спектар во САД,како и ширум светот, а и овде, во Македонија.Најважен е фактот што институциите се вратија, си ја завршија работата. Процесот на отчетност трае, а тоа е најважната порака:Треба да се застане зад институциите во една демократија, да се поддржуваат. Затоа ние толку страствено и жестоко го браниме Уставот на САД. Михајловски : Во регионот се уште главното отворено прашање, со потенцијал за дестабилизација, е прашањето за статусот на Косово.. Дел од косовските политичари се прилично фрустрирани од застојот во преговорите со Србија, па најавуваат, Харадинај особено, можно спојување со Албанија, што исто така предвизкува стравувања за стабилноста на Македонија.. Дали САД би поддржале таков потег, кој би бил вовед во некаква Голема Албанија? Брнз: Како во вообичаената дипломатска пракса, ќе се повикам на некои специфични прашања во врска со Косово,нека ми простат колегите во Приштина.Би го кажала следново во врска со ставовите на САДво поглед на Косово: Ние поддржуваме независно, мултиетничко Косово, суверено и мултиетничко Косово.И претседателот Бајден зборуваше за ова,ќе се осврнам на неговите коментари, тој рече дека со сеопфатен договор меѓу Косово и Србија мора да се зачувасувереноста на двете земји. Мислам дека тоа е конечниот став. Михајлоски: Значи нема да поддржите спојување на Косово и Албанија Брнз: Ние поддржуваме сеопфатен договор што ќе ја зачува сувереноста на двете земји. Ви благодарам многу. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Бизарно„Секоја минута се раѓа по една будала“- Италијанец изградил лажен амфитеатар, па на туристите им наплатувал по 600 евра за влез Италијанецот Франко Малосо е осуден на затворска казна откако изградил лажен антички театар во близина на Аркуњано, во северна Италија, претставувајќи го на туристите како антички грчко-римски локалитет.Малосо, познат и како Фон Розенфранк, го претставувал локалитетот речиси една деценија како антички археолошки локалитет откриен по свлечиште и наплаќал до 40 евра за обиколка на локалитетот од речиси 5.000 квадратни метри, објави Си-Ен-Ен. На посетителите надвор од градот им биле наплаќани 12 евра, а приватните групни тури чинеле дури 600 евра за 45 минути. „Идејата за тоа е луда... Претпоставувам дека секоја минута се раѓа по една будала, но верувам дека кога рекламирате нешто, луѓето мислат дека е вистинското“, изјави за Си-Ен-Ен Дариус Арја, археолог и режисер на емисијата „Антички Рим во живо“, нарекувајќи го планот на Малосо „ѓаволски“ и „ужасен“. Според судските документи, сепак, целиот комплекс е изграден во 21 век. Локалните градители ги направиле трибините и скалите од нов камен и цемент, додека столбовите и статуите биле вештачки обработени за да изгледаат антички. Малосо, според обвинителите, дури им наредил на работниците „да ја направат градбата да изгледа стара“. Лажниот амфитеатар се наоѓал во заштитеното подрачје на ридовите Беричи, место на светското наследство на УНЕСКО. Малосо, кој тврдел дека е законски претставник на сопственикот на земјиштето, компанија со седиште на Британските Девствени Острови, првично аплицирал за градежна дозвола за изградба на гаража, според судските документи, но наместо тоа, бил изграден цел комплекс со трибини, столбови, статуи и вештачки базен. Според доказите презентирани на судот, Малосо наводно организирал концерти и претстави во рамките на локацијата, која била позната под три имиња: Амфитеатар Берико, Амфитеатар Маритимо Берико и Амфитеатар Порта дели Анџели. Она што особено го привлече вниманието на истражителите беше тоа што објектот воопшто не бил амфитеатар, туку театар во облик на вентилатор. Исто така, се наоѓал на околу 80 километри од морето, иако едно од имињата го содржело зборот „Маритимо“. Експертите исто така велат дека тврдењата за грчкото потекло на објектот се очигледно неодржливи, бидејќи античките Грци не ја колонизирале областа околу Виченца. Малосо им кажал на туристите дека местото го посетиле Јулиј Цезар, Клеопатра и Јулија Капулет, измислен лик од Шекспировата драма „Ромео и Јулија“. Карабињерите од одделот за заштита на културното наследство ја откриле измамата во 2016 година. Според потполковникот Џузепе Марсела, предметот бил толку очигледно лажен што инспекцијата била завршена само за еден ден. „Од сите криминалци, фалсификаторите се најталентирани, бидејќи се способни да создаваат уметнички дела. Потоа, тука се и измамниците... Немам почит кон Малосо. Да го наречеш фалсификатор е навреда за фалсификаторите“, рече тој. Марсеља рече дека во неговите 25 години во полицијата, никогаш не видел или слушнал дека целиот археолошки локалитет е фалсификуван. Малосо беше осуден во 2019 година, а италијанскиот Врховен суд за касација ја потврди пресудата по неговата жалба. Тој моментално отслужува 28-месечна затворска казна, заедно со парична казна од 3.000 евра и дополнителни 3.500 евра за судски трошоци. Исто така, е наредено да се отстрани лажниот археолошки комплекс, но сè уште не е познато кога ќе се изврши работата. Локалната самоуправа изјави дека нема намера да користи јавни пари за да го отстрани. Според експертите, локацијата сега е претежно обрасната со вегетација. Доколку се отстрани, иронично, неговото рушење ќе мора да започне - со вистинско археолошко ископување, според американскиот телевизиски канал.Тагови: амфитеатар туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаСопственикот на OnlyFans пред смртта заработил 700 милиони долари Покојниот сопственик на платформата OnlyFans добил повеќе од 700 милиони долари дивиденда пред да почине од рак претходно оваа година. Британската компанија Fenix International, која стои зад платформата, објави во својот годишен извештај дека минатата година остварила профит пред оданочување од 714 милиони долари, што е раст од пет проценти во споредба со 2024 година, пишува BBC. Платформата нуди разновидна содржина базирана на претплата, од готвење до фитнес, но е најпозната по порнографијата. Се смета дека ја трансформирала индустријата за онлајн содржини за возрасни бидејќи овозможува директна врска помеѓу сексуалните работници и нивните претплатници. Финансиски резултати и сопственост Сопственикот Леонид Радвински, кој почина на 43-годишна возраст, ја купи страницата од британските основачи во 2018 година. Деловните резултати на Fenix International покажуваат дека компанијата исплатила 535 милиони долари дивиденда за деловната година што заврши на 30 ноември 2025 година. Во периодот до 26 март 2026 година, биле исплатени дополнителни дивиденди во износ од 174 милиони долари. Радвински, роден во Украина и израснат во САД, почина на 23 март. Компанијата сега е во сопственост на неговата вдовица, Екатерина „Кејти“ Чудновски. OnlyFans вработува само 47 луѓе, што е невообичаено за компанија со толку висок профит. За споредба, британскиот трговски синџир Marks and Spencer вработува повеќе од 65.000 луѓе, а минатата година оствари профит од 671 милион фунти. Растот, контроверзноста и регулацијата Популарноста на платформата драстично се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, а Радвински беше на годишната листа на милијардери на Forbes само три години подоцна. Веб-страницата работи со поврзување на автори и обожаватели преку преноси во живо, персонализирани пораки и директни фото и видео нарачки. Во замена за брокерска услуга, OnlyFans зема 20 проценти од сите плаќања. Во 2025 година, страницата имаше 132 милиони претплатници и 2,5 милиони активни автори. Брзиот раст под водство на Радвински, исто така, го привлече интересот на законодавците и регулаторите поради содржината за возрасни. Неодамнешен документарец на BBC Three изнесе обвинувања за експлоатација, принуда и насилство врз автори на OnlyFans. Во 2024 година, британскиот регулатор Ofcom започна истрага за тоа дали децата пристапуваат до порнографија, што компанијата потоа го припиша на технички проблем. Ofcom на крајот ја прекина истрагата, но ја казни компанијата со околу 1 милион фунти за тоа што не одговорила точно на барањата за информации за мерките за проверка на возраста на корисниците. Според правилата, корисниците мора да имаат најмалку 18 години. Самите автори, исто така, ги побија приказните дека правењето експлицитни видеа е начин за брзо и лесно заработување пари. Одговор на компанијата Извршната директорка на OnlyFans, Кејли Блер, изјави во вторникот дека компанијата им исплатила повеќе од 30 милијарди долари на авторите од нејзиното основање пред една деценија. „OnlyFans“ обезбедува реални можности за реални луѓе со создавање безбеден, регулиран простор каде што можат да ја монетизираат својата содржина со глобална база на обожаватели“, рече таа. „Како компанија со седиште во Велика Британија, ние исто така дадовме значаен придонес во економијата на Велика Британија, плаќајќи над 600 милиони фунти корпоративен данок од 2016 година до денес.“Тагови: OnlyFans Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГерманија депортира 23 Авганистанци, осудени за криминал и силувања Германија рано утрово депортира 23 Авганистанци во нивната матична земја со чартер лет до Кабул, објави германската новинска агенција ДПА.Германското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќето од депортираните биле криминалци осудени за сериозни кривични дела, вклучително и сексуален напад. Службеници на федералната полиција ги придружувале мажите на лет од аеродромот Лајпциг/Хале до Кабул, објави ДПА. По слична депортација кон крајот на јули, германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт изјави дека враќањето во Авганистан повеќе нема да биде ограничено само на криминалци и „поединци кои претставуваат закана“. Осудени за кривични дела и сексуални напади Тој рече дека наместо тоа, други лица на кои им е наредено да ја напуштат земјата ќе бидат депортирани веднаш, како што е договорено во коалицискиот договор. Во објава на социјалната платформа X, Добриндт напиша дека германското општество „има јасен интерес да обезбеди криминалците да ја напуштат“ Германија. Тој исто така додаде дека секој што нема дозвола за престој може да очекува да мора да ја напушти земјата. „Ние ја спроведуваме оваа политика доследно“, рече тој. Германија не ја признава владата на Талибанците, која ја презеде власта во Кабул пред пет години. Со помош на Катар, Германија пред две години ја организираше првата масовна депортација на авганистански криминалци во нивната матична земја.Тагови: Авганистанци Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook