„Трабант“ - автомобил што не му се предава на забот на историјата - Канал 5

„Трабант“ - автомобил што не му се предава на забот на историјата

Возилото „Трабант“ често важи за најлошиот автомобил во историјата на човештвото. Но, малото, енергично источногерманско возило, просто одбива „да изумре“, според познавачите.

„Трабант“ - автомобил што не му се предава на забот на историјата

Максималната брзина од 112 километри на час своевремено го направи предмет на потсмев во соседната Западна Германија, каде што брендови како „БМВ“ и „Мерцедес“ веќе доминираа на патиштата. Но, благодарение на група ентузијасти кои сè уште се посветени на реставрирање на стари модели, и денес сè повеќе „Трабанти“ се тркалаат на патиштата. Така, тие добиваат нова легија обожаватели. Според германскиот автомобилски клуб „KBA“, околу 40.800 „Трабанти“ се регистрирани во Германија. Пред околу 10 години, имало 33.000, се наведува.

Колекционерот Глен Кушан (58) има вкупно 23 „Трабанти“ во својата работилница за поправка на автомобили во јужен Берлин. Меѓу возилата има и бел модел којшто некогаш му припаѓал на неговиот татко и поминал повеќе од половина милион километри.

Првите „Трабанти“ се произведени во 1957 година, три години откако комунистичкиот режим во Источна Германија се зафати да создаде нов „автомобил за народот“. Трабантот е произведен во градот Цвикау, во тогашната Германска Демократска Република.

Последниот, розов „Трабант“ е произведен во 1991 година.

Денес, посетителите на Музејот „Трабант“ во Берлин може да погледнат колекција од 20 такви мали автомобили, и луѓето плаќаат за да ги разгледаат најпознатите комунистички знаменитости околу тоа возило. Томас Шмит (49), кој работи во музејот како туристички возач, рече дека „практично пораснал во 'Трабант',“ и сега го гледа овој автомобилот како дел од својот идентитет.

- Тоа е едно мало тркачко возило на долги патеки. Може да направи сè, неуништливо е. И, ако се расипе, убаво е што може сами да го поправите поради едноставната технологија. Луѓето велеа: Ако имате чекан, клешти и малку жица, можете да стигнете до Ленинград со Трабант, рече тој.

YouTube video

И покрај своите недостатоци, автомобилот остана симбол на секојдневниот живот во Источна Германија, пофален за својот необичен дизајн и издржливост. А очигледно, го преживеа и падот на Берлинскиот ѕид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер